Непријателска архитектура
Непријателска архитектура[б 1] ― стратегија за урбан дизајн што користи елементи од изградената средина за намерно да го насочува однесувањето. Таа често ги цели луѓето кои користат или се потпираат на јавниот простор повеќе од другите, како што се младите, сиромашните луѓе и бездомниците, со ограничување на физичкото однесување во кое можат да се вклучат.[1]
Поимот „непријателска архитектура“ често е поврзува со предмети како „шилци против бездомници“ - столпчиња вградени во рамни површини за да го направат спиењето на нив непријатно и непрактично. Овој облик на архитектура најчесто е среќавана во густо населените и урбаните области.[2][3] Други мерки вклучуваат коси прозорски прагови за да биде запрено луѓето да седат; клупи со потпирачи за раце поставени за да ги запрат луѓето што лежат на нив; прскалки со вода кои наизменично прскаат; и јавни корпи за отпадоци со незгодно мали усти за да биде спречено ставање гломазен отпад.[4] Непријателската архитектура е користена и за одвраќање на скејтбординг, возење велосипеди, лизгање, фрлање ѓубре, бегање, јавно мокрење,[5] и прекршување, и како облик на контрола на штетници.[6]
Заднина
уредиИако поимот „непријателска архитектура“ е неодамнешен, употребата на градежништвото за да биде постигнато општествено инженерство не е: претходниците вклучуваат одбивачи на урина од 19 век и урбанистичко планирање во Соединетите Држави дизајнирани за сегрегација.[7][8][9] Урбанистичкиот планирач од Соединетите Држави, Роберт Мозес дизајнирал дел од патот „Саутерн Стејт“ во Лонг Ајленд со ниски камени мостови за автобусите да не можат да минуваат под нив. Ова им отежнало на луѓето кои се потпирале на јавен превоз, главно црнците, да ја посетат плажата што можеа да ја посетат побогатите сопственици на автомобили.[10][11] Надвор од Соединетите Држави, промената на дизајнот на јавниот простор за целите на социјалната контрола, исто така, има историски преседан: тесните улички во Париз, Франција од 19 век биле проширени за да им помогнат на војската да ги прекинува протестите.[12]
Неговиот современ дизајн е изведен од дизајнерската филозофија спречување злосторство преку дизајн на животната средина (СЗПДЖС), која има за цел да ги спречи злосторствата или да ја заштити сопственоста преку три стратегии: природен надзор, природна контрола на пристап и територијално спроведување.[13] Според стручњаците, исклучувачкиот дизајн станува сè почест, не само во големите градови како Стокхолм.[14][15][16]
Во согласност со широката примена на насоките за одбранбен простор во 1970-тите, повеќето применувања на СЗПДЖС од 2004 година, биле засновани само на теоријата дека правилниот дизајн и ефективната употреба на изградената средина може да ги намали злосторствата, да го намали стравот од злосторства и да го подобри квалитетот на животот. Вградените примени на СЗПДЖС се обидуваат да ги одвратат престапниците од извршување на кривични дела преку манипулирање со изградената средина во која тие злосторства се одвиваат или се случуваат. Шесте главни концепти според Мофат се територијалност, надзор, контрола на пристап, отсликување/одржување, поддршка на активности и стврднување на целта. Примената на сите овие стратегии е клучна кога има обид за спречување на злосторството во кое било соседство, без разлика дали е опфатено со злосторство или не.[17]
Надвор од СЗПДЖС, истражувањата од изучувачите исто така откриле дека современите капиталистички градови имаат свој интерес да ги отстранат знаците на бездомништво од нивните заеднички простори, плашејќи се дека тоа може да ги обесхрабри влоговите од побогатите поединци.[18] Во Англија, голем дел од нивната непријателска архитектура е припишувана на желбата на владата да се бори против противопштествената улична сцена, во облик на просење и пиење на улица.[19]
Недостаток на свест
уредиМногу примени на непријателската архитектура се дизајнирани да изгледаат незабележливи за јавноста, а отсуството на седење, бањи или сенка може да биде искористи за да биде спречено собирање на целните групи на население во областа.[20][21]
Идентификување на непријателска архитектура
