Леон Бенко (хрватски: Leon Benko; р. 11 ноември 1983 година) — хрватски фудбалер, напаѓач на Вараждин.

Леон Бенко
Лични податоци
Роден на 11 ноември 1983(1983-11-11)(40 г.)
Роден во Вараждин, СФРЈ
Држава  Хрватска
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Вараждин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2006 Вартекс 68 (18)
2006-2008 Нирнберг 10 (0)
2008-2009 Стандард 14 (1)
2009-2011 Кортрејк 32 (5)
2011-2012 Славен Белупо 27 (15)
2012 Ал Фајсали 9 (5)
2012-2014 Риека 50 (34)
2014 Даљен Аербин 9 (1)
2014-2016 Сараево 41 (27)
2016-2018 Олимпија Љубљана 49 (13)
2016-2018 Вараждин 12 (9)
Репрезентација
2003 Хрватска 20 2 (0)
2004-2005 Хрватска 21 17 (0)
2006- Хрватска 4 (0)
* Ажурирано на: 14 септември 2014
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Вартекс

уреди

Бенко ја започнал својата кариера во екипата на Вартекс, на кој му се приклучил во 1991 година на возраст од 8 години. Во јули 2003 година потпишал професинален договор со клубот. Во својата втора сезона веќе станал еден од најважните играчи на клубот и помогнал Вартекс да се квалификува за Интертото купот.

Нирнберг

уреди

На 23 мај 2006, Бенко потпишал три-годишен договор со германскиот Бундеслигаш, Нирнберг.[1] Своето деби во Бундеслигата го направил на 12 август 2006, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 86-тата минута на местото на Роберт Витек во победата со 3-0 над Штутгарт на гости.[2] Во својата прва сезона имал големи проблеми со повреди поради што одиграл само 9 натпревари (7 во првенството и 2 во купот) и сите влегувајќи како замена. Исто така поради повреда не бил во можност да игра во финалето на купот на Германија, кое неговите соиграчи го добиле со победа повторно над Штутгарт со 3-2.

Во втората сезона во клубот Бенко имал многу мала минутажа. Единствено за одбележување е неговиот прв и единствен погодок во дресот на Нирнберг, постигнат на 29 ноември 2007 во натпревар од Купот на УЕФА против рускиот Зенит што завршил 2-2.

Стандард

уреди

На 4 август 2008, потпишал за белгискиот Стандард. Во својата единствена сезона во клубот страдал од повреда и одиграл само 14 првенствени натпревари на кој постигнал само еден гол.

Кортрејк

уреди

Сезоната 2009-10 ја поминал во редовите на друг белгиски тим, Кортрејк.[3] На 32 првенствени натпревари постигнал 5 гола.

Славен Белупо

уреди

На 29 јануари 2011 година, Бенко потпишал договор на една и пол година со Славен Белупо.[4] Во својот прв натпревар за Славен, тој постигнал гол во поразот со 2-1 од Сплит. До крајот на сезоната тој направил уште десет настапи за клубот и постигнал осум гола во процесот. Тој ја отворил новата сезона постигнувајќи гол против ФK Загреб во првото коло во јули 2011 година.[5] Тој постигна седум гола во хрватската прва лига и додал 3 асистенции до средината на сезоната, кога тој го напуштил клубот и заминал во екипата на Ал Фајсали во Саудиска Арабија.

Ал Фајсали

уреди

Во Арабија започнал добро, постигнал 5 гола на 9 натпревари, но по завршувањето на сезоната одбил да ја продолжи соработката и се враќа назад во својата родна Хрватска.

Риека

уреди

Пред почетокот на сезоната 2012-13, Бенко потпишал за екипата на Риека. Тој бил најдобар стрелец за сезоната во хрватската прва лига постигнувајќи 18 гола во 30 настапи.

Следната сезона 2013-14, Бенко постигнал многу важни голови за Риека во квалификациите за Лига Европа против Престатин Таун и Штутгарт. Риека стигнала до групната фаза во ова натпреварување, но во конкуренција со Реал Бетис, Лион и Виторија Гимараеш го зазема последното место. Бенко постигнал еден гол во групната фаза против Бетис на домашен терен.

Даљен Аербин

уреди

На 24 февруари 2014, Бенко потпишал за кинескиот клуб Даљен Аербин. Своето деби за клубот го имал на 8 март на гостувањето против Хангжу Гринтаун во натпревар што завршил 1-1. Својот прв гол во Кина го постигнал на 22 март, во ремито 2-2 во гости против Хенан Џианје.[6]

После само три месеци во клубот го раскинал договорот поради неисплатени плати.[7]

Сараево

уреди

На 12 септември 2014, како слободен играч потпишал договор со Сараево.

Титули

уреди

  Нирнберг

уреди

  Стандард

уреди

Хет-трик

уреди

Својот прв и единствен хет-трик во кариерата Леон Бенко го забележал на 18 јули 2013 (на возраст од 29 години), постигнувајќи 3 гола во убедливата победа на Риека на домашен терен со 5-0 над Престатин Таун, велшкиот претставник во Лига Европа во сезоната 2013-14.

Натпревари во кој постигнал хет-трик

уреди

Наводи

уреди
  1. „Бенко потпиша за Нирнберг“ (хрватски). Jutarnji list. 23 мај 2006. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 1 април 2012.
  2. Штутгарт-Нирнберг 0-3
  3. „Leon Benko trekt naar KV Kortrijk“ (холандски). belgiumsoccer.be. Архивирано од изворникот на 2009-06-30. Посетено на 2014-03-29.
  4. Рупник, Борна (30 јануари 2011). „Леон Бенко се врати во Хрваска“. Sportnet.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на 2015-05-25. Посетено на 2 март 2011.
  5. Павлиќ, Антонија (26 февруари 2011). „Сплит подобар од Копривчани“. Sportnet.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на 2015-05-25. Посетено на 2 март 2011.
  6. Хенан Џианје-Даљен Аербин 2-2
  7. * http://www.novilist.hr/Sport/Nogomet/Leon-Benko-Nemam-se-namjeru-nikome-nuditi-u-Rijeci-sve-znaju

Надворешни врски

уреди