Втора балканска војна

(Пренасочено од Меѓусојузничка војна)
Втора балканска војна
Дел од Балканските војни

(нема слика)
Датум 29 јуни – 10 август 1913
(1 месец, 1 недела и 5 денови)
Место Балкански Полуостров
Исход Пораз на Бугарија, Букурешки договор, 1913
Завојувани страни
 Бугарија  Србија
 Романија
Грција Грција
 Црна Гора
 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Кралство Бугарија Фердинанд I
Кралство Бугарија Михаил Савов
Кралство Бугарија Васил Кутинчев
Кралство Бугарија Никола Иванов
Кралство Бугарија Радко Димитриев
Кралство Бугарија Стилијан Ковачев
Кралство Бугарија Стефан Тошев
Кралство Србија Петар I
Кралство Србија Радомир Путник
Кралство Србија Степа Степановиќ
Кралство Србија Петар Бојовиќ
Кралство Романија Карол I
Кралство Романија Фердинанд, престолонаследник на Романија
Кралство Романија Александру Авереску
Грција Константин I
Грција Виктор Дусманис
Грција Павлос Кунтуриотис
Османлиско Царство Мехмед V
Османлиско Царство Енвер Паша
Османлиско Царство Ахмет Изет паша
Кралство Црна Гора Никола I
Кралство Црна Гора Данило, престолонаследник на Црна Гора
Кралство Црна Гора Јанко Вукотиќ
Сила
Царство Бугарија 500,000 војници Кралство Србија 350,000 војници
Кралство Романија 500,000 војници
Кралство Грција 230,000 војници
Кралство Црна Гора 12,000 војници

Втората балканска војнавојна која се одвивала во текот на летото 1913 помеѓу Бугарија и нејзините сојузници од Првата балканска војна, Грција и Србија, како и Романија и Црна Гора. На крајот од оваа војна, Србија како сојузник на Руската Империја станува важна регионална сила, што било аларм за Австроунгарија и најверојатно индиректно било причина за почетокот на Првата светска војна.

Војски на учесниците

уреди
  • Србија: 10 пешадиски и една коњаничка дивизија со вкупно 350.000 луѓе
  • Црна Гора: Една дивизија со 12.000 луѓе
  • Грција: 11 пешадиски дивизии и со една коњаничка бригада со вкупно 230.000 луѓе
  • Романија: 500.000 луѓе
  • Турција: 250.000 луѓе
  • Вкупно сојузници: 1.330.000 луѓе
  • Бугарија: 13 дивизии, 296 баталјони, 186 батерии, 1.228 орудија, 48 ескадрони, вкупно 500.000 луѓе.

Ревизија на договорите

уреди

По завршувањето на Првата балканска војна, а по протерувањето на Србија од Албанија, во јануари 1913 година, Србија барала од бугарската влада да се изврши ревизија на Српско-бугарската спогодба.

Подоцна, на 22 февруари и на 25 мај 1913 година Србија упатила ноти, во кои предлогот за ревизија се образложува со следните причини:

  1. При потпишувањето на спогодбата, Србија особено сметала дека ќе добие слободен излез на море поради независниот економски развој, но со интервенцијата на големите сили била принудена да ја повлече својата војска од Албанија;
  2. Бугарија не го дала со договорот предвидениот контингент трупи за Вардарското боиште, бидејќи на интервенција на Бугарија, пред почетокот на војната тој договор бил изменет;
  3. Србија и упатила помош на Бугарија од една армија со тешка артилерија, што според договорот не била обврзана, а тоа барало пошироко ангажирање на Србија, која и самата водела војна на Вардарското боиште.

Според српската влада, изменетите услови барале ревизија на договорот. Притоа, таа мислела на компензација во Македонија, за да добие непосредна граница со Грција, со цел да го користи пристаништето во Солун. Бугарската влада не се согласила со српското сфаќање на договорените обврски и во нотите од 18 март и од 19 април 1913 година го отфрлила барањето за ревизија.

Воено-технички подготовки

уреди

Веднаш по потпишувањето на Лондонскиот мировен договор, започнале подготовките за Втората балканска војна. Моралните подготовки биле први, со оглед на тоа дека било неочекувано довчерашните сојузници да војуваат меѓу себе. Освен тоа, војските веќе биле исцрпени, психолошки оптоварени, гладни и недоволно облечени и, згора на тоа, се појавила и колерата со смртност од 90%.

Материјално-техничките подготовки поради краткиот период од 30 мај, кога е потпишан Лондонскиот мир, па до 29 јуни, кога почнала Втората балканска војна, не можеле целосно да се спроведат. Поради тоа, главниот товар во снабдувањето го носело веќе крајно осиромашеното македонско селско стопанство. Недостигот на работна сила за копање ровови, утврдување и други потреби бил пополнуван од месното селско население. Воениот потенцијал во жива сила, со луѓе и со крупен добиток, главно бил пополнуван од новоослободените места. Со оглед на тоа дека војната се водела речиси во целост на територијата на Македонија, македонското население и економија повторно биле максимално ангажирани од секој аспект на војната. Завојуваните страни за меѓусојузничката војна, покрај постојните ангажирале и нови сили.

Почеток на војната

уреди

Во меѓувреме, започнале подготовките за преговорите во Букурешт. Биле воспоставени непосредни врски меѓу владите и командите на одредени оперативни единици, тргнувајќи од правното начело дека склучените договори важат само доколку не настапат фактички промени на теренот во врска со исполнувањето на одредбите на договорите. Како резултат на примената на ова начело, во идниот мировен договор што би бил потпишан меѓу сојузниците, секоја сојузничка воена команда настојувала да завладее што поголем дел од територијата на Македонија и во неа да организира своја воено-полициска и административна власт.

Поради таквите цели, царот Фердинанд I без консултација на Владата на 29 јуни 1913 година наредил бугарската војска да изврши напад врз српската и врз грчката војска на позициите кај Злетово и Лефтере. Претседателот на бугарската влада Стојан Данев изјавил: „Кога е збор за судбината на Македонија, сите треба да знаат дека Бугарија е подготвена на секакви жртви.“

За тој напад Бугарите биле обвинети од големите сили, а Србите и Грците го дочекале како погоден момент за остварување на сопствените интереси.

На 1 јули 1913 година Стојан Данев му наредил на генералот Михаил Савов да ги прекине дејствата. Со исто барање на борбените позиции на фронтот се појавиле бугарски парламентарци. Србите и Грците не сакале да ги прекинат борбените дејства. Напротив, започнале противофанзива за да заземат што поголема територија од Македонија пред да се вмешаат големите сили. На 1 јули претседателот на Владата на Србија Никола Пашиќ му испратил телеграма на началникот на штабот на Врховната команда, Радомир Путник, со следната содржина: „Грците сметаат дека војната почна и дека настапил решавачкиот момент. И ние им го рековме истото и побаравме нивната Врховна команда со вас да воспостави цврста врска.“

По дознавањето дека Бугарите барале прекинување на воените дејства, Пашиќ на 3 јули упатил нова телеграма до Путник, во која се истакнува: По барањето на Бугарите војната да се прекине, се плашам од итна интервенција на големите сили. Забрзајте ја решавачката офанзива. Во врска со значењето на состојбата, грчкиот крал Константин пред својата Влада изјавил: Ние мораме по секоја цена големите сили да ги држиме далеку од нас. Ова е последен момент, ако го испуштиме, пропаднати сме.

Бугарскиот цар Фердинанд не се согласувал со прекинувањето на војната поради охрабрувањата од Австроунгарија, па барал воените дејства да продолжат.

Потоа Владата на Стојан Данев поднела оставка, но таа не била прифатена. Бугарија ги доживувала најтешките моменти како во Владата, така и на бојното поле. Големите сили зазеле став да не се мешаат во војната. Русија зазела став дека Европа треба да интервенира само ако една страна се обиде целосно да ја уништи другата страна. Австроунгарија останала само на декларативната помош на Бугарија.

Бугарија и Грција

уреди

Бугарија и Турција

уреди

Романија настапува

уреди

Вмешувањето на Големите сили

уреди

Русија поддржувана од Франција, на 9 јули им се обратила на владите на балканските земји итно да ја прекинат војната и да дојдат во Петроград за да потпишат мир со посредување на Русија.

Русија предлагала границата меѓу Србија и Бугарија да биде повлечена по вододелницата меѓу Струма и Вардар, така што Штип да и остане на Србија; Грција да се поврзе со Србија кај Гевгелија и границата да продолжи до реката Струма, зафаќајки го Сер.

Предлогот на Русија го прифатила само Бугарија и тоа само принципиелно, за да се прекине војната, да се изврши демобилизација и во Петроград да започнат преговорите. Истовремено апелирала до Русија да направи сè што може Штип, Кочани и Сер да и припаднат на Бугарија. Грција сметала дека сојузниците имаат право и должност да ја продолжат војната сè додека ситуацијата не се расчисти на бојното поле. Примирјето го прифаќала само ако Бугарија ги отстапи бараните територии и ако се согласи да им плаќа воена оштета. Српската влада изјавила дека не сака да ја понижи Бугарија, но сметала дека е неопходно да и се одземе можноста со која и понатаму може да биде опасна по мирот на Балканот, и поради тоа Србија енергично ќе ја продолжи воената акција.

Бугарскиот цар Фердинанд на 16 јули 1913 година упатил молба до романскиот крал Карол да ја прекине војната. Во тоа време, романската војска се приближувала кон Софија. Кралот Карол изјавил дека не може да потпише сепаратен мир со Бугарија, односно дека треба претходно Србија и Грција да ги прекинат воените дејства и да дадат изјава дека се подготвени да потпишат примирје со бугарската влада.

На 18 јули 1913 година во Скопје се состанале претседателот на српската влада Никола Пашиќ и претседателот на грчката влада Елефтериос Венизелос и се согласиле во следното: дека војната треба да ја завршат што побрзо и тоа со непосредни преговори со Бугарија; Романија, која барала исправки на границата во Добруџа, треба да се повика на преговорите за прелиминарниот мир; од интерес е за двете страни Турција да не се меша во меѓусојузничката војна; поделбата на територијата морала да дава гаранција за траен мир на Балканот и Бугарија мора да плати воена отштета.

Било решено српските, грчките, романските и црногорските ополномоштеници да се состанат во Ниш, веднаш штом Бугарија ќе ги одреди своите претставници. Веднаш потоа, Пашиќ упатил циркуларно писмо до сите заинтересирани дека Србија и Грција сакаат да склучат мир, но чекаат Бугарија непосредно да им се обрати ако навистина сака мир.

Крај на војната

уреди

По Битката кај Брегалница, дејствата во Македонија се претвориле во исцрпувачка рововска војна. Меѓусебното исцрпување траело до 31 јули 1913 година, кога било потпишано примирјето и кога балканските војни официјално завршиле.

Поврзано

уреди