уредиНекои облици на непријателска архитектура лесно се идентификувани, додека други би можеле да се толкувани како исклучувачки или неисклучувачки, како што се распоредени еднини столчиња конструирани на едно игралиште во Шведска, кои може да изгледаат намерно дизајнирани да го одвратат спиењето на бездомниците, или како признание дека Швеѓаните сметаат дека е неучтиво да седат во близина на странци.[22] Некои истражувачи рекле дека непријателската архитектура треба да биде оценувана во поширокиот контекст на заедницата и треба да ги препознае општествените и политичките сили кои мотивираат одреден избор на дизајн, како што се законодавството против бездомништвото или чувствата.[20]
Примени
уредиСредства за одвраќање логори
уредиВо Сиетл, Вашингтон, Соединетите Држави, градската управа поставила паркинг за велосипеди за да ги спречи бездомниците да логоруваат.[23][24]
Од 2013 година, Одделот за сообраќај на Орегон во Орегон, Соединетите Држави распореди големи камења на осум места кои биле место на минливи логори во Портланд. Овие камења биле поставени за да се спречи незаконско логорување во близина на автопатите.[25]
Огради или решетки
уредиОградите или решетките се вообичаен облик на исклучен дизајн, често се користи за да се спречи пристапот до местата каде што има заштита од елементите, на пример под скали, мостови или во близина на системи за вентилатори кои испуштаат топол воздух.[27][28][29]
Во пролетта 2015 година, градот Стокхолм, Шведска, подигнал ограда за да ги спречи бездомниците да бараат засолниште под скалите во Кунгсхолмен.[27]
Средства за спречување на спиење
уредиВо многу големи градови, на пример Токио и Лондон, се дизајнирани клупи за да ги спречат луѓето да спијат на нив. Овие клупи се конструирани така што седиштето се наклонува под агол, што бара од корисникот целосно да се потпира со своите стапала; таквите клупи се насекаде на автобуските постојки низ Обединетото Кралство.[30] Друг дизајн за одвраќање е да вклучи потпирачи за раце поставени во средината на клупата, спречувајќи го корисникот да легне преку седиштата.[31]
Советот на Општина Камден во Лондон пушти во употреба клупи од бетонски блокови (наречени „ Камденски клупи“) дизајнирани да ги обесхрабрат употребата како што се спиење, скејтборд и ставање налепници.[7][32] Постојат и други варијанти, во кои разликите во нивоата се отсутни, но тие имаат тежнење да бидат или прекратки за да лежат, или имаат железни цевки поставени на две третини од патот или повеќе потпирачи за раце по целата должина на клупата.[33] Ваквите клупи се вообичаени на аеродромите.[34]
Кога Градскиот тунел во Малме, Шведска, бил отворен во 2010 година, дизајнот на клупите на новите железнички перони бил пријавен до Народниот правобранител за еднаквост бидејќи клупите биле толку многу навалени што било тешко до невозможно да се бидат користени за седење.[35][36] Шведското државно претпријатие за недвижности Јернхусен исто така користела таканаречени клупи „против бездомници“ на железничката станица во Лулео, со седум железни шипки на 47 цм интервали по клупа.[37][38] Службеникот за печат на Јернхусен тврдел дека тие „ги ставаат потпирачите за раце првенствено за да им олеснат на постарите и инвалидите да седат и да станат“, но во едно интервју призна дека согледаните проблеми со уредноста во зградата на станицата влијаеле на тоа како биле дизајнирани клупите.[37] Друг пример на претпријатие што поставила такви клупи е „Берлинско сообраќајно претпријатие“ (германски: Berliner Verkehrsbetriebe, месното берлинско претпријатие за јавен превоз.[39][40]
Некои примери на средства за спречување на спиење имаат облик на привремени промени на зградите. Пример за ова било во зградата на Ливерпул, претходно седиште на Банката на Англија, во декември 2016 година. Над скалите ноќе била поставувана сина закосена челична конструкција прекриена со масло, за да не останат таму бездомниците кои порано спиеле и одморале на скалите.[41][42]
Шилци
