Ниверо

село во Нигритско, Егејска Македонија

Ниверо или Ниверос (грчки: Ίβηρα, Ивира) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 468 жители (2021).

Ниверо
Ίβηρα
Ниверо is located in Грција
Ниверо
Ниверо
Местоположба во областа
Ниверо во рамките на Визалтија (општина)
Ниверо
Местоположба на Ниверо во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54′N 23°42′E / 40.900° СГШ; 23.700° ИГД / 40.900; 23.700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаЧеркезќој
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно468
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се ноаѓа во Серско Поле, околу 17 км југоисточно од гратчето Нигрита, крај патот што води од Нигрита до Струмскиот Залив, на надморска височина од 60 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

За време на османлиско владеење селото било чифлик на светогорскиот манастир Ивирон, поради што било познато и под името Грузиски Метох.[2]

Во XIX век Ниверо било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ивиро (Iviro) имало 18 домаќинства со 15 жители муслимани и 40 жители Грци.[3]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Ниверо, чифлик на светогорскиот манастир Ивер; на 8 12 часа југоисточно од Сер; 12 грчки куќи, 8 македонски. Грчка црква.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ниверо имало 80 жители Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Невирос имало 150 Грци.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело само 4 машки жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 50 лица. Во 1923 г. во Ниверо се доведени 187 бегалски семејства (вкупно 790 бегалци).[2]

Стопанство

уреди

Селото е богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат и по две реколти годишно. Населението произведува големи количини на памук и други индустриски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.090 1.213 1.178 904 952 891 813 615 468
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1926 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 21,7 квадратен километар.[2] Општината Ниверо била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ниверо, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Личности

уреди

Родени во Ниверо

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 238.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 847.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.