Миси Елиот

американска раперка и пејачка (родена 1971)

Мелиса Арнет Елиот (анг: Melissa Arnette Elliott; родена на 1 јули 1971 г.), позната како Миси Елиот (Missy Elliott)[2] ― американска раперка, пејачка, текстописец и музички продуцент.

Миси Елиот
Миси Елиот во 2015
Роден(а)Мелиса Арнет Елиот
1 јули 1971(1971-07-01)(53 г.)
Портсмут, Вирџинија, САД
Занимање
  • Раперка
  • пејачка
  • текстописец
  • музички продуцент
Активен период1991–денес[1]

Својата музичка кариера ја започнала кон средината на 1990-тите, прво како член на Р&Б групата Систа, а подоцна заедно со нејзиниот пријател од детството и долгогодишен соработник Тимбаленд, била член на Swing Mob. Својата соло кариера ја започнала во 1997 година кога го објавила нејзиниот прв албум Supa Dupa Fly. Албумот дебитирал на трето место на Билборд 200, највисокото деби на топ листите за раперка во тоа време. [3]

Вториот албум на Елиот, Da Real World, бил објавен во 1999 година. На овој албум се наоѓа песната „Hot Boyz“, а ремиксот на оваа песна го соборил рекордот за најмногу недели на прво место на американската R&B-та листа, и исто така поминал 18 недели на прво место на топ-листата за синглови од Hot Rap (од декември 1999 до март 2000 година). По објавувањето на албумите Miss E... So Addictive (2001), Under Construction (2002) и This Is Not a Test (2003), Елиот започнала меѓународна кариера и објавила неколку хитови како: „Get Ur Freak On“, „One Minute Man“, „4 My People“, „Gossip Folks“ , и „Work it“. За Work It добила Греми за најдобра женска рап соло изведба.[4] Во 2019 година го објавила своето прво EP под наслов Iconology.

Миси Елиот често ја нерукаваат „кралица на рапот“. Има добиено четири Греми награди,[5] [6] [7] и има продадено 40 милиони плочи ширум светот.[8] Според Billboard, таа е најпродавана раперка во историјата на Nielsen Music.[9] Исто така, таа е првата раперка која била внесена во Куќа на славата на текстописците и од VMA ја добила наградата Мајкл Џексон за видео авангарда. [10] [11] Во 2020 година, Билборд ја сместил на петто место на неговата листа од 100 најдобри музички видео изведувачи на сите времиња.[12] Во 2021 година, добила своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 2023 година, таа станала првата хип-хоп пејачка номинирана за внесување во Куќата на славата на рокенролот.[13]

Детство и младост

уреди

Мелиса Арнет Елиот[14] е родена на 1 јули 1971 година, [15] во Портсмут, Вирџинија.[16] [17] Додека татко ѝ бил активен маринец, таа со семејството живеела во Џексонвил, Северна Каролина.[18] [17] Кога татко ѝ се повлекол од службата, се преселиле назад во Вирџинија, каде што живееле во екстремна сиромаштија.[19]

Животот во Вирџинија ѝ бил многу тежок. Елиот навела семејно насилство од татко ѝ.[20] Таа неќела да оди во домови кај пријатели од страв дека кога ќе се врати дома ќе ја најде мајка си мртва.[20] Кога Елиот имала осум години, била сексуално злоупотребена од братучед. На четиринаесетгодишна возраст, нејзината мајка решила да стави крај на состојбата и побегнала заедно со неа. Се засолнале во домот на еден член од нивното семејство.[19] Елиот рекла дека се плашела дека нејзиниот татко ќе ги убие и двете поради заминувањето.[18]

Елиот и нејзината мајка живееле во населбата Хоџис Фери во Портсмут, Вирџинија.[17] Елиот го завршила средното училиште Вудро Вилсон (денес средно училиште Манор) во Портсмут, Вирџинија, во 1990 година.[14]