уредиНепријателската архитектура може да биде како шила, испакнатини или други видови зашилени структури. Тие обично се поставувани на издаденостите надвор од зградите, под покриви или други места каде луѓето бараат одмор или засолниште, а исто така и околу продавници.[43][44][45][46] Претпријатието за управување со имот „Јернхусен“ користи варијанта со поставување на цевки наместо шила на неколку места на Централната станица во Стокхолм.[14][47] Во 2014 година, на интернет кружеле слики од место во Лондон каде што порано спиејажжле бездомници. Теренот бил опремен со остри шила насочени нагоре за да се ослободат од луѓето кои порано спиеле таму, но по големите протести, шилците против бездомниците биле отстранети.[48] Постојат, исто така, шила против бездомниците кои се наменети да обезбедат луѓето, на пример, да не седат до ѕидот на куќата или да стојат на одредено место.[1] Тешко е соодветно да биде проценето колку различни видови постојат, но сигурно е дека има многу видови на феноменот, вклучително и расцепени тули кои прават пукнатини, разни облици на свиткани метални цевки и плочи заварени нагоре за да прават шила.[49][50][51] Поранешниот премиер на Обединетото Кралство, Борис Џонсон ги нарекол шилците „глупави“.[52]
Безбедносни камери
уредиЕдна од најчестите облици на непријателска архитектура има облик на надзор. Навистина, иако безбедносните камери физички не ги спречуваат луѓето да бидат вклучени во одредени однесувања, тие можат да ги ограничат дејствијата на јавни места преку овозможување далечински надзор и зголемување на стравот од одмазда за општествени табу-дејства.[20] Во градовите како Синсинати, забележано е нагло зголемување на бројот на авни места од 1990-тите.[53]
Непријателска архитектура како уметност или украс
уредиОвој вид на одбивачки дизајн може да вклучува, на пример, прикажување на голема саксија каде што бездомниците претходно го користеле тротоарот за да спијат. Други примери што се случија вклучуваат камен обоен во бои на виножитото, ставање блокирачки грмушки на тротоар и седење во „забавен“ облик.[50][54][55]
Музика и бучава
уредиВо Шведска, звучниците во Финспонг пуштаат музика за да ги натераат зависниците да напуштат одредени места. Во Обединетото Кралство и Германија се поставени таканаречени уреди против лутање (види комарец (аларм)) за да биде осигурано дека младите нема да останат на местата каде што се поставени апаратите.[56][57][58] Уредите работат така што емитуваат монотон звук со толку висока честота што повеќето луѓе по адолесценцијата ја губат способноста да го слушнат.[59] Критичарите изјавиле дека уредите претставуваат кршење на човековите права и исто така коментираат дека феноменот би создал „опасен јаз“ меѓу младите кои се изложени на него и постарите луѓе кои можат да го избегнат.[60][61] Во Германија, класичната музика е користена во обид да бидат оддалечени корисниците на дрога.[62] Во Берлин, планот за користење атонална музика на станиците на уличниот јавен превоз, бил повлечен по критиките.[63]
Отстранување
уредиПонекогаш исклучувачкиот дизајн не е за додавање функции, туку за нивно одземање. Фредрик Един, кој има напишано книга за исклучен дизајн, вели дека отстранувањето е најчестиот вид на исклучен дизајн, каде што, на пример, клупите што ги користи јавноста се отстранувани токму затоа што ги користи јавноста.[65][66][67] Еден пример е кога претставниците на њујоршкото метро објавиле преку друштвените мрежи во 2021 година дека „клупите се отстранети од станиците за да бидат спречени бездомниците да спијат на нив“. Агенцијата подоцна соопштила дека твитот бил грешка.[68][69][70] Клупите на одредени места на централната станица во Стокхолм биле отстранети во 2015 година во корист на столовите, а клупите биле отстранети и на железничката станица во Лулео. Нивниот службеник за печат изјавил дека имале проблеми со станицата да биде користена како засолниште за затоплување.[38] Многу јавни тоалети почнале да бидат отстрануваат во Обединетото Кралство на места кои се сметани за неуредни.[41]
Прскалки
уредиПрскалки може да бидат најдени во области каде што шилците се сметани за премногу трајно решение; ова решение вклучува прскање со вода на оние кои престојуваат на одредено место во одредено време.[27][38][71][72][73][74] Во Нов Зеланд, градскиот советник на Окленд, Кети Кејси, ги опишала прскалките што ги користат бизнисите во градот како „нечовечки“.[75]
Книжарницата Strand Bookstore во Њујорк користела таков систем во 2013 година за да ги одврати бездомниците кои спијат надвор од продавницата навечер.[76] Аукциската куќа Бонхамс во Сан Франциско била критикувана за надворешен систем за прскалки за кој тврделе дека бил користен за чистење на „згради и периметарски тротоари за време на неработни часови наизменично во период од 48 часа“, и кој исто така беше точка каде што се собирале бездомниците.[77]
Јавен прием
уредиСпротивставувањето на непријателската архитектура во урбаниот дизајн наведува дека таквата архитектура ги прави јавните простори непријателски кон сите луѓе и особено цели кон минливите и бездомните групи на население.[78] Поддржувачите велат дека јасното воспоставување чувство на сопственост над просторот помага да биде одржан редот и безбедноста и да биде спречен злосторништвото и несаканите однесувања.[79]
Во 2018 година, британскиот уметник Стјуарт Семпл создал кампања за подигање на јавната свест на друштвените мрежи, охрабрувајќи ја јавноста да става налепници за идентификување на случаи на непријателски дизајн во нивната околина.[80][81][82]
Примерите на непријателска архитектура што циркулираат во медиумите во Обединетото Кралсто, довеле до негативен прием. Сепак, видовите на непријателска архитектура се зголемиле. На пример, Стоковната куќа „Selfridges“ во Манчестер поставила метални шила надвор од нивната продавница со цел да го намали „ѓубрето и пушењето“, што наведува дека непријателската архитектура може да биде вмешана од една причина, но објаснета со друга.[45]
Уметнички одговор
уреди- Во 2001 година, Нилс Норман ја објавил книгата The Contemporary Picturesque, која содржи фотографии што тој ги направил со исклучителен дизајн од 1990-тите.[83]
- Во 2003 година, двајца парижани, Стефан Аржиле и Жил Пате, го снимиле филмот „Факировиот одмор“ („Le repos du fakir“), што ги прикажува како се обидуваат да се одморат на разни предмети што го одликуваат исклучителниот дизајн во Париз.[84]
- Во 2005 година, уметничката и истражувачка од Соединетите Држави, Сара Рос документирала исклучен дизајн во Лос Анџелес во нејзината серија „Отпорност за тестирање на конфигурации на телото“. Нејзиното следење од 2006 година, Archisuits, создаде облека која е дизајнирана да работи со исклучителен дизајн - да го овозможи спиењето.[85][86]
- Во 2013–2014 година, била одржана поставка во Норсхепинг, Шведска, наречена „Модифицирани општествени клупи“ од данскиот уметник Јепе Хајн.[87][88]
- Во 2015 година, уметникот и архитект Јохана Ненандер го привлекла вниманието на феноменот преку нејзиниот проект „Урбана протестер“, во кои таа поставила седење кое било намерно поставено за да биде тешко да се седне. Неколку дена, лимот на кој било невозможно да биде седнато, станал клупа за јавноста.[89]
- Во 2018 година, британскиот уметник Стјуарт Семпл создал платформа за друштвени медиуми за да ја охрабри јавноста да поставува налепници за идентификација каде што забележале исклучувачки дизајни на јавни места.[82][90][91][92][93]
Тактички одговор
уредиЧестопати како дел од поголема шема на тактички урбанизам, некои противници на непријателската архитектура реагирале директно на тоа за да ги поткопаат нејзините наменети ефекти. Онаму каде што јавните места се отсутни или несоодветни, некои самите изградиле и поставиле седишта во чин наречен „столско бомбардирање“.[94] Други ги отстраниле или вандализирале шилците и потпирачите за раце против бездомниците во знак на протест против законодавството против бездомниците.[95][96]
Влијанија на непријателската архитектура
уредиСогласно март 2020 година, немало емпириска студија од широк размер што го мери влијанието на непријателската архитектура врз благосостојбата на бездомниците или другите целени групи на население.[20] Некои членови на заедницата на бездомници во Англија, интервјуирани од истражувачите, забележале дека непријателскиот дизајн придонесува за нивното раселување и чувството на безначајност, бидејќи се чини дека месните деловни интереси се приоритетни пред нивниот опстанок.[19]
Галерија
уреди-
Додадени шилци околу фонтаната во Владиниот центар, Мајами, во 2011 година во средиштето на градот.
