Михајло Хрушевски

Украински политичар и историчар

Михајло Хрушевски (укр. Михайло Сергійович Грушевський) (29 септември 1866, Холм (сега Полска) – 25 ноември 1934, Кисловодск (РСФСР))[1] бил познат украински историчар, претседател на Централна Рада (Централниот Совет) (19171918) и прв претседател на Украинската Народна Република. Останал запаметен како најважната фигура на културно поле во советска Украина и како водечки интелектуалец во националното возобновување на украинскиот народ.[2] Починал под сомнителни околности во 1934 г.

Михајло Хрушевски
Михайло Грушевський
Михајло Хрушевски

Михајло Хрушевски


Мандат
4 март 1917 – 29 април 1918
Претходник Александар Барвински
Следбеник Степан Томашевски

Роден 29 септември 1866
Холм (денешна Полска)
Починал 25 ноември 1934
Кисловодск, РСФСР
Партија Украинска социјалистичко-револуционерна партија (УСРП)
Сопружник Марија Војаковска
Професија Политичар, државник, академик, новинар и публицист
Религија Христијанин
Хрушевски во 1895

Куса биографија

уреди

Во периодот 1894-1914 работел како професор на универзитетот во Лавов.
На почетокот на Руската револуција, на 4 март 1917 г. во Киев беше основана украинска Централна Рада, а Хрушевски бил избран за нејзин прв претседател. На 12 март тој се вратил од Москва.
Украинска Централна Рада работеше 14 месеци. Кога Централната Рада беше отстранета, Хрушевски живеел во Камјанец Подолски, каде што бил уредник на журналот „Голос Поділля“ (Гласот на Подиља).
1923 беше избран за академик на Академијата за науките на Украинската ССР. Од март 1924 до 1931 год. живеел во Москва.[3]

Во 1934 Грушевски заминал на одмор во Кисловодск и таму починал, на возраст од 68 години.

Академска работа

уреди

Михајло Хрушевски (1886-1934) биле еден од водечките интелектуалци на полето на историјата. Со високо образование се стекнал на универзитетот во Киев, на отсекот за историја и филологија каде дипломирал во 1890 г. Во 1894 г. станал професор на универзитетот во Лавов, а подоцнал се стекнал со епитетот најзначаен научник и просветител во областа Лавов.

Во 1918 г. станал првиот претседател на владата на независна република Украина. Во периодот 1924-1931 организирал изработка на разни историски студии од областа на историјата на Академијата на науки и уметности во Киев. Бил многу активен творец, бидејќи зад себе оставил повеќе од 2000 научни трудови. Неговото најпознато дело Istoriia Ukraïny-Rusy (Историја на руска Украина) бил научен труд објавен во 10 томови, чие поле на научен интерес била историјата на украинскиот народ од неговиот најран период, па сè до годините по смртта на Хмељницки. Книгите биле публикувани во временскиот интервал 1898-1937 г. Неговата работа била меѓународно призната и почитувана, но во советска Украина (периодот по 1930) било забрането да се толкуваат и цитираат неговите мисли и книги. Во текот на 1960-тите биле направени неколку неуспешни обиди да се рехабилитира неговиот лик и дело. Но, во почетокот на 1980-тите украинската јавност повторно се заинтересирала за неговиот придонес во создавањето на украинската држава.[4]

Наводи

уреди
  1. Internet Encyclopedia of Ukraine; Биографија за Хрушевски
  2. Mykhailo Hrushevsky and the History of Ukraine-Rus' Архивирано на 23 април 2013 г.; Биографија за М. Хрушевски
  3. Legendary Scholar-Politician Mykhailo Hrushevsky Архивирано на 1 декември 2008 г.; Животот на Хрушевски
  4. Куса биографија за Михајло Хрушевски Архивирано на 27 јануари 2020 г.; CIUS Canadian Institute of Ukrainian Studies Press

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди