Момчило Вукотиќ (Белград, 2 јуни 1950 - Белград, 3 декември 2021) бил југословенски и српски фудбалер, а подоцна и фудбалски тренер.

Момчило Вукотиќ во 1975 г.

Заедно со Стјепан Бобек, тој бил еден од најдобрите фудбалери во историјата на екипата на ФК Партизан,[1] за кој одиграл приближно 800 натпревари (рекорд кој бил со важност од 34 години).

Кариера уреди

Момчило Моца Вукотиќ е роден на 2 јуни 1950 година во Белград од татко Александар (1923–1987) и мајка Бисерка (1927–2008). Во екипата на Партизан дошол на дванаесет годишна возраст. Откако ги поминал сите селекции на „црно-белите“, во 1968 година станал првотимец, играјќи во напаѓачкото трио како еден од најистакнатите фудбалери и најзаслужните членови на тимот. Во „црно-белиот“ дрес трипати го освојувал југословенското првенство: 1976, 1978 и 1983 година.

Од месец јули 1978 до месец јули 1979 година тој настапувал во францускиот прволигаш Бордо. Кариерата ја завршил во сезоната 1983/84 и на 1 јуни 1984 година бил именуван за технички тренер на екипата на ФК Партизан.

Вукотиќ долго време бил рекордер во екипата наПартизан по бројот на одиграни натпревари во „црно-белиот“ дрес, со вкупно 791 одигран натпревар и 339 постигнати гола, но во 2018 година бил престигнат од фудалерот Саша Илиќ.[2]

Репрезентација уреди

Покрај 11 натпревари (и четири гола) за помладата селекција (1967-1968) и 12 натпревари (и три гола) за младинската репрезентација (1969-1974), тој одиграл и 14 натпревари и постигнал четири гола за сениорската репрезентација на Југославија. Својот прв натпревар го имал на 20 септември 1972 година против селекцијата на Италија (1:3) во Торино, постигнувајќи го единствениот гол за репрезентацијата на Југославија. Збогувањето со дресот со државниот грб го имал на 4 октомври 1978 година на натпреварот против селекцијата на Шпанија (1:2) во Загреб.

Тренерска кариера уреди

Момчило Вукотиќ бил еден од најдобрите и најзаслужните фудбалери кои го носеле дресот на екипата на Партизан, па добил можност да биде првиот стручњак на „црно-белите“ во сезоната 1988-89. Подоцна, три сезони како стручњак го водел грчкиот состав Панионис, а во 1992 година заминал на Кипар и ги водел клубовите на Аполон од Лимасол, Саламис и Етникос, а подоцна и репрезентацијата на Кипар. Во месец јануари 2006 година, Вукотиќ го презел романскиот клуб Фарул, но по лошите резултати на почетокот на сезоната 2006/07 добил отказ, а од месец октомври 2006 до месец јануари 2007 година бил тренер на солунскиот клуб ПАОК. Од 2008 до 2009 година тој бил на чело на грчкиот тим Левадијакос.

Смртта уреди

Момчило Вукотиќ починал на 3 декември 2021 година во Белград, по кратко и тешко боледување.[3]

Трофеи уреди

Партизан (како играч) уреди

  • Освоено е Југословенско првенство (3): 1975/76, 1977/78, 1982/83.

Партизан (како тренер) уреди

  • Освоен е Купот на Југославија (1): 1988/89.
  • Освоен е Суперкупот на Југославија (1): 1989 година.

Наводи уреди

  1. Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Последњи поздрави Моци Вукотићу: Отишао највећи у историји Партизана“. www.rts.rs. Посетено на 2021-12-03.
  2. „JUBILEJ LEGENDE PARTIZANA Saša Ilić odigrao 800. meč u crno-belom dresu“. Blic. 8. 2. 2017. Посетено на 8. 9. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Преминуо Момчило Моца Вукотић“. rts.rs. Посетено на 3. 12. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски уреди