-
Запирачи на скејтбордови.
-
Боцки на парапет во Бостон, за да биде спречено спиење или седење.
-
Шилест парапет, спречувајќи ги корисниците да се лизгаат надолу.
-
Боцки на подот во Шоредич, Лондон, Обединетото Кралство, создадено да ги пречат луѓето да спијат на земја.
Поврзано
уреди- Страшна архитектура
- Плочи против преминување, шилести гумени и дрвени душеци наменети да го обесхрабрат преминувањето на или во близина на шини.
- Боцки за контрола на птици
- Одбранлива теорија на просторот
- Одбранбен дизајн
- Функционализам
- Јавен простор во приватна сопственост
- Нов урбанизам
- Урбана виталност
- Природен надзор
Забелешки
уреди- ↑ Исто така позната како одбранбена архитектура, непријателски дизајн, непријатен дизајн, исклучувачки дизајн, архитектура против бездомници, или одбранбен урбан дизајн.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Chellew, Cara (2019). „Defending Suburbia: Exploring the use of defensive urban design outside of the city centre“. Canadian Journal of Urban Research. 28: 19–33. Архивирано од изворникот на 2019-07-22. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Omidi, Maryam (12 јуни 2014). „Anti-homeless spikes are just the latest in 'defensive urban architecture'“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 31 мај 2020. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Andreou, Alex (18 февруари 2015). „Anti-homeless spikes: 'Sleeping rough opened my eyes to the city's barbed cruelty'“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 19 април 2020. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Quinn, Ben (13 јуни 2014). „Anti-homeless spikes are part of a wider phenomenon of 'hostile architecture'“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 7 мај 2020. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Morris, Hugh (2016-02-04). „Anti-pee paint: San Francisco's walls fight back“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Andrea Lo (7 декември 2017). „The debate: Is hostile architecture designing people -- and nature -- out of cities?“. CNN (англиски). Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 7,0 7,1 Swain, Frank (2 декември 2013). „Secret city design tricks manipulate your behaviour“. BBC. Архивирано од изворникот на 26 јуни 2019. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Lee, Jackson (23 July 2013). „Urine Deflectors in Fleet Street“. The Cat's Meat Shop. Архивирано од изворникот на 6 October 2013. Посетено на 23 February 2014.
- ↑ „Architectural Exclusion: Discrimination and Segregation Through Physical Design of the Built Environment“. Yale Law Journal. 124 (6): 1836–2201. 2015. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 2022-01-27.
- ↑ Swain, Frank. „Secret city design tricks manipulate your behaviour“. www.bbc.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „The True Measure of Robert Moses (and His Racist Bridges)“. Bloomberg.com (англиски). 2017-07-09. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ (Thesis). Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Chellew, Cara (2016). „Design Paranoia“. Ontario Planning Journal. 31. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024 – преку ResearchGate.