Кариера

уреди

1991–1995: Sista и почетоци на кариерата

уреди

Во 1991 година, Елиот заедно со пријателките Ла'Шон Шелман, Чонита Колман и Радиа Скот ја основале женската R&B група, Fayze (подоцна преименувана во Sista).[21] Елиот како продуцент на групата го ангажирала нејзиниот пријател од соседството Тимоти Мозли (Тимбаленд) и почнала да прави демо песни.[22] Во 1991 година, Sista го привлекла вниманието на продуцентот Диванте Свинг, кој истовремено бил член на групата Jodeci.[14] Накратко, Fayze се преселиле во Њујорк, каде што потпишале со Elektra Records под брендонт на компанијата од Деванте Swing Mob и ја преименувале групата во Sista. Првата песна на Систа под наслов „Brand New“, била објавена во 1993 година.[23] Елиот со себе ги зела и Тимоти Мозли (кого Деванте го нарекол Тимбаленд) и Мелвин Барклиф (под алијас Magoo).

1996–1998: Supa Dupa Fly

уреди
 
Елиот почнала да соработува со други уметници кон крајот на 1990-тите, меѓу кои и Алија (на сликата во 2000 година).

По напуштањето на Swing Mob, Елиот и Тимбаленд работеле заедно како текстописец/продуцентски тим, и правеле песни за изведувачи SWV, 702, и особено Алија. [24] Во 1997 Миси Елиот ја започнала својата кариера, рапувајќи на ремикси од Шон „Пафи“ Комбс и Џина Томпсон.

Комбс се надевал дека Миси Елиот ќе потпише за неговата издавачка куќа Bad Boy, но во 1996 таа сепак потпишала договор со East West Records како солист.[24] Тимбаленд повторно ѝ станал продукциски партнер, улога што тој ќе ја има во повеќето соло изданија на Елиот. Миси продолжила да работи со други уметници. Првиот албум на Миси Елиот, Supa Dupa Fly, бил објавен кон средината на 1997 година; успехот на неговиот водечки сингл „The Rain“ довело до тоа албумот да биде продаден во платинест тираж.[23] Елиот во музичкото видео носи облека направена од најлонски вреќи за отпадоци а според медиумите ова е еден од нејзините најпрепознатливи „модни моменти“. [25] [26]

1999–2001: Da Real World и Miss E… So Addictive

уреди

Вториот албум на Елиот, иако многу помрачен од првиот, бил подеднакво успешен.[27] Бил продаден во 3 милиони копии ширум светот. Албумот Da Real World (1999) ги содржел сингловите „All n My Grill“, ремикс на „Hot Boyz“ и „She's a Bitch“. Исто така во 1999 година, Елиот заедно со Да Брат, се појавила на официјалниот ремикс на песната од Мараја Кери „Heartbreaker“ [28] За ремиксот било снимено музичко видео, а ремиксот Desert Storm е ценет од музичките критичари и станал култен ремикс.

На 15 мај 2001 г., Миси Елиот го објавила албумот Miss E… So Addictive. Албумот дебитирал на второ место во САД и бил продаден во 250.000 примероци во првата недела.[29] На албумот се наоѓаат огромните поп и урбани хитови „One Minute Man“ со Лудакрис и Трина, „Get Ur Freak On“, меѓународниот клупски хит „4 My People“ како и комерцијално помалку успешниот сингл „Take Away“.[30] Иако „Take Away“ не бил радиски хит, „4 My People“ станал американски и европски клупски хит поради популарниот ремикс на хаус дуото Basement Jaxx од 2002 година.

Елиот им била копродуцент на Кристина Агилера, Лил Ким, Миа и Пинк за песната „Lady Marmalade“ од албумот Moulin Rouge! Music from Baz Luhrmann's Film, [31] која во 2001 година се нашла на прво место на Билбордовиот Хот 100.

2002–2004: Under Construction и This Is Not a Test!

