Нов урбанизам
Нов Урбанизам е движење од областа на урбаниот дизајн чија централна тема е создавање на населби (соседства) кои се компактни, во кои има мешовито користење на земјиштето, во кои основните човечки потреби можат да се извршат на пешачко растојание. Движењето на Новиот Урбанизам се појавува во 1980-тите години во САД, како револт кон модернистичкиот приод во урбанистичкото планирање.
Традиционално, сите населени места изградени од човекот биле компактни, со релативно голема густина на населението, и биле планирани на тој начин што било возможно сите активности да се извршат на пешачко растојание. Тие исто така се каркатеризирале со мешовита намена на земјиштето (на пример, продавницире, занаетите, пазарите биле во непосредна близина на местата каде што луѓето станувале.
Во многу држави (особено во прекуокеанските држави како САД, Австралија и Јужна Африка), модернистичката теорија на планирањето со совојата фукционалност довела до создавање на населени места кои биле монофукционални, просторно сегрегирани едни од други и просторно стерилни[1] (на пр. станбените зони се одделени од трговските зони, здравствените објекти се одделени од другите трговски објекти и др). Дури и за најосновни потреби како купување на намирници или посета на лекар, огромниот дел од граѓаните во големите градови во САД требало да користат автомобил како превозно средство.
Монофункционалниот карактер на населените места во САД довеле не само до тотална зависност од автомобилски превоз[2] дури и за наједноставни активности кои на многу други места се извршуваат на пешачко растојание, туку и создаваат чувство на отуѓеност и социјална изолација и апатија.
Друг проблем поврзан со урбаната форма на прекуокенаските држави е феноменот на ексурбанизација. Почнувајќи од крајот на 40. и почетокот на 50., повеќето од половина од населението на држави како САД и Канада се сели во предградија надвор од границите на градот. Овој процес во втората половина на 20. век конзумира огромни пространства со обработлива почва и зелени површини, притоа екстремно расширувајќи ја инфраструктурата на градот, конзумира и огромни средства за нејзино сервисирање како и за обезбедување на растечките потреби за нови јавни иституции и комунални сервиси во новите предградија.[3]
Овие нови предградија кои се резултат од ексурбанизацијата се исклучиво со екстремно мала густина и монофукнкционални, што води до екстремна зависност од автомобилски сообраќај заради неодржливоста на јавни транспортни системи заради слабата густина на населеност.[2] Како резултат од сето тоа масивните застои во собраќајот се секојдневна слика во големите градови во САД.
Како резултат од сообраќајниот хаос во огромните градови Северна Америка, Австралија и други држави како и заради растечките економски, социјални и проблеми со животната средина поврзани со монофункционалниот карактер на модернистичкиот урбанизам, во почетокот на 90.години во САД се зародува движењето за Нов Урбанизам. Почетоците на движењето на Новиот Урбанизам се поврзуваат со имињата Леон Криер, Кристофер Александер и Андес Двејни. Ова движење кулинира во 1993 година со формирањето на Конгресот за Нов Урбанизам.
Принципите на Новиот Урбанизам предвидуваат дизајнирање на населени места кои се компактни (кои имаат релативно голема густина на домаќинства на територија на еден хектар), во кои доминираат пешачки зони но кои во исто време се во баланс со јавен транспорт и со автомобилски сообраќај (стимулирање на транзитно ориентиран развој - населби во чиј центар е ситуиран важен сообраќаен јазол). Овие нови населби се предвидени да бидат мултифункционални, т.е. трговските активности, канцелариите како и услужните дејности да се интегррани во станбените зони, што би резултирало во намалување на зависноста од автомобилите како превозно средство и би придонело до создавање на чувство на припадност во заедница.[4]
Поврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ Guidelines for Human Settlement Planning and Design. 2000, CSIR Building and Construction Technology
- ↑ 2,0 2,1 Frumkin, Howard (May-June 2002). Urban Sprawl and Public Health
- ↑ What is Sprawl? Архивирано на 5 јануари 2010 г.. SprawlCity.org
- ↑ Charter of the New Urbanism - Congress for the New Urbanism, 1996.