- ↑ 14,0 14,1 „Designen som ska hålla hemlösa borta“. DN.SE (шведски). 2015-04-07. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Smith, Naomi; Walters, Peter (2017-10-25). „Desire lines and defensive architecture in modern urban environments“. Urban Studies. 55 (13): 2980–2995. doi:10.1177/0042098017732690. ISSN 0042-0980. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Stockholm. стр. 42. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Wilson, Paul (1989). Designing Out Crime. Australian Institute of Criminology. стр. 23.
- ↑ Gerrard, Jessica; Farrugia, David (септември 2015). „The 'lamentable sight' of homelessness and the society of the spectacle“. Urban Studies (англиски). 52 (12): 2219–2233. Bibcode:2015UrbSt..52.2219G. doi:10.1177/0042098014542135. ISSN 0042-0980.
- ↑ 19,0 19,1 Johnsen, Sarah; Fitzpatrick, Suzanne; Watts, Beth (2018-10-03). „Homelessness and social control: a typology“. Housing Studies. 33 (7): 1106–1126. doi:10.1080/02673037.2017.1421912. ISSN 0267-3037.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 Rosenberger, Robert (март 2020). „On hostile design: Theoretical and empirical prospects“. Urban Studies (англиски). 57 (4): 883–893. Bibcode:2020UrbSt..57..883R. doi:10.1177/0042098019853778. ISSN 0042-0980.
- ↑ Kelter, Sammy. “In Plain Sight: Hostile Architecture.” Medium, 31 јануари 2022, medium.com/@sammykeltersami/in-plain-sight-hostile-architecture-6430a7cb915d. Пристапено на 9 јуни 2024.
- ↑ de Fine Licht, Karl (февруари 2021). „"Hostile architecture" and its confederates: A conceptual framework for how we should perceive our cities and the objects in them“. Canadian Journal on Urban Research.
- ↑ Groover, Heidi (19 декември 2017). „Seattle Uses Bike Racks to Discourage Homeless Camping“. The Stranger. Архивирано од изворникот на 22 November 2019. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „New anti-homeless architecture: Seattle uses bike racks to block rough sleepers“. The Guardian (англиски). 2018-01-24. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Kruzman, Diana (2019-07-04). „Portland's homeless campers face new obstacle: piles of boulders“. oregonlive (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-07-24. Посетено на 9 јуни 2024.
The boulders are a form of hostile architecture or defensive design
- ↑ „Staket för 200.000 ska hålla hemlösa borta“. DN.SE (шведски). 2015-03-23. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 27,0 27,1 27,2 Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Стокхолм. стр. 20. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „ZEIT ONLINE | Lesen Sie zeit.de mit Werbung oder im PUR-Abo. Sie haben die Wahl“. www.zeit.de. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Schneider, Jens (28 септември 2011). „St. Pauli hält Obdachlose mit Zaun auf Distanz“. Süddeutsche Zeitung (германски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „The cornucopia of anti-homeless sleeping design“. BBC News (англиски). 2014-06-09. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 9 јуни 2024.
Look at the design of bus stop seats in the UK. They typically prevent anyone from sleeping. One of the most common designs is a narrow plastic bench with a pronounced slope. A sleeper would roll off.
- ↑ Bell, Kim (2013-12-18). „Metro's bench dividers at bus shelters seen by some as slap at homeless“. St. Louis Post-Dispatch. Архивирано од изворникот на 2014-08-22. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „The Camden Bench“. Ian Visits. 2 декември 2016. Архивирано од изворникот на 7 јануари 2021. Посетено на 4 January 2021.
- ↑ Waters, Carlos (2017-12-01). „Why cities are full of uncomfortable benches“. Vox (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Obekväm design motar bort oönskade från städerna“. Dagens Nyheter (шведски). 2014-11-30. ISSN 1101-2447. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Exkluderande arkitektur påverkar hela samhället negativt“. Sveriges Arkitekter (шведски). 8 јануари 2024. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Стокхолм. стр. 16. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 2022-01-27.
- ↑ 37,0 37,1 Nyberg, Micke; Isberg, Catharina (2015-03-12). „Här är det förbjudet att ligga ner“. SVT Nyheter (шведски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 38,0 38,1 38,2 Gitz, Randi; Haupt, Inger (2014-02-26). „Här är järnvägsstationen med enbart ståplats“. SVT Nyheter (шведски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Wagner, Jonas. „Kein Platz für Obdachlose (nd-aktuell.de)“. www.nd-aktuell.de (германски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Krieg, Claudia. „Menschen statt Bänke schützen (nd-aktuell.de)“. www.nd-aktuell.de (германски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 41,0 41,1 Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Stockholm. стр. 23–24. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „'Anti-homeless' slope put in doorway“. BBC News (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Dum, Christopher P. (2016). Exiled in America : life on the margins in a residential motel. Њујорк. стр. 222. ISBN 978-0-231-54239-5. OCLC 958066095. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 45,0 45,1 „Defensive architecture: keeping poverty unseen and deflecting our guilt“. The Guardian (англиски). 2015-02-18. Архивирано од изворникот на 2015-02-20. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Kim, Elizabeth (2019-08-14). „A Field Guide To The 'Weapons' Of Hostile Architecture In NYC“. Gothamist (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-08-14. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „"Exkluderande design" vid Centralen tar bort sovplatser“. DN.SE (шведски). 2015-03-27. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Стокхолм. стр. 18. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Photos of the Most Egregious 'Anti-Homeless' Architecture“. www.vice.com (англиски). 25 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 50,0 50,1 „15 Examples of 'Anti-Homeless' Hostile Architecture That You Probably Never Noticed Before“. interestingengineering.com (англиски). 2020-11-22. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Vancouver's 'defensive architecture' is hostile to homeless, say critics“. Vancouver Is Awesome (англиски). 24 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Activists Pour Concrete on Store's 'Anti-Homeless' Spikes, Win“. www.boston.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ C., Hurley, David (2002). Closed circuit television : the Cincinnati experience. University of Cincinnati. OCLC 52100550.
- ↑ Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Stockholm. стр. 21. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „'Hostile design' makes Calgary an unwelcoming modern city, says architect“. CBC/Radio Canada. Архивирано од изворникот на 2021-07-17.
- ↑ Snis, Alva (2016-11-28). „Kritiserat pipljud i Tensta avstängt under helgen“. Sveriges Radio (шведски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „#defensiveTO | Light + Sound“. defensiveto (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Raue kämpft mit Piepton gegen Jugendliche“. MAZ - Märkische Allgemeine (германски). 19 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Education.com. „Sonic Science: The High-Frequency Hearing Test“. Scientific American (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-10-24. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „High-pitched 'anti-loitering' devices targeting young people breaches human rights: advocates“. ABC News (англиски). 2018-10-11. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Kirk, Tracy (4 август 2017). „The use of sonic 'anti-loitering' devices is breaching teenagers' human rights“. The Conversation (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Pergande, Frank; Hamburg. „Brennpunkt Hauptbahnhof: Klassische Musik gegen Drogenkonsum“. FAZ.NET (германски). ISSN 0174-4909. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Benjes, Lisa (2018-08-31). „'Art shouldn't be weaponised': the atonal concert championing Berlin's homeless“. The Guardian (англиски). Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Murphy, Tim (3 јануари 2023). „Monster of 2022: Moynihan Train Hall and the hostile architecture ethos“. Mother Jones. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2018-09-05). „Den vanligaste formen av exkluderande design“. Skumrask (шведски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Muraca, Frank (2018-01-09). „Excluding Fast and Slow: Charlottesville's Long Battle over Public Space“. Metropolitics (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Stockholm. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „NYC Transit blasted for tweeting that subway station benches were removed to deter homeless“. New York Post (англиски). 2021-02-06. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Perrett, Connor. „The New York City MTA sparked backlash for saying it removed benches from subway stations to 'prevent the homeless from sleeping on them'“. Business Insider (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Goldbaum, Christina (2021-02-08). „The Subway Was Their Refuge on Cold Nights. Now It's Off-Limits“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „The growth of hostile architecture: how developments in urban design are exacerbating social injustice“. A-id. Архивирано од изворникот на 2021-04-16.
