Новозеландски долар

(Пренасочено од НЗ долар)

Новозеландски долар (англиски: New Zealand dollar, маорски: Tāra o Aotearoa, сим. $; код: NZD) — парична единица на Нов Зеланд. Во оптек е и на Куковите Острови (видете и Куковоостровски долар), Ниуе, Токелау и Питкерн.

Новозеландски долар
New Zealand dollar
Tāra o Aotearoa
Монета од 1 долар (опачина)
ISO 4217
КодNZD
Број554
Показател2
Составници
Подединица
 1/100цент
Симбол$
центc
Прекаркиви
Банкноти$5, $10, $20, $50, $100
Монети10c, 20c, 50c, $1, $2
Демографија
Корисник/ци Нов Зеланд
Издавач
Централна банкаРезервна банка на Нов Зеланд
 Мреж. местоrbnz.govt.nz
ПечатарНоут принтинг Австралија (полимерен материјал)
 Мреж. местоnoteprinting.com
Вредност
Инфлација0,2% (само Нов Зеланд)
 ИзворРезервна банка на Нов Зеланд, ноември 2016 г.
Врзувачкуковоостровски долар, ниујски долар и питкернски долар (номин.)

Оваа парична единица се бележи со симболот за долар $, или пак со NZ$ за да се разликува од другите доларски валути. Неформално се нарекува „киви (долар)“ и се дели на 100 центи. Тој спаѓа во 16-те најтргувани валути на светот.

Историја

уреди

На 10 јули 1967 г. доларот ја заменил новозеландската фунта во сооднос 2 долара = 1 фунта со децимализацијата на паричната единица во Нов Зеланд. Новозеландскиот долар првично вредел повеќе од американскиот, но истата година ова се променило, со девалвацијата на британската фунта. Меѓутоа новозеландскиот долар девалвирал уште повеќе.[1]

Монети

уреди

Историја

уреди

Во 1967 г. биле пуштени во оптек монети со вредност од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 центи. Монетите од 1 и 2 цента биле бронзени, додека останатите биле купроникел. Монетите од 5, 10 и 20 биле со иста големина како претходните, еквивалентни на 6 пени, 1 шилинг и 1 флорин. За таа цел сѐ до 1970 г. монетите од 10 центи на себе имале додатна легенда „Еден шилинг“. На реверсот на сите монети стоел портретот на кралицата Елизабета II од Арнолд Мачин, со легендата ELIZABETH II NEW ZEALAND [датум].

Во 1986 г. Нов Зеланд го прифатил новиот портрет на кралицата од Рафаел Маклуф за сите монети. Монетите од 1 и 2 цента биле исфрлени од употреба на 1 мај 1990 г. Заради отсуството на овие монети плаќањата се заокружуваат на најблиските 5 центи (10 центи во 2006 г.), метод наречен шведско заокружување.

Во 1990 г. биле произведени алуминиумско-бронзени монети од 1 и 2 долари, кои ги замениле постоечките банкноти со тие вредности. Во 1999 г. пак, бил прифатен поновиот портрет на кралицата од вајарот Ијан Ренк-Бродли, а легендата била преуредена да гласи: NEW ZEALAND ELIZABETH II.

На 11 ноември 2004 г. Банката на резеври најавила предлог да се исфрлат од употреба монетите од 5¢, а постоечките монети од 50, 20 и 10 центи да се направат помали обложен челик за да бидат полесни. Овие планови се оствариле, па така преодниот период започнал на 31 јули 2006, со тоа што досегашните монети биле искористливи до 31 октомври 2006. Старите монети од 50, 20, 10 и 5 сега веќе не важат, но истите сепак можат да се сменат во самата Резервна банка.

Монентални монети во оптек

уреди
Слика Вредност Пречник тежина Раб Дизајн Пуштена
  10c 20,50 мм 3,30 г Рамна Маорска резбана глава (коруру). 2006
  20c 21,75 мм 4,00 г „Шпански цвет“, неколку рамни делови одделени со вдлабнатини. Маорска резба на Пукаки, поглавар на ивите Нгати Факауе[2] 2006
  50c 24,75 мм 5,00 г Рамен Куковиот брод „Ендевор 2006
  $1 23 мм 8 г Осум еднакви сегменти назименично помеѓу пругаст и рамен раб. киви и сребрена папрат. 1990
  $2 26,5 мм 10 г Пругасто обрабена со вдлабнат, рамен канал кој има десет испапчени точки. котуку (голема бела чапја) 1990

Банкноти

уреди

Во 1967 г. биле издадени банкноти со децимализирана вредност од 1, 2, 5, 10, 20 и 100 долари. Во 1983 г. била издадена и банкнота од 50 долари, додека пак банкнотите од 1 и 2 долари биле отфрлени во 1991 г. Првите две серии на банкноти (1967-81 и 1981-92) се разликувале само по портретот на кралицата на аверсот.

Во 1992 излегла нова серија на банкноти. Освен на банкнотата од 20 долари, сите други банкноти веќе немале портрет на кралицата. Меѓутоа доколку се погледнат на светлина, сите банкноти имаат прикриен портрет на кралицата.

Слика Вредност Аверс Реверс
    $5 Едмунд Хилари Жолтоок пингвин
    $10 Кејт Шепард Сина патка
    $20 Елизабета II Кареареа
    $50 Апирана Нгата Кокако
    $100 Ернест Радерфорд Мохуа

Пластични банкноти

уреди

Започнувајќи со 1999 г., сите новозеландски банкноти се пластични полимерни банкноти наместо книжни. Ваквите банкноти имаат предност над книжните: фотокопијата лесно по допир се разликува од оригиналот, а и многу луѓе се благодарни дека банкнотите не се оштетуваат во машина за перење. Истите се многу тешки за кинење без помош на сечило.

Резервната банка очекува овие пластични банкноти да траат најмалку четири пати подолго од книжните. Нивната сигурност е во огромна мера подобрена и затоа тие се многу тешки за фалсификување.


Тековен девизен курс на NZD
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD CNY
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD CNY
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD CNY
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD CNY

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Глобални финансиски податоци. „Новозеландски долар (USD по NZD)“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 21 мај 2007. (англиски)
  2. Тим Воткин - Фигура на единството, NZ Listener, 13-19 ноември 2004, Том 196, Бр. 3366. Пристапено на 14 јуни 2007. (англиски)

Надворешни врски

уреди
Претходник:
Новозеландска фунта
Причина: децимализација
Сооднос: 2 долари = 1 фунта
Валута на Нов Зеланд
10 јули 1967
Следбеник:
Моментална