уреди

За нејзиниот следен албум, Елиот и Тимбаленд се користеле многу олдскул рап и фанк семплови, како што се „Peter Piper“ од Run-DMC и „Double Dutch Bus“ од Френки Смит. Четвртиот албум од Миси Елиот, Under Construction од 2002 година е најпродаваниот женски рап албум со 2,1 милиони продадени копии во САД.[32] Во 2002 година, Елиот освоила награда Греми за најдобра рап соло изведба за „Get Ur Freak On“. [2] Во 2003 година, Under Construction добил номинации за Греми за најдобар рап албум и албум на годината. Њујорк Тајмс Under Construction го нарекол „најдобар хип-хоп албум оваа година“.[33] Елиот објавила два сингла од Under Construction. Главниот сингл, „Work It“ стигнал до второ место на топ-100 листата од Билборд, а на видео музичките награди на MTV ја освоил наградата „Видео на годината“. Вториот сингл, „Gossip Folks“ со Лудакрис, стана топ 10 хит на топ 100 топ листите ' Билборд, беше еден од најпуштаните музички спотови на MTV, MTV2, MTV Jams и BET во 2003 година.[34] Третиот сингл не бил објавен, иако за „Back In The Day“ било снимено видео со Џеј Зи [35] и Елиот.

Помеѓу албумите, Елиот ги продуцирала „American Dream Remix“ на песната од Мадона „American Life“, „Cop That Shit“ и го продуцирала „Fighting Temptation“. (во кој се појавуваат таа, Бијонсе, Фри и MC Lyte ) за саундтракот на истоимениот филм од Куба Гудинг Џуниор и Бијонсе Ноулс. Елиот подоцна истата година глумела во реклама со Мадона, која добила големо медиумско внимание.[36] Елиот ја продолжила својата сорабиотка со Мадона во 2003 година го извеле контроверзното шоу на MTV Video Music Awards, отворено заедно со Мадона, Бритни Спирс и Кристина Агилера.

Една година по објавувањето на дотогаш најуспешниот албум на Елиот, Елиот била притисната од нејзината издавачка куќа да издаде уште еден албум со надеж дека ќе профитира од нејзиниот неодамнешен успех.[37] Нејзиниот петти албум, This Is Not a Test! бил објавен во ноември 2003 година. Албумот билпродаден во 690.000 примероци во САД[37] и е сертифициран со платинест тираж од страна на Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA). Елиот изјавила дека „албумот This Is Not A Test излезе исклучително брзо за мене. Не сакав да биде објавен кога беше објавен.“[38]

2005–2006: The Cookbook и Respect ME

уреди
 
Елиот на сцена во 2006 година

Елиот сакала да им го „даде на луѓето неочекуваното“ и освен со Тимбаленд соработувала и со други продуценти.[38] Нејзиниот шести соло албум, The Cookbook бил објавен на 4 јули 2005 година, а дебитирал на второ место на американските топ листи, а во 2022 година Здружението на издавачката индустрија на Америка (RIAA) за продадени над 1.000.000 примероци во Соединетите држави го сертифицирало со платинест тираж. За албумот The Cookbook , Елиот добила 5 Греми номинации во 2005 година. Првата песна од албумот, „Lose Control“, добила Греми за најдобро кратко видео и била номинирана за најдобра рап песна. „Lose Control“ со Сиара и Фатман Скуп, станала топ-5 хит кон средината на годината (стигнала од третото место на Billboard Hot 100). Песната беше номинирана и за наградата Греми во категоријата за најдобра рап соло изведба во 2006 година.

Respect M.E., прв албум со најголеми хитови од Миси Елиот, бил објавен надвор од САД и Канада на 4 септември 2006 година, само во Јужна Африка, Австралија, Европа, Јапонија и Бразил.