- ↑ „The Creative and Cruel Ways People Make Life Hell for the Homeless“. www.vice.com (англиски). 19 July 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Bristol tanning salon installs sprinklers to stop homeless people from sleeping outside“. The Independent (англиски). 2018-02-01. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Salon criticised over anti-homeless water sprinklers“. BBC News (англиски). 2018-01-30. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Anti-homeless sprinkler systems 'inhumane'“. RNZ (англиски). 2017-05-05. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Strand Bookstore 'uses sprinklers to evict homeless'“. New York Post (англиски). 2013-11-14. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Luxury auction house under fire after sprinkler system douses homeless“. The Guardian (англиски). 2016-06-10. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Hu, Winnie (8 ноември 2019). „'Hostile Architecture': How Public Spaces Keep the Public Out“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на September 3, 2020. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ O’Shea, Linda S. Awwad-Rafferty, Rula. Design and Security in the built environment. Fairchild Books inc. 2009. ISBN 978-1-56367-497-6. Pp 27.
- ↑ Wallace, Elizabeth (21 март 2018). „What's Behind the Uptick in Hostile Architecture?“. Architectural Digest (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-08-10. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Stuart Semple launches campaign to eradicate 'hostile design' around the world“. theartnewspaper.com. 31 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ 82,0 82,1 Voon, Claire (2018-02-01). „Artist Launches Campaign to Call Out Hostile Urban Design“. Hyperallergic (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-08-17. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Hohenadel, Kristin (2014-06-12). „Are Anti-Homeless Sidewalk Spikes Immoral?“. Slate Magazine (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Interventions urbaines, Gilles Paté“. gilfakir.com. Архивирано од изворникот на 2022-01-14. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „/\SARAH ROSS/\“. www.insecurespaces.net. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „The Arsenal of Exclusion & Inclusion“. www.interboropartners.com. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ S, Ann-Charlotte; Elin | (2013-06-12). „Besvärliga bänkar berättar om livet (reportage)“. KULTURSIDAN.nu (шведски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2015-01-21). „Exkluderande design: konst i Norrköping“. Skumrask (шведски). Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Edin, Fredrik (2017). Exkluderande design (шведски). Stockholm. стр. 70. ISBN 978-91-87777-28-8. OCLC 1045613015. Архивирано од изворникот на 2022-02-19. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Hostile Architecture: 'Design Crimes' Campaign Gets Bars Removed from Benches“. 99% Invisible (англиски). 9 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Stuart Semple launches campaign to eradicate 'hostile design' around the world“. The Art Newspaper - International art news and events. 2018-01-31. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „hostiledesign“. hostiledesign (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-03-02. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ Hu, Winnie (2019-11-08). „How We Searched for Hostile Architecture in New York“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „chair bombing - popupinfrastructure“. cargocollective.com (англиски). Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ MacNeill, Arianna. „'Hostile architecture': A group wanted for removing armrests from MBTA benches says they're helping the homeless“. www.boston.com (англиски). Посетено на 9 јуни 2024.
- ↑ „Victory As Tesco Abandons Anti-Homeless Spikes After Concrete Vandalism“. HuffPost UK (англиски). 2014-06-12. Посетено на 9 јуни 2024.
Надворешни врски
уреди„Непријателска архитектура“ на Ризницата ? |
- Кара Челју, Bars, barriers and ghost amenities: Defensive urban design in Toronto Torontoist.
- Лојд Алтер, Hostile design doesn't work for any age group Mother Nature Network.
- Кара Челју, Defensive Inequalities Spacing Magazine.
- „When Design Is Hostile On Purpose“. Popsci. 28 јули 2016. Посетено на 9 јуни 2024.
- HostileDesign.org, почетна страница на проектот на кампањата за налепници на Стјуарт Семпл.