Лиел Абада (роден на 3 октомври 2001, во Петах Тиква) — израелски фудбалер, напаѓач на Шарлот и на израелската репрезентација.

Лиел Абада
Лични податоци
Роден на 3 октомври 2001(2001-10-03)(23 г.)
Роден во Петах Тиква, Израел
Држава Израел Израел
Висина &100000000000001680000001,68 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Шарлот Шарлот
Број 11
Младинска кариера
Хапоел Петах Тиква Хапоел Петах Тиква
Макаби Петах Тиква Макаби Петах Тиква
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019-2021 Макаби Петах Тиква Макаби Петах Тиква 67 (20)
2021-2024 Селтик Селтик 79 (21)
2024- Шарлот Шарлот 15 (4)
Репрезентација
2017 Израел Израел 16 6 (1)
2017-2018 Израел Израел 17 21 (2)
2018 Израел Израел 18 4 (0)
2018-2019 Израел Израел 19 12 (4)
2020-2022 Израел Израел 21 8 (1)
2024- Израел Израел (олимп.) 3 (0)
2021- Израел Израел 10 (1)
* Ажурирано на: 22 април 2017
** Ажурирано на: 12 ноември 2016

Биографија

уреди

Абада е роден во Петах Тиква, Израел, во еврејско семејство со Мизрахи потекло.[2] На 13-годишна возраст, неговиот прв тренер во Макаби Петах Тиква ги зел него и неговиот татко, Ронен, да го прослават неговиот Бар мицва во Барселона.[3] Неговиот помлад брат, Орел Абада, е исто така фудбалер и моментално игра за Хапоел Ранана.[3]

Абада е голем верник и не игра фудбал за време на најголемиот еврејски празник Јом Кипур.[4]

Од 2020 година, тој е во врска со Бар Рашти.[5]

Технички карактеристики

уреди

Неговата примарна позиција е десно крило.

Клупска кариера

уреди

Макаби Петах Тиква

уреди
 
Абада со Макаби Петах Тиква во 2021 година.

Абада го направил своето професионално деби со екипата на Макаби Петах Тиква во Купот на Израел на 22 август 2019 година, влегувајќи како замена во 63-тата минута од натпреварот против Хакоах Амидар Рамат Ган, кој завршил со победа на неговата екипа на домашен терен со 4–1.[6] На 9 септември 2019 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во Лига Леумит - второто ниво на израелскиот фудбал - против Бнеи Сахнин, погодок во 90-тата минута со кои израмнил на 1–1 што бил и конечниот резултат на средбата.[7] Сезоната 2019-2020 ја завршил со 29 настапи и 8 постигнати гола во Лига Леумит, придонесувајќи за промоцијата на Макаби Петах Тиква во највисоката фудбалска дивизија, како шампиони во второто ниво на земјата.

На 30 август 2020 година, Абада го постигнал својот прв гол во Премиер лигата на Израел, и тој се испоставил како победничкиот за неговиот тим, во 86-тата минута од натпреварот во кој го победиле Макаби Тел Авив на гостински терен со 1–2.[8] Со 12 постигнати гола во 36 натпревари во Премиер лигата на Израел, тој бил едно од откровенијата на сезоната во врвната израелска лига.

Селтик

уреди

На 14 јули 2021 година, Абада потпишал петгодишен договор со шкотскиот клуб Селтик, кој како обесштетување за трансферот му платил на Макаби Петах Тиква 3,6 милиони фунти.[9] На 20 јули 2021, тој постигнал гол на своето деби за Селтик во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите против данската екипа Митјиланд, што завршил нерешено 1–1.[10] На 21 август 2021, во неговиот трет настап во Премиер лигата на Шкотска, Абада ги постигнал двата своите први два гола во првенството за Селтик, во убедливата победа на домшен терен со 6–0 над Сент Мирен.[11] На 4 ноември 2021 година, тој го постигнал победничкиот гол во успехот на детелините со 2-3 на гостувањето кај унгарската екипа Ференцварош во Лига Европа.[12] Во сите натпреварувања, Абада одиграл 54 натпревари и постигнал 15 гола за Селтик во својата дебитантска сезона во клубот, придонесувајќи за освојувањето на шкотското првенство - каде постигнал 10 гола во 36 натпревари - и за Лига купот на Шкотска. На крајот од сезоната, Абада бил избран за Најдобар млад играч на годината во Шкотска.[13]