2007–2018: Продукциска работа

уреди

Во 2007 година, од VH1 Елиот ја добила наградата Hip Hop Honors. [39] Во 2007 година, работела со Timbaland, Swizz Beatz, Danja, T-Pain и DJ Toomp и планирала да издаде албум на почетокот од 2008 година.[40] Четири години подоцна, во 2012 година, Елиот објавила два сингла продуцирани од Тимбаленд („9th Inning“ и „Triple Threat“) исклучиво за iTunes.[41]

По 2008 година, Миси Елиот напишала и/или продуцирала многу песни кои биле номинирани за Греми како што се песните за Fantasia („Free Yourself“), Џенифер Хадсон („I'm His Only Woman“), Моника („Everything to Me“), Кешија Кол („Let It Go“ ), и Џазмин Саливан („Need U Bad“ и „Holding You Down (Goin' in Circles)“. Кон средината на 2010 година, Елиот започнала турнеја низ Европа, Азија, Африка и Австралија.[42]


Во 2015 година, заедно со Кети Пери, Елиот настапила на полувремето на шоуто Super Bowl XLIX каде извела микс од песните „Get Ur Freak On“, „Work It“ и „Lose Control“.[43] Изведбата била добро прифатена,[44] [45] и таа недела ја зголемила дигиталната продажба на делата на Елиот. На 11 февруари, Елиот изјавила дека сè уште го снима нејзиниот седми студиски албум, Block Party, со Тимбаленд.[46] На 2 април 2015 година, Фарел Вилијамс потврдил дека работи на албумот на Елиот.[47]

Во 2016 година, Миси Елиот рекла дека сака да објави документарен филм кој ќе биде хроника на нејзиното влијание аудио и видео врз продукциската сцена.[48]

2019–сега: Признанија и Iconology

уреди

На 13 јуни 2019 година, Елиот била примена во Куќата на славата на текстописците, и со тоа станала првата раперка примена во оваа куќа.[49] Миси Елиот добила почесен докторат по музика од музикичкиот колеџ Беркли, [50] и награда Мајкл Џексон за видео авангарда. Таа била прва раперка која ја добила наградата. [51] Елиот ја добила наградата Музички пионер на Денот на женското претприемништво во Обединетите нации во 2019 година како признание за нејзините достигнувања во музиката и како лидер. Оваа награда била забележана во Конгресната евиденција. [52]

На 23 август 2019 година, Елиот го објавила своето ЕР насловено како Iconology. ЕП-то со пет песни содржи различни музички жанрови кои ја покриваат ширината на нејзината кариера како уметник и добило поволни критики од критичарите. По објавувањето на албумот, таа го објавила и водечкиот сингл, „Trow It Back“. Музички, Iconology е поп, хип хоп и R&B EP што потсеќа на претходната работа на Елиот.

Оставштина

уреди

Неколку медиумски куќи ја нарекуваат Елиот како „Кралица на рапот“, [53] [54] „Кралица на хип хопот“, [55] и „Прва дама на хип хопот“.[56] Експерименталноста на Миси Елиот во нејзините музички спотови во тоа време ја промениле тематиката на хип-хоп видеото.[57] Од почетокот на нејзината кариера нејзините песни се содржани теми за феминизам, родова еднаквост, позитивност на телото и секс-позитивност што ја прави една од првите хип-хоп и R&B изведувачи насочени кон овие теми.[58] „Гардијан“ и „Обсервер“ ја сметале за прва црнкинка која е музички магнат во Америка, бидејќи во 2001 година стекнала целосна контрола врз нејзиниот имиџ и музика и затоа што можела да потпишува договори со уметници.[53] [19] Destiny's Child, Ив и Мејси Греј, како црнки R&B/хип-хоп изведувачи ѝ се благодарни за „расчистувањето на патот“ во американската музичка индустрија кон „сопствената поп еминенција“.[19] Академијата за снимки и Evening Standard ја нарекле „хип хоп икона“. [59] [60]

Според Мари Клер, Елиот имала влијание на неколку музички дела визуелно и вокално. [61] Карди Б, [62] Лил Вејн, [63] Лизо, [64] и многу други уметници ја навеле работата на Елиот како нивна инспирација.

