Бангладеш (бенгалски: বাংলাদেশ); офиц. Народна Република Бангладеш গণপ্রজাতন্ত্রী বাংলাদেশ) — држава во Јужна Азија која излегува на Бенгалскиот Залив и го зазема осмото место по населеност во светот. Главен и најголем град е Дака, а најголемо пристаниште и второ место по големина е Читагонг.

Народна Република Бангладеш
  • গণপ্রজাতন্ত্রী বাংলাদেশ (јазик?)
Знаме Грб
ХимнаАмар сонар Бангла (јазик?)
„Мојот златен Бенгал“


Марш: „Нотунер гаан“
„Песна на младоста“[1]

  • Амблем на Владата на Бангладеш

  • Амблем на Владата на Бангладеш
Местоположба на Bangladesh
Главен град
(и најголем)
Дака
Службен јазик
и национален јазик
бенгалски[2]
Народности 
Демоним Бангладешани
Уредување унитарна парламентарна република
 •  Претседател Абдул Хамид
 •  Премиер Шеик Хасина
 •  Прет. на собранието Ширин Шармин Чаудури
 •  Врховен судија Сурендра Кумар Синха
Законодавство Национално собрание
 •  Поделба на Бенгал и крај на Британскиот раџ 14–15 август 1947 
 •  Независност од Пакистан 26 март 1971 
 •  Признаен 16 декември 1971 
 •  Устав 4 ноември 1972 
 •  Последна територијална придодавка 31 јули 2015 
Површина
 •  Вкупна 147,610[3] км2 (92.)
 •  Вода (%) 6.4
Население
 •  проценка за 2017 г. 163,187,000[4] (8.)
 •  Попис 2011 149,772,364[5] (8.)
 •  Густина 1,106 жит/км2 (10.)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $686.598 billion[6] (33.)
 •  По жител $4,207[6] (139.)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $248.853 billion[6] (45.)
 •  По жител $1,524[6] (148.)
Џиниев коеф. (2010)32.1[7]
среден
ИЧР (2016) 0.579[8]
среден · 139.
Валута така () (BDT)
Часовен појас BST (UTC+6)
Датумски формат
  • дд-мм-гггг
  • б.с. দদ-মম-বববব (н.е.−594)
Се вози на лево
НДД .bd
.বাংলা
Страница
bangladesh.gov.bd
Повик. бр. +880

Потекло на името

уреди

Историја

уреди

Постара историја

уреди
 
Џамијата на шеесет кубиња од 15 век претставува светско наследство на УНЕСКО

На подрачјето на денешниот Бангладеш (Бенгал) се одржале будистички кралства до 13 век.

Во 1201 г. Бенгал преминува под власта на делхиските султани, а потоа во земјата преовладувал исламот. Домашните исламски владетели владееле сè до 1576 г., кога могулскиот владател Акбар ја приклучил Бенгалија кон Могулското царство. Во почетокот на 18 век државата почнала да пропаѓа, се зголемила моќта на локалните силници, а во средината на 18 век се засилило влијанието на Британската источноиндиска компанија, која по задушувањето на Бенгалското востание во 1757 г. добила монопол над трговијата и собирањето данок.

Колонијален период

уреди

Меѓу 1757 и 1854 г. Бенгал бил цел на британските освојувачи во Индија; подоцна стопанската и политичката цел се префрила во з. Индија. Големото востание против Британците (1857 г.) почнало во Бенгал и било поврзано со сè поголемата противречност меѓу муслиманското население и хиндуистичките велепоседници. По задушувањето на востанието во 1858 г., сите територии на Источноиндиската компанија ги презела британската влада и ги здружила во колонијата Британска Индија.

Дел од Пакистан

уреди

Во 1906 г. е основана Муслиманската лига, политичка организација на муслиманите во Британска Индија која барала поделба на Индија и основање самостојна муслиманска држава. На 14.8.1947 г. е прогласена Исламска Република Пакистан, составена од два потполна различни делови меѓу кои постоеле многу остри политички спротивности. На парламентарните избори во 1970 г., во Источен Пакистан победила Лигата Авами под водство на шеикот Муџибур Рахман, која барала поголема автономија за источниот дел на Пакистан.

Независен Бангладеш

уреди

На 1.3.1971 г. пакистанскиот претседател Јахја Хан го одложил првото заседание на новиот парламент и во И. Пакистан пратил војска за да ги запре безредијата. Тие за малку можеле да прераснат во граѓанска војна. На 26.3.1971 г. И. Пакистан прогласил независност и се преименувал во Бангладеш. Уште од самиот почеток Индија ги поддржувала бунтовниците и им се придружила во војната против пакистанската војска, која се предала на 16.12.1971 г.

