Брамапутра

река во Кина, Индија и Бангладеш
25°13′24″N 89°41′41″E / 25.22333°N 89.69472°E / 25.22333; 89.69472

Брамапутра (санскрит: ब्रह्मपुत्र; бенгалски: ব্ৰহ্মপুত্ৰ নদ Brôhmôputrô)[2] — голема меѓународна река, една од најголемите во Азија.

Брамапутра
Река
Поглед на Брамапутра кај Суклешвар Гат во Гувахати, Асам, Индија.
Земји Бангладеш, Индија, Кина
Подрачје Бангладеш, Аруначал Прадеш
Автономен регион Тибет
Притоки
 - леви Дибанг, Лохит, Дансири
 - десни Каменг, Рајдак, Џалдака, Тиста
Град Гувахати
Извор ледник Чемајунгдунг [1]
 - место Хималаи, Тибет
 - височина 5.210 м
 - координати 30°23′N 82°0′E / 30.383°N 82.000°E / 30.383; 82.000
Утока Бенгалски Залив
 - местоположба делта на Ганг, Бангладеш
 - височина м
 - координати 25°13′24″N 89°41′41″E / 25.22333°N 89.69472°E / 25.22333; 89.69472
Должина 2.900 км [1]
Слив 651.334 км2
Истек
 - просечен 19.300 м3
 - максимален 100.000 м3
Брамапутра во рамките на Индија
извор
утока
Изворот и утоката на Брамапутра
Јарлунг Цангпо во Тибет.
Брамапутра на зајдисонце во Дибругар

Извира од ледникот Ангси на северната страна на Хималаите, во автономниот регион Тибет, каде е наречена Јарлунг Цангпо.[3] Потоа тече низ јужен Тибет и се смолкнува низ Хималаите во големи клисури и влегува во Аруначал Прадеш (Индија), каде го носи името Диханг или Сјанг.[4] Тече на југозапад низ Асамската Долина како Брамапутра и на југ низ Бангладеш како Џамуна. Пристигајќи во големата делта на Ганг, се спојува со реката Падма (главната растока на Ганг), а потоа и со Мегна, па завршува во Бенгалскиот Залив.[5]

Со должина од 2.900 км, Брамапутра е стопански значајна река што се користи за наводнување и превоз. Просечната длабочина изнесува 38 м, а максималната достигнува до 120 м. Напролет, со топењето на снеговите, реката често се излева со катастрофални последици. Има просечен истек од 19.300 м3/с, но при поплава надоаѓаат количини од 100.000 м3/с.[6] Ова е класичен пример на испреплетена разгранета река, мошне склона кон преместување на коритото и авулзија.[7] Претставува една од ретките реки во светот што имаат плимни бранови. Пловна е по речиси целото течение.

Сливот на реката ги опфаќа Хималаите источно од индиско-непалската граница, јужниот среден дел на Тибетската Висорамнина над сливот на Ганг, југоисточниот дел на Тибет, ридовите Паткај-Бум, северните падини на Медалајските Ридови, рамниците во Асам и северните предели во Бангладеш. Јужно од Тибет, сливот се одликува со големо количество на врнежи. Највисока планина во сливот е Кангченѕунга (8.586 м).

Горното течение на Брамапутра не било познато сè до експедицијата во 1884–86 г., кога е утврдено дека се работи за Јарлунг Цангпо. Поради ова, реката напати се нарекува Цангпо-Брамапутра.

Според хиндуизмот, долно течение на реката се смета за свето. Брамапутра на санскрит значи „Брамин син“.

Течение

уреди

Тибет

уреди

Реката извира од ледникот Ангси на северната страна на Хималаите во Тибет и го носи името Јарлунг Цангпо. Долга е 3.848 км, со сливна површина од 712.035 км2.[8]

Асам и околината

уреди

Во Индија, реката влегува преку сојузната држава Аруначал Прадеш, каде е наречена Сјанг. Многу бргу се спушта од планинските предели и излегува на рамница, каде го носи името Диханг. По 35 км, во неа се влеваат реките Дибанг и Лохит на почетокот на Асамската Долина. Под Лохит, реката го добива името Брамапутра и влегува во сојузната држава Асам. Тука коритото во голема мера се проширува — на места и до 10 км. Кај Сонитпур ѝ се приклучува и реката Каменг.