Награди и номинации

уреди

Елиот има освоено четири Греми награди, осум Видео Музички Награди од MTV, две Американски музички награди, шест BET награди и Билбордова награда за иновации од Жени во музиката. На 13 јуни 2019 година, Миси Елиот била примена во Куќата на славата на текстописците, со што станала прва раперка која ја добила оваа почест, а трет рапер севкупно, по Џеј Зи и Џермејн Дупри.[65] [49] [66] Исто така, во 2019 година, Елиот добила почесна диплома на доктор по музика од музичкиот колеџ Беркли,[50] и станала прва раперка која ја добила наградата Мајкл Џексон за видео авангарда од MTV. [51]

Во 2018 година, од списанието <i id="mwA_8">Essence</i> Елиот ја добила наградата Black Women In Music, а во 2019 година, на Денот на женското претприемништво во Обединетите нации ѝ била доделена наградата музички пионер.[52] Во 2020 година, Urban One ѝ ја доделил наградата за музички иновации. [67]

Во мај 2021 година, Елиот била меѓу првите примени членови во Булеварот на славните на црнечката музика и забава.[68] Во ноември 2021 година, Елиот била почестена со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[69] Во 2023 година, станала прва хип-хоп пејачка номинирана за внесување во Куќата на славата на рокенролот, номинирана во првата година кога ги исполнувала условите; подоцна истата година била примена, со што станала прва примена хип-хоп пејачка.[70] [71]

Во декември 2022 година, Елиот добила втор почесен докторат, овој пат од Државниот универзитет во Норфолк, кој исто така помогнал нејзиното име да го носи улица во Портсмут.[72]

Дискографија

уреди
  • Supa Dupa Fly (1997)
  • Da Real World (1999)
  • Miss E... So Addictive (2001)
  • Under Construction (2002)
  • This Is Not a Test! (2003)
  • The Cookbook (2005)

Филмографија

уреди
Филм
година Наслов Улога Белешки
2001 година Пути Танг Дива
2003 година Ултразвук: Хип Хоп долари Себе си Документарец
2003 година Мед Себе си
2004 година Избледи до црно Себе си
2004 година Приказна за ајкула Миси Глас
2005 година Само за клоци Себе си

Наводи

уреди
  1. Kellman, Andy. "Still Standing – Monica". AllMusic. Retrieved on March 23, 2010.
  2. 2,0 2,1 Johnson, Nicole (February 21, 2003). „Missy Elliott The Goddess of Rap“. Richmond Times-Dispatch. Richmond, Virginia. стр. C1.
  3. Hunter, Karen (July 28, 1997). „Missy to the Max How a Regular Homegirl Became Hip Hop's Freshest Princess“. New York Daily News. Посетено на February 2, 2010.
  4. „Missy "Misdemeanor" Elliott“. Архивирано од изворникот на January 16, 2019. Посетено на July 21, 2018.
  5. „Missy Elliott“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на January 16, 2019. Посетено на July 21, 2018.
  6. Khari (February 2, 2015). „Missy Elliott Crushed The Superbowl & Now Everyone Is Ready for Her Comeback“. The Source. The Northstar Group. Архивирано од изворникот на February 15, 2015. Посетено на March 15, 2015.
  7. Ewart, Alan (October 27, 2015). „Missy Elliott Teases Comeback Track After A Decade Away“. Inquisitr.com. Архивирано од изворникот на March 22, 2016. Посетено на March 15, 2016.
  8. Празен навод (help)
  9. Празен навод (help)
  10. Празен навод (help)
  11. Празен навод (help)
  12. Празен навод (help)
  13. „Missy Elliott 'Grateful' After Rock & Roll Hall of Fame Nod“. February 1, 2023.
  14. 14,0 14,1 14,2 Ogunnaike, Lola (May 13, 2001). „Letting the Sunshine In: At Her Mellowest, Rapper Missy Elliott is Still a Ball of Fire“. New York Daily News. стр. 2.
  15. „Today in History“. Associated Press Archive. July 1, 2011.
  16. Hunter, Karen (July 28, 1997). „Missy to the Max: How a Regular Homegirl Became Hip Hop's Freshest Princess“. New York Daily News. стр. 25.
  17. 17,0 17,1 17,2 Cutchins, Rebecca Myers (February 25, 1998).
  18. 18,0 18,1 Baker, Lindsay (November 1, 2003). „Scary? Me?“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на November 10, 2013. Посетено на October 28, 2008.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 Kessler, Ted (August 5, 2001). „Missy in action“. The Observer. London. Архивирано од изворникот на December 20, 2013. Посетено на October 28, 2008.
  20. 20,0 20,1 „What Would Her Mother Say?“. The Sunday Herald. Glasgow, Scotland. October 31, 2002.
  21. Andy Kellman. „Missy Elliot“. AllMusic. Архивирано од изворникот на October 18, 2019. Посетено на November 24, 2019.
  22. Празен навод (help)
  23. 23,0 23,1 Birchmeier, Jason (2005). „Missy Elliott – Biography“. Allmusic. Посетено на April 18, 2008.
  24. 24,0 24,1 Kimpel, Dan (2006). How They Made It. Hal Leonard Corporation. стр. 38. ISBN 0634076426.
  25. . Australia. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  26. „Missy Elliott shares incredible fan-made tribute to her hit 'The Rain'. NME. August 31, 2020.
  27. Missy Elliott – Me, I'm Supa Dupa Fly[мртва врска] VH1.
  28. „Mariah Carey Casts "Rainbow" For Next LP; Taps Missy, Da Brat For Remix“. MTV News. MTV. August 13, 1999. Архивирано од изворникот на November 7, 2012. Посетено на May 7, 2009.
  29. „WMG Artists Score Three Top Ten Debuts on Billboard Album Chart This Week“. WarnerMedia. May 24, 2001. Архивирано од изворникот на June 7, 2020. Посетено на February 28, 2021.
  30. „Missy Elliott Plays Dr. Ruth On New Single“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2021-02-22. Посетено на 2023-09-22.
  31. Wee, Tommy (January 30, 2003). „Missy hitting the mark“. The Straits Times. Singapore.
  32. Празен навод (help)
  33. Sanneh, Kelefa (December 22, 2002). „Hip-Hop Divides: Those Who Rap, Those Who Don't“. The New York Times. Архивирано од изворникот на March 29, 2021. Посетено на September 14, 2008.
  34. „Missy Elliott – She Puts Her Thing Down, Flips It, Reverses It“. VH1.com. Посетено на September 14, 2008.
  35. Moss, Corey (January 21, 2003). „Missy Elliott, Jay-Z Go 'Back in the Day' For New Video“. MTV.com. Архивирано од изворникот на January 14, 2009. Посетено на September 14, 2008.
  36. „Gap Cord Jeans Missy Elliott and Madonna“. Ephinx.com. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на December 12, 2015.
  37. 37,0 37,1 Moody, Nekesa Mumbi (July 10, 2005). „Missy's recipe for hits“. Sunday Mail. Adelaide, Australia. стр. I5.
  38. 38,0 38,1 Moody, Nekesa Mumbi (June 29, 2005). „Elliott Offers More Conventional Formula“. Yahoo.com. Архивирано од изворникот на February 12, 2008. Посетено на September 14, 2008.
