Долно Иваново
Долно Иваново (грчки: Κάτω Άγιος Ιωάννης, Като Агиос Јоанис) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Долно Иваново Κάτω Άγιος Ιωάννης | |
---|---|
Споменик во селото | |
Координати: 40°19′N 22°31′E / 40.317° СГШ; 22.517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Коринос |
Надм. вис. | 61 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 603 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 9 километри северно од градот Катерина и на 6 километри западно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 61 метри[2].
Историја
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 56 семејства и 203 бегалци[3], додека во 1940 година селото броело 488 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 465 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 823 жители, во 1971 година имало 651 жител, во 1981 година имало 688 жители, додека во 1991 година имало 678 жители[4]. Денеска, населението на селото е 603 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 488 | 465 | 823 | 651 | 688 | 678 | 702 | 603 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Координати од www.fallingrain.com
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 122.