Со уставните промени во 1975 г. многу се засилила положбата на претседателот на републиката. Претседателот на владата М. Рахман (1972-1975 г.) станал претседател на републиката (1975 г.), ги забранил опозициските партии и вовел еднопартиски систем, но настрадал како жртва на воен преврат. Власта ја презел генералот Зиа ур Рахман, подоцна претседател на републиката (1977-1981 г.) кој паднал како жртва на новиот државен удар, исто како и неговиот наследник Абдус Сатар (1982 г.). По него власта ја презел генералот Хосаин Мохамед Ершад (1983-1990 г.), но морал да отстапи под притисокот на засилената опозиција.

По 1991 г. најважни политички партии се Бангладешката народна партија (БНП) и Лигата Авами, меѓу кои постојат големи спротивности, државата често ја потресуваат демонстрации и штрајкови.

На 1.1.1997 г. во сила стапил договорот со Индија за заедничко користење на водите на Ганг, а на 2.12.1997 г. Владата потпишала мировен договор со верското движење Шанти бахини, кое 24 години се борело за правата на припадниците на будистичката вера.

Административна поделба

уреди
 
Карта на областите во Бангладеш

Бангладеш е поделен на 8 административни области (বিভাগ, „бибаг“). Секоја од нив е наречена по нејзиниот административен центар. Областите понатаму се делат на окрузи (জেলা, „зила“) кои пак се делат на подокрузи (উপজেলা, „упазила“).

Област Седиште Составни единици Површина (км2)[9] Население (2011)[9] Густина (жит./км2) (2011)[9]
Окрузи Подокрузи Обед. совети
Барисал Барисал 6 39 333 13.225,20 8.325.666 613
Дака Дака 13 123 1.248 20.593,74 46.729.000 1.751
Кулна Кулна 10 59 270 22.284,22 15.687.759 699
Мајмансинг Мајмансинг 4 34 350 10.584,06 11.370.000 1.074
Рангпур Рангпур 8 58 536 16.184,99 15.787.758 960
Раџшахи Раџшахи 8 70 558 18.153,08 18.484.858 1.007
Силет Силет 4 38 334 12.635,22 9.910.219 779
Читагонг Читагонг 11 101 949 33.908,55 29.145.000 831
Вкупно (8) 64 488 4.550 147.570,00 149.772.364 1.015

Предложени области

уреди

Поради порастот на населението, предложени се уште три области со цел да се олесни обемот административната работа:

  • Комила (কুমিল্লা বিভাগ)
  • Фаридпур (ফরিদপুর বিভাগ)

Географија и клима

уреди
 
Топографска карта на Бангладеш

Клима

уреди

Климата е монсунска со високи температури преку целата година и обилни врнежи кои го носи јз.монсун (дождлив период јуни-октомври), во периодот на си. монсуни (ноември-март) има многу малку врнежи. Најмногу врнежи се крајбрежните делови, планините на ЈИ и подножјето на планината Каси-Џаинтија на С(3000-5000 мм), а во другите делови има 1300-2000 мм врнежи. Во почетокот и на крајот на дождливиот монсунски период чести се тропските циклони.

Води

уреди

Најголеми реки се Ганг(Падма, 2510 км) и Брамапутра (Џамуна, 2840 км). Низводно во Дака се спојуваат во една река Мегна (264 км; од крајот на 18 век). уште во 1770 г. главниот ракавец на реката Ганг била реката Хугли која тече низ Калкута; тогаш Брамапутра течела и од Дака. Бидејќи реките носат голема количина тиња и песок, течат меѓу природни насипи над околната низина и скоро при секоја поплава ги менуваат коритата. Поплавите погодуваат 3\4 од територијата и траат 3-6 месеци ( од јуни до ноември). По 1991 г. по селата почнале да се градат издигнати бетонски засолништа, каде за време на поплавите се засолнува селското население; со тоа прилично се намалува бројот на загинатите.

Државно уредување

уреди

Според Уставот од 16.12.1972 г., Бангладеш е парламентарна република. Со уставните промени од 7.8.1991 г. многу се смалени овластувањата на претседателот на републиката - пренесени се на парламентот, а исламот е прогласен за државна религија. Право на глас имаат сите бангладешки државјани на возраст над 18 години.

Парламентот го избира претседателот на републиката секои пет години, а повторно може да биде избран само уште еднаш. Го именува претседателот на републиката, како и претседателот на владата и министрите кои мораат едновремено да добијат и мнозинство гласови од парламентот.

Националното собрание (Џатија сангсад) е еднодомно и има 330 членови; 300 се избираат на општи избори секои пет години, а 30 места се резервирани за жените кои на општите избори ги избираат избраните делегати.

Стопанство

уреди
 
Дака е комерцијален и финансиски столб на земјата, и најголемиот урбан економски центар во Југоисточна Азија

Независно од стопанскиот раст во 90-тите години на 20 век, Бангладеш останува една од најсироманшните држави во светот, многу зависна од странска помош. Го погодува непродуктивната и голема државна управа, корупцијата и оптоварениот со мали кредити банкарски систем, но продуктивно е делувањето на невладините организации и посебните установи кои непосередно соработуваат со локалните организации и домашните дарители на помош.

