Црква „Св. Антониј“ - Неволјани (Серско)
црква во Неволјани, Серско
Свети Антониј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Αντωνίου) — црква во селото Невојлани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Свети Антониј | |
---|---|
Αγίου Αντωνίου | |
41°5′4.8″N 23°20′38.1″E / 41.084667° СГШ; 23.343917° ИГД | |
Место | Неволјани, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1955 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Историја
уредиЦрквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1904 г. како мала бескуполна базилика. Поради порастот на населението, во 1955 г. е изграден нов храм, отворен на 13 ноември 1974 г. од митрополитот Константин Серски. Градбата претставува трикорабна бескуполна базилика, која на исток завршува со три конхи. Во 1996 г. е дограден нартекс, а малку подоцна започнало и живописувањето на храмот.[1]
Во парохијата влегуваат и храмовите „Успение на пресв. Богородица“ и „Св. Илија“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Ἁγίου Αντωνίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 19 декември 2017.