Сребрена дрвенеста папрат
Опачина на сребрен папрат
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Папрати
Ред: Дрвенести папрати
Семејство: Кјатеакеи
Род: Кјатеа
Подрод: Кјатеа
Отсек: Алсофила
Вид: К. деалбата
Научен назив
Cyathea dealbata
(Г. Форстер) Зварц, 1801
Синоними
  • Polypodium dealbatum Г. Форстер, 1786
  • Cyathea tricolor Коленсо, 1883
  • Alsophila tricolor (Коленсо) Трион, 1970

Сребрена дрвенеста папрат (научCyathea dealbata) или понга (од маорски: ponga) — вид на дрвенеста папрат со средна големина ендемски на Нов Зеланд. Изразот понга се употребува како генерички израз за трупците од сребрена папрат кои се користат за уредување на земмјиште. На маорски ponga се однесува на дрвенестите папрати, особено од родот Кјатеа. На новозеландски англиски понга често се изговара како пунга.

Оваа папрат расте до височина од 10 м и повеќе. Крошната му е густа, а листовите долги околу 4 м и имаат сребреникаво-бела боја на опачината. Оваа карактеристична боја се користи за обележување на патеки ноќе. Крлушките му се темнокафени, често извртеии и светкави.

Вирее на главните новозеландски острови источно до Четемските Острови, обично во потканапни делови на посуви шуми и во грмушки на отворено. Добро вирее и во добро оцеден хумус, и откога ќе фати корен, трпи и суша. Не сака ветер и мраз. Оваа папрат не расте под густите канабиња на стари шуми.