Веби Рушитоски
Веби Рушитоски (Прилеп, 23 септември 1974 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1][2]
Веби Рушитоски | |
---|---|
23 септември 1974 – † 8 август 2001 (26 г.) | |
Роден во: | Прилеп, СР Македонија |
Починал во: | Карпалак, Македонија |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист во АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и сведоштва
уредиВеби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски, со кој подоцна заедно ќе загине во масакрот кај Карпалак. Во својот кус живот работел сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Немал занает, но научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Веби, заедно со шура му Ердован Шабаноски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.[3]
Седум дена Веби и Ердован Шабаноски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинуваат во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]
Наводи
уреди- ↑ „10 војници загинаа кај Карпалак“. А1. 8 август 2001. Архивирано од изворникот на 2006-02-16. Посетено на 2022-09-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 138
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-03-11.