Туризам

уреди

Туризмот е многу скромен (203.000 странски туристи, најмногу од Индија); главни одредишта се Дака и долгите плажи покрај Кокс Базар и Текнафу.

Сообраќај

уреди
Патен сообраќај
уреди

Бангладеш има 207.500 км патишта од кои 10% асфалтирани. На 23.6.1998 г. е отворен 4,8 км долгиот патничко-железнички мост Бангабанду преку Брамапутра со кој за првпат се поврзани з. и и. дел на државата, а во 2004 г. и 6 км долгиот мост преку реката Падме.

Железнички сообраќај
уреди

Државата има 2706 км железнички пруги (884 км со растојание меѓу шините од 1676 мм и 1882 км со растојание од 1000мм); сите се изградени уште во колонијалниот период.

Бродски сообраќај
уреди

Трговската морнарица има 40 брода со вкупна носивост од 441.000 т. Најголемо морско пристаниште е Читагонг. а помали се Калма и Монгла во делтата. Бангладеш има и 8400 км внатрешни патишта по кои се изведуваат 3\4 на товарниот и патничкиот сообраќај; главни пристаништа се Дака, Чандпур, Навабганџ, Барисал и Кулна.

Воздушен сообраќај
уреди

Бангладеш има 8 аеродроми со редовен патнички сообраќај; најголемиот меѓународен аеродром е покрај Дака (Zia international). Национален превозник е "Biman Bangladesh airlines", кој е во државна сопственост.

Население, јазик и религија

уреди

Бројот на населението во Бангладеш во минатото многу брзо се зголемувал (1961 г.: 50,8 мил.; 1988 г.: 101,1 мил.), а во 90-тите години на 20 век, со програмите за планирање на семејството, порастот донекаде е забавен (1989 г.: наталитет: 33,2 промили, природен прираст 21,6 промили). Речиси сите жители се Бенгалци (98%), зборуваат индоевропски бенгалски јазик и го пишуваат со посебно бенгалско писмо. Во планините Читагонг живеат 12 народи сродни на Бурманците:, најмногу се Чакмаи, Мармаи, Трипури и Мрои. Малкуте небенгалски народи живеат на крајниот север (Сантоли, Касиии, Гарои). Постојат големи културни и јазични разлики меѓу муслиманските Бенгалци и тибетско-бурманските будистички народи во планините на И, потиснати на маргините на општеството.

Бангладеш е една од најгустонаселените земји во светот; поголемиот дел од населението живее на село и се занимава со земјоделство. Преовладуваат различни видови селски населби по должината на патиштата и на природните насипи покрај реките, каде што сигурноста е малку поголема од годишните поплави. Многу села не се приклучени ниту на патната, ниту на електричната мрежа. Заради големата сиромаштија во провинцијата, се е поинтезивно доселувањето во градовите, особено во Дака (1961 г.: 556.700 жит.; 1991 г.:6,1 мил.). Поголеми градови (2001 г.) се: Дака (5,64 мил., метрополитенскa област, 10,4 мил.), Читагонг (2,20 мил.), Кулна (811.000), Раџхаши (403.000).

Религија

уреди

Според верската припадност жителите се главно сунитски муслимани (86%), потоа хиндуисти (12%), будисти и христијани.

Верници во Бангладеш
Муслимани
  
90,39 %
Хиндуси
  
8,54 %
Будисти
  
0,60 %
Католици
  
0,27 %
Протестанти
  
0,10 %
Други
  
0,14 %

Култура во Бангладеш

уреди

Музика во Бангладеш

уреди

Спорт во Бангладеш

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „NATIONAL SYMBOLS→National march“. Bangladesh Tourism Board. Bangladesh: Ministry of Civil Aviation & Tourism. Архивирано од изворникот на 2016-12-28. Посетено на 2017-08-06.
  2. „Article 3. The state language“. The Constitution of the People's Republic of Bangladesh. bdlaws.minlaw.gov.bd. Ministry of Law, The People's Republic of Bangladesh. Посетено на 1 February 2017.
  3. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-22. Посетено на 2017-08-06.
  4. "Bangladesh" IMF Population estimates.
  5. Data Архивирано на 4 септември 2011 г..Census – Bangladesh Bureau of Statistics.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Bangladesh“. World Economic Outlook Database. IMF.
  7. „Gini Index“. World Bank. Архивирано од изворникот на 9 February 2015. Посетено на 2 March 2011.
  8. „Human Development Report 2016“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 6 April 2017.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Попис на населението и домовите 2011: Прелиминарен исход“ (PDF). Статистичка служба на Бангладеш. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 јануари 2013. Посетено на 12 јануари 2012.
  • „Државите на светот“ - Младинска књига, Скопје

Надворешни врски

уреди