Пеце Секулоски
Пеце Секулоски (Бело Поле, Прилеп, 24 септември 1970 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]
Пеце Секулоски | |
---|---|
24.09.1970 – † 08.08.2001 (30 г.) | |
Роден во: | Бело Поле, Прилеп, СР Македонија |
Починал во: | Масакрот кај Карпалак |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист во АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот и војната 2001
уредиПеце Секулоски е роден на 24 септември 1970 во прилепското село Бело Поле. Потекнува од сиромашно семејство. Оние кои го познале Пеце го опишуваат како чесен и мирен човек. Од неговото село, само тој ја добил поканата од АРМ. Ден пред да загине, му се јавил на брат му, се јавил од касарната, и му рекол да врати пари на неколку другари на кои им бил должен. Пеце пред неговата смрт со години градеше куќа во родното село, надевајќи се после тоа да најде жена и да создаде фамилија.[2]
На 8 август 2001 година загинвува во заседата кај Карпалак. Пеце Секулоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 121 – 123
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.