Латрово
Латрово (познато и како Латарово, Латерово или Латурово; грчки: Χορτερό, Хортеро; до 1927 г. Λάτροβο, Латрово[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 509 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
Латрово Χορτερό | |
---|---|
Координати: 41°14′N 23°22′E / 41.233° СГШ; 23.367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Валовишта |
Надм. вис. | 90 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 509 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во Серското Поле, на 4 км југозападно од градот Валовишта, на надморска височина од 90 м. Се наоѓа во непосредна близина на железничката линија Сер-Валовишта.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Латрово било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Литарево (Litarevo) имало 200 домаќинства и 700 жители Македонци.[4][5]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Латрово, чифлик и село на 1⁄2 час југозападно од Валовишта. Произведува секакви жита и познати свињи. Грчка црква. 110 македонски куќи.[6] | “ |
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Латрово имало 360 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Латрово имало 360 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][8]
Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[9]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 292 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 284 лица.[3]
Под притисок од грчките власти, во 1924 година, 4 семејства или 17 лица принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле 68 бегалски семејства (вкупно 259 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Хортеро (Χορτερό).[2]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле само 170 жители, бидејќи бегалците се иселиле пред Втората светска војна. По Втората светска војна населението се вратило, а за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) се доселиле жители од околните планински села.[3]
Стопанство
уредиНаселението одгледува многу памук, фуражни култури и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 691 | 945 | 872 | 839 | 782 | 715 | 622 | 628 | 509 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 9 квадратни километри.[3] Општината Латрово била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.
Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Латрово, во кој е единствено село.
Личности
уредиРодени во Латрово
- Георги Куртев - Латровалијата (1855 - по 1896) — македонски револуционер
- Димитар Антонов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на X Прилепска дружина, II чета на XI Серска дружина[10]
- Димитар Георгиев (1889 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, четник на Георги Занков, II чета на IV Битолска дружина[11]
- Илија Велков — борец во Македонско-одринските доброволни чети, II чета на XI Серска дружина[12]
- Тома Димитров — борец во Македонско-одринските доброволни чети, II чета на XI Серска дружина[13]
- Починати во Латрово
- Зисо Попов (Живко Попов) (1882 - 1944) — македонски револуционер
- Иван Пукев (? - 1944) — македонски револуционер на ВМРО[14]
- Григор Беганов (1891 - 1944) — македонски револуционер, селски војвода на ВМРО[14]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2023-02-29. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 199.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 858.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 851. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 45. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 152. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 123. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 229. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ 14,0 14,1 Радовски, Александър. Мице Чегански, Фабер, Велико Търново, 2020, стр. 132.