  39. Venable, Malcolm (October 8, 2007). „Local Hip-hop Classics“. The Virginian-Pilot. Norfolk, Virginia. стр. E1.
  40. Празен навод (help)
  41. Ro. „Download "Triple Threat" and "9th Inning" on iTunes NOW! – Missy Elliott Latest News“. Missy-elliott.com. Архивирано од изворникот на September 25, 2012. Посетено на February 2, 2013.
  42. „Missy Elliott Tour History“. Bandsintown.com. Архивирано од изворникот на December 31, 2016. Посетено на December 30, 2016.
  43. Reed, Ryan (January 30, 2015). „Missy Elliott and Katy Perry Will Team Up for Super Bowl Halftime Show“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на January 30, 2015. Посетено на January 31, 2015.
  44. Празен навод (help)
  45. Kelly, Frannie (February 2, 2015). 'We Need Her': At The Super Bowl, Missy Elliott's Incredible Return“. NPR.org. Архивирано од изворникот на February 3, 2015. Посетено на February 3, 2015.
  46. Празен навод (help)
  47. „Pharrell Williams Is Working on Missy Elliott's Album“. YouTube. April 2, 2015. Архивирано од изворникот на December 12, 2015. Посетено на December 12, 2015.
  48. Празен навод (help)
  49. 49,0 49,1 Празен навод (help)
  50. 50,0 50,1 „Missy Elliot, Alex Lacamoire and Justin Timberlake can now call themselves doctors“. CNN. Архивирано од изворникот на May 12, 2019. Посетено на May 12, 2019.
  51. 51,0 51,1 Walsh, Neil (August 14, 2019).
  52. 52,0 52,1 „WEDO ANNUAL PIONEER AWARDS 2019“. Women's Entrepreneurship Day (англиски). Архивирано од изворникот на December 6, 2019. Посетено на December 6, 2019.
  53. 53,0 53,1 Baker, Lindsay (October 31, 2003), „Scary? Missy Elliott?“, The Guardian, London, Посетено на February 22, 2013, She's the unrivalled queen of rap and the first black music mogul, so it's no surprise that Missy Elliott has a reputation as the diva you cross at your peril.
  54. "Queen of Rap":
  55. "Queen of Hip Hop"
  56. "First Lady of Hip Hop"
  57. Sinclair, Leah (September 8, 2015). „Missy Elliott is a phenomenal rapper, producer, writer and more – so why is she overlooked?“. Fact. Архивирано од изворникот на August 3, 2018. Посетено на August 2, 2018.
  58. George, Kat (January 22, 2016). „Why Missy Elliott's feminist legacy is criminally underrated“. Dazed. Архивирано од изворникот на August 3, 2018. Посетено на August 2, 2018.
  59. „Queen Latifah Inducts Missy Elliott Into The Songwriters Hall Of Fame, Lizzo Performs“. The Recording Academy. The GRAMMY-winning hip-hop icon
  60. „Bree Runway on her new collaboration with Missy Elliott: 'It's clear that she sees something in me'. Evening Standard. November 13, 2020.
  61. „Missy Elliott: The Legend Returns“. Marie Claire. July 15, 2019.
  62. „Missy Elliott Puts Her Thing Down, Flips It and Reverses It for 2019 VMAs Vanguard Award Performance“. ET. Архивирано од изворникот на September 11, 2019. Посетено на April 2, 2020.
  63. Jones, Janesha (October 19, 2020). „Lil Wayne Calls Missy Elliot His Favorite Rapper and Reveals How She Influenced His Career Early On, Missy Responds“. Atlanta Black Star.
  64. „Lizzo Explains How Missy Elliott Inspired Her Career“. Genius. Архивирано од изворникот на August 5, 2020. Посетено на April 2, 2020.
  65. „Why Missy Elliott deserves to be considered a true hip-hop great“. The Economist. UK.
  66. Празен навод (help)
  67. „Missy Elliott Gives Emotional Acceptance Speech At Urban One Honors: 'Black People, We Are Special'. Madame Noire. January 21, 2020.
  68. „Beyoncé, Usher, Missy Elliot, Stevie Wonder, & More To Be Honored At The Black Music & Entertainment Walk of Fame“. Celeb Secrets (англиски). May 6, 2021. Посетено на May 6, 2021.
  69. „Missy Elliott Pays Tribute to 'Godmothers of Hip-Hop' at Hollywood Walk of Fame Ceremony“. Variety. November 9, 2021.
  70. „Missy Elliott 'Grateful' After Rock & Roll Hall of Fame Nod“. February 1, 2023.
  71. „Kate Bush, Missy Elliott, and Rage Against the Machine Inducted Into Rock & Roll Hall of Fame's Class of 2023“. Pitchfork (англиски). 2023-05-03. Посетено на 2023-05-03.
  72. „Norfolk State University honors Missy Elliott with honorary doctorate degree“. www.yahoo.com (англиски). December 11, 2022. Посетено на 2022-12-12.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди