Нане Наумоски
Нане Наумоски (Прилеп, 29 јануари 1953 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервен капетан во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]
Нане Наумоски | |
---|---|
29.01.1953 – † 08.08.2001 (48 г.) | |
Роден во: | Прилеп, СР Македонија |
Починал во: | Масакрот кај Карпалак |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервен капетан во АРМ |
Командува/л со: | Гарнизон Прилеп |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и смрт
уредиНане Наумоски е роден на 29 јануари 1953 година во Прилеп. Нане бил дипломиран економист. Порано работел во трговија. Во последните седум години од животот бил еден од сопствениците на „Тритекс“ во Прилеп. Фирмата изработува долна облека и, како што велат во неа, добро напредува. Почнала со тројца, а сега има 60 вработени. Идеите на Нане и неговиот брат, сосопственик на фирмата, воделе кон тоа фабриката да се прошири барем уште толку.[2]
Меѓутоа, на 23 јули 2001 година, Нане бил мобилизиран. Како капетан во резерва, тој му бил заменик на Сашо Китаноски во командата за одбрана на градот. Во касарната одел секој ден и учествувал во вежбовните активности на резервистите. Одел и на Криволак, а еднаш, заедно со Сашо Китаноски бил и во Тетово каде воделе смена.
Нане немаше никакви дилеми да се пријави на мобилизацијата која ја бараше тогашната безбедносна состојба во земјата. Имаше силен мотив во себе и посебно патриотско чувство.
Загинува заедно со другите девет војници во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Нане зад себе ја остави сопругата и неговите две деца. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 128
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.