Неволјани (Серско)
Неволјани или Неволен (грчки: Βαμβακιά, Вамваќа; до 1928 г. Νεόλιανη, Неволјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 395 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се значајно малцинство заедно со грчките доселеници.[3]
Неволјани Βαμβακιά | |
---|---|
Координати: 41°5.2′N 23°20.46′E / 41.0867° СГШ; 23.34100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Капетан Митруси |
Надм. вис. | 20 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 395 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и јужно од Ениќој.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Неволјани е заведено како македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Неволене (Névolène) било село со вкупно 102 домаќинства, од кои 180 жители биле Македонци, а 120 биле муслимани.[4][5] Овој податок е или погрешен, или значи дека муслиманите подоцна го напуштиле селото.
Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Овакол и вели:
„ | Неолин, чифлик на многумина, најголемиот дел е на ?ариша, околу 1⁄2 ч. на југоисток од Чучулигово. Целата почва. Куќи 30, македонски.[4][6] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се остоело од 600 Македонци христијани.[4][7]
Во 1904 г. е изградена црквата „Св. Антониј“, наполно обновена во 1955 г.[8]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Неволјани (Novolen) имало 640 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква).[9]
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 518 жители, кои поради Првата светска војна во 1920 г. се намалиле дури на 284 лица.[3] Во 1924 г. грчките власи иселиле неколку семејства во Бугарија, а на нивно место довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Вамваќа, што значи „памук“.[10] Така, во 1928 г. Неволјани станало мешана населба со вкупно 572 жители, од кои 344 лица (85 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.[11]
Во 1940 г. во Неволјани се попишани 539 лица. Населението нагло пораснало во текот на 1950-тите, при што во 1961 г. имало 915 жители. Ова се променило во 1980-тите, кога е забележан позначаен пад,[3] иако најсилниот пад во бројноста се случил во 2000-тите, кога населението опаднало од 700 во 2001 на 530 во 2011 г.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 539 | 575 | 915 | 893 | 905 | 782 | 700 | 530 | 395 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението одгледува големи количства памук, жито, фуражни култури и друго. Застапено е и краварството.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νεόλιανη -- Βαμβακιά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 261.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 116-117.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 841.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ „Ιερός Ναός Ἁγίου Αντωνίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 19 декември 2017.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pи. 198-199.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.