Милан - Јувентус 1-6 (Серија А 1996-1997)

Матична статија: Дерби Јувентус-Милан.

Вториот натпревар во Серија А во сезоната 1996-1997 помеѓу славните италијански фудбалски клубови Милан и Јувентус, бил одигран на Сан Сиро во Милано на 6 април 1997 во рамките на 26-тото коло од првенството.[1] Јувентус го добил овој натпревар како гостин со убедливи 6-1, нанесувајќи му го на својот соперник еден од најтешките порази на негов терен во Серија А, од кога е уведено новото правило за секоја победа да се добиваат по три бода. Интересно е дека ова била најубедливата победа на Јувентус на гостински терен во Серија А во оваа сезона, но не и единствената таква во сезоната бидејќи претходно во Суперкупот на Европа тие со истиот резултат го совладале и францускиот Париз Сен Жермен на Паркот на принцовите.

Милан - Јувентус 1-6
ПрвенствоСерија А 1996-1997
Датум6 април 1997
СтадионСан Сиро, Милано, Италија
СудијаСтефано Браски
Гледачи81.700

Милан одиграл една разочарувачка сезона во која накрајот завршиле како 11-ти во првенството, а претходно испаднале уште во групната фаза на Лигата на шампионите и во четвртфиналето на Купот на Италија. За разлика од нив Јувентус бил неприкосновен во Серија А и со скор од 17 победи, 14 нерешени и само 3 порази го освоил своето 24-то скудето во клупската историја. Покрај тоа, Јувентус ги освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп. Исто така Јувентус бил во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред, но за разлика од претходната овојпат биле поразени од Борусија Дортмунд со 3-1.

Во првиот натпревар во Серија А за сезоната помеѓу овие два тима во есенскиот дел од првенството, Јувентус и Милан одиграле нерешено 0-0 во Торино.

Детали од натпреварот

уреди
 
 
 
 
 
 
 
Милан
 
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
Милан:
GK 1   Себастијано Роси
DF 14   Михаел Рајзигер
DF 29   Пјетро Вјерховод
DF 6   Франко Барези
DF 3   Паоло Малдини
MF 10   Дејан Савичевиќ
MF 8   Марсел Десаи   81'
MF 20   Звонимир Бобан
MF 34   Јеспер Бломквист   60'
FW 19   Кристоф Дугари
FW 23   Марко Симоне
Резерви:
GK 27   Анџело Пагото
FW 18   Роберто Баџо   60'
DF 2   Мауро Тасоти   81'
DF 4   Франческо Коко
DF 12   Миодраг Вукотиќ
MF 16   Стефано Еранио
Тренер:
  Ариго Саки
Јувентус:
GK 1   Анџело Перуци
DF 5   Серџо Порини   74'
DF 2   Чиро Ферара
DF 13   Марк Јулиано
DF 6   Димаш
MF 7   Анџело Ди Ливио
MF 20   Алесио Такинарди
MF 21   Зинедин Зидан   75'
MF 18   Владимир Југовиќ
FW 15   Кристијан Виери
FW 9   Ален Бокшиќ   39'
Резерви:
GK 12   Микеланџело Рампуља
FW 16   Никола Аморузо   39'
DF 22   Џанлука Песото   74'
MF 19   Атилио Ломбардо   75'
DF 26   Руди Николето
MF 28   Ивано Трота
FW 39   Масимилијано Виери
Тренер:
  Марчело Липи

Судии на натпреварот

  • Асистент судија:
  • Четврти судија:

Правила на натпреварот

  • 90 минути игра.
  • Можен е секој резултат
  • Седум повикани резерви
  • Три можни замени.

Наводи

уреди
  1. „6 април 1997 : Milan-Juventus 1-6“. juventuslastoriasiamonoi. 6 април 2018. Посетено на 6 декември 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди