Енвер-паша

(Пренасочено од Енвер Паша)

Исмаил Енвер Паша[1] (22 ноември 1881 во Истанбул - 4 август 1922 во Таџикистан) бил османлиски државник активен учесник во Младотурската револуција од 1908 година, еден од водачите на младотурската партија Комитет за единство и напредок.

Енвер Паша
Исмаил Енвер
Родено имеИсмаил Енвер
Починал4 август 1922(1922-08-04) (возр. 40)
Таџикистан
Држава Османлиско Царство
ЧинМинистер за војна
ЕдиницаТрета отоманска армија
Битки/војниОсманлиско-италијанска војна
Балкански војни
Битка кај Сарикамиш
Прва светска војна

Исмаил Енвер е роден во Истанбул во семејството на железнички работник. Пораснал во сиромаштија. Од 1897 година станал член на движењето на младотурците. Во 1903 година дипломирал на истанбулската воена академија. Во 1912 година партијата на младотурците победила на изборите, но малку подоцна почнува да ја губи популарноста. Во јануари 1913 година, Енвер спровел државен удар против владата.

По превратот станал министер за одбрана. Бил голем противник на нетурското население. Во текот на Првата светска војна ја вршел функцијата заменик на главниот командант (командант формално бил султанот). По крајот на војната побегнал во Берлин каде живеел под псевдонимот Али бег. Во Истанбул од повоениот трибунал бил осуден на смрт.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Harp Akademileri Komutanlığı, Harp Akademilerinin 120 Yılı, İstanbul, 1968, p. 46. (турски)

Надворешни врски

уреди