На 28 август 2022 година, Абада постигнал хет-трик и асистирал за еден гол, во победата со 9–0 на гости против Данди Јунајтед во Премиер лигата на Шкотска 2022–2023.[14] На 3 септември 2022 година, тој ги постигнал првиот и третиот гол во Олд Фирм дербито против Ренџерс, кое завршило 4-0 за Селтик.[15] На 6 април, Абада дебитирал во главниот жреб на Лигата на шампионите, играјќи во натпреварот од групната фаза против Реал Мадрид.[16] На 19 октомври 2022 година, тој постигнал два гола во период од 11 минути, а подоцна додал асистенција во победата со 4-0 на гости против Мадервел во четвртфиналето на Лига купот на Шкотска 2022-2023.[17] Со 13 гола во 47 настапи во сите натпреварувања, Абада придонесол за освојувањето на домашната тројна круна во сезоната 2022-2023 со Селтик, освојувајќи го шкотското првенство, Купот на Шкотска и Лига купот на Шкотска.

На 1 септември 2023 година, Абада потпишал нов четиригодишен договор со Селтик.[18] Во третата сезона со Селтик неговата кариера бил погодена од војната Израел-Хамас, бидејќи навивачката група Зелена бригада ја демонстрирала својата поддршка за Палестинците.[19][20] По овој повод тој се сретнал со раководството на Селтик, што довело до негово критикување во Израел, а Селтик издале соопштение во кое се вели дека е „непримерно“ навивачите да ги покажуваат тие пораки.[21] Абада бил повреден во времето кога започнала војната, а во тимот се врати во декември.[22] Дури и менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс изјавил во февруари 2024 дека Абада поминал низ "тешко време" за да може да ги прикаже својте најдобри перформанси имајќи ги во предвид околностите,[22] а потврдил дека Абада би можел да го напушти клубот,[23] што и се случило околу месец дена подоцна.

Шарлот

уреди

На 8 март 2024 година, Абада преминал во МЛС лигата, каде потпишал за Шарлот во трансфер вреден 10 милиони фунти.[24]

Репрезентативна кариера

уреди

Абада играл за сите младински селекции на Израел од под 16 до под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 5 јуни 2021 година, во пријателскиот натпревар против Црна Гора одигран во Подгорица, во кој го заменил Јонас Маледе во 61-вата минута при резултат 0-0, а на крајот Израел победил со 3-1.[25] Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал против Исланд во ремито 2-2 во Лигата на нации на 2 јуни 2022 година.

Во јули 2024, Абада бил повикан во составот на олимписката репрезентација за Олимписките игри 2024 во Париз.[26] Тој ги одиграл сите три натпревари на Израел во групата Д, после која неговата земја била елиминирана со само еден освоен бод.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
  • Сениорска репрезентација
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Израел
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
5-6-2021 Подгорица Црна Гора   1 – 3   Израел Пријателска -   61'
1-9-2021 Торшавн Фарски Острови   0 – 4   Израел Квал. за СП 2022 -   84'
12-10-2021 Бершева Израел   2 – 1   Молдавија Квал. за СП 2022 -   74'
12-11-2021 Клагенфурт Австрија   4 – 2   Израел Квал. за СП 2022 -   82'
15-11-2021 Нетанја Израел   3 – 2   Фарски Острови Квал. за СП 2022 -   81'
2-6-2022 Хаифа Израел   2 – 2   Исланд УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   80'
10-6-2022 Тирана Албанија   1 – 2   Израел УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
13-6-2022 Рејкјавик Исланд   2 – 2   Израел УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза 1   78'
24-9-2022 Тел Авив Израел   2 – 1   Албанија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   77'
16-6-2023 Будимпешта Белорусија   1 – 2   Израел Квал. за Евро 2024 -   46'
21-3-2024 Будимпешта Израел   1 – 4   Исланд Квал. за Евро 2024 -   71'
Вкупно Настапи 12 Голови 1
  • Олимписка репрезентација
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Израел
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-7-2024 Париз Мали   1 – 1   Израел Олимписки игри 2024 - Прва фаза -   67'
27-7-2024 Париз Израел   2 – 4   Парагвај Олимписки игри 2024 - Прва фаза -   85'
30-7-2024 Нант Израел   0 – 1   Јапонија Олимписки игри 2024 - Прва фаза -
Вкупно Настапи 3 Голови 0

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019   Макаби Петах Тиква ПЛ 2 0 КИ+ТК 1+0 0 - - - - 3 0
2019-2020 ЛЛ 29 8 КИ+ТК 5+4 0 - - - - 38 8
2020-2021 ПЛ 26 8 КИ+ТК 2+0 1+0 - - - - 28 9
2021-2022   Селтик ШПЛ 36 10 КШ+ЛКШ 3+3 1+1 ЛШ+ЛЕ+ЛК 2[27]+8[28]+2 1[29]+2[30]+0 - - - 54 15
2022-2023 ШПЛ 34 10 КШ+ЛКШ 4+4 1+2 ЛШ 5 0 - - - 47 13
2023-мар.2024 ШПЛ 9 1 КШ+ЛКШ 1+1 0+0 ЛШ 0 0 - - - 11 1
Вкупно Селтик 79 21 16 5 17 3 - - 112 29
2024   Шарлот МЛС 8 2 ОКС 0 0 - - - ЛК 0 0 8 2
Вкупно во кариерата 144 39 28 6 17 3 - - 189 48

Титули

уреди

Клупски

уреди

Макаби Петах Тиква

уреди
2019-2020

Селтик

уреди
2021-2022, 2022-2023
2022-2023
2021-2022, 2022-2023

Индивидуални

уреди
2021-2022[13]

Наводи

уреди
  1. „Liel Abada“.
  2. Reporter, Jewish News (15 July 2021). „Celtic sign Israeli international winger Liel Abada“. jewishnews.timesofisrael.com.
  3. 3,0 3,1 „סולומון החדש של הלוזונים: הטירוף סביב ליאל עבדה - ספורט 5“. 14 April 2020.
  4. McGarry, Graeme (15 September 2021). „Liel Abada to miss Real Betis test through religious reasons as Ange Postecoglou mulls over Celtic captaincy“. Glasgow Times. Посетено на 25 December 2021.
  5. „New Celtic star Liel Abada's girlfriend poses in Hoops top after he signs“. 9 August 2021.
  6. „מכבי עירוני פתח תקווה 4 : 1 הכח עמידר רמת גן“. Israel Football Association. 15 January 2019. Посетено на 21 March 2021.
  7. „Maccabi Petah Tikva vs. Bnei Sakhnin - 9 September 2019 - Soccerway“.
  8. „Maccabi Tel Aviv vs. Maccabi Petah Tikva - 30 August 2020 - Soccerway“.
  9. „Celtic sign Israel winger Abada“. BBC Sport.
  10. „Celtic-Midtjylland | UEFA Champions League 2021/22“.
  11. „David Turnbull hat-trick helps Celtic hit another six in thrashing of St Mirren“. The Guardian. 21 August 2021. Посетено на 5 January 2022.
  12. „Ferencváros-Celtic | UEFA Europa League 2021/22“.
  13. 13,0 13,1 „Celtic take five prizes at PFA Scotland awards, including manager of the year“. BBC Sport. 1 May 2022. Посетено на 2 May 2022.
  14. „Dundee United 0–9 Celtic: Celtic strolled to an incredible record-breaking away league victory by humiliating beleaguered Dundee United to climb back to the top of the Scottish Premiership“. BBC Sport. 28 August 2022.
  15. „Celtic overwhelm Rangers to lay down title marker“. BBC Sport.
  16. UEFA.com. „Celtic-Real Madrid | UEFA Champions League 2022/23“. UEFA.com (англиски). Посетено на 2023-01-04.
  17. „Abada bags double as Celtic set up Kilmarnock semi“. BBC Sport.
  18. „Liel Abada: Celtic winger agrees new four-year deal“. www.skysports.com. Sky Sports. Посетено на 2023-09-01.
  19. „Celtic fans defy club by showing support for Palestine in Champions League – video“. the Guardian (англиски). 2023-10-26. ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-12-26.
  20. O'Hare, Liam. 'We're on the right side of history': Celtic's growing feud over Palestine“. Al Jazeera (англиски). Посетено на 2023-12-26.
  21. Paton, Ewan (10 October 2023). „Liel Abada 'meets' Celtic board over fans' Palestine display“. Glasgow Times. Посетено на 4 March 2024.
  22. 22,0 22,1 McGarry, Graeme (9 February 2024). „Rodgers on 'challenging' Celtic situation for Abada“. The Herald. Посетено на 4 March 2024.
  23. „Celtic: Liel Abada loan a possibility - Brendan Rodgers“. BBC Sport. 16 February 2024. Посетено на 4 March 2024.
  24. „Liel Abada: Celtic winger departs for Major League Soccer side Charlotte FC“. BBC Sport. 7 March 2024. Посетено на 8 March 2024.
  25. „Montenegro v Israel game report“. ESPN. 5 June 2021.
  26. „פריז, אנחנו באים!!!“ [Yes, please leave!!!]. Facebook (хебрејски). Israel Football Association. 11 July 2024.
  27. настапи во квалификациските кола
  28. 3 настапи во квалификациските кола
  29. во квалифкациските кола
  30. 1 гол во квалификациските кола

Надворешни врски

уреди