Помеѓу Дибругар и Лакимпур, реката се дели на два канала. Северниот е наречен Керкутија, а јужниот го носи матичното име Брамапутра. Околу 100 км низводно, каналите се спојуваат, образувајќи го островот Маџули — во минатото, најголем речен остров на светот. Кај Гувахати, Брамапутра ги пресекува карпите на Шилоншката Висорамнина. Ова е најтесниот дел од течението, со само 1 км меѓу бреговите.

Пределите со плавни рамници на Брамапутра во Асам се сметаат за посеобен екорегион, наречен „Полузимзелени шуми на долината на Брамапутра“.

Бангладеш

уреди

Во Бангладеш, на Брамапутра и се придружува притоката Тиста. Подолу реката се дели на растоки. Западниот ракав, кој го носи најголемиот дел од водата, продолжува на југ под името Џамуна и се влева во долното течение на Ганг, наречено Падма (бнг. Пода). Источниот ракав (кој порано бил доста поголем) се нарекува Долна или Стара Брамапутра (бнг. Бромопутро). Се извива во југоисточен правец и се влева во реката Мегна кај Дака. Падма и Мегна се спојуваа кај Чандпур и се влеваат во Бенгалскиот Залив. Овој последен дел од реката се нарекува Мегна.

Во минатото, долното течение на Брамапутра било поинакво, минувајќи низ окрузите Џамалпур и Мајмансинг. Во 1762 г. подрачјето го погодило земјотрес со јачина од 7,5 степени,[9] па главниот канал кај Бахадурабад се пренасочил кон југ и се отворил како Џамуна поради тектонското издигање на мадупурскиот пределен појас.[10][11][12]

Делтата на Ганг се напојува од повеќе реки, вклучувајќи ги Ганг и Бранапутра. Со површина од 59.570 км2, ова е најголемата речна делта во светот.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 БрамапутраЕнциклопедија „Британика“ (англиски)
  2. Реката има разни имиња на други јазици: асамски: ব্ৰহ্মপুত্ৰ Brôhmôputrô; хинди: ब्रह्मपुत्र, IAST: Brahmaputra; тибетски: ཡར་ཀླུངས་གཙང་པོ་Вајли: yar klung gtsang po Јарлунг Цангпо; кинески упр. 布拉马普特拉河, трад. 布拉馬普特拉河, пинјин: Bùlāmǎpǔtèlā Hé
  3. Јанг Лина (2011-08-22). „Научниците точно ги утврдија изворите на четири големи меѓународни реки“. Сијнхуа. Посетено на 2012-12-06. (англиски)
  4. „Yarlung Tsangpo River in China“. Atmospheric Data Science Center. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 2007-06-27.
  5. „Brahmaputra River Flowing Down From Himalayas Towards Bay of Bengal“. Архивирано од изворникот на 2011-11-06. Посетено на 22 ноември 2011.
  6. Водни ресурси на БангладешФАО (англиски) посет. 18 ноември 2010 г
  7. Catling, David (1992). Rice in deep water. International Rice Research Institute. стр. 177. ISBN 978-971-22-0005-2. Посетено на 23 април 2011.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2013-11-05.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-01-05. Посетено на 2013-11-05.
  10. Suess, Eduard (1904). The face of the earth: (Das antlitz der erde) - Eduard Suess - Google Boeken. Посетено на 2012-12-29.
  11. http://www.scirp.org/journal/PaperDownload.aspx?paperID=1295
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-12-30. Посетено на 2013-11-05.
  13. Singh, Vijay P.; Sharma, Nayan (2004). The Brahmaputra Basin Water Resources. Springer. стр. 113. ISBN 978-1-4020-1737-7. Посетено на 7 февруари 2011. Укажано повеќе од еден |author2= и |last2= (help)

Надворешни врски

уреди