Ердован Шабаноски

Македонски бранител


Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1][2]

Ердован Шабаноски
24 октомври 1980 – 8 август 2001 (20 г.)

Роден во:Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Карпалак, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Резервист во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва уреди

Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. Во својот кус живот работел сè и сешто, секаде и кај секого што ќему понудел некаква работа. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.[3]

Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[4]

Наводи уреди

  1. „10 војници загинаа кај Карпалак“. А1. 8 август 2001. Архивирано од изворникот на 2006-02-16. Посетено на 2018-03-11.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
  3. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 138
  4. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-03-11.