Латоришта
Латоришта или Златоришта (грчки: Αγίασμα, Ајасма; до 1927 г. Λατόριστα, Латориста[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 2 жители (2021).
Латоришта Αγίασμα | |
---|---|
Координати: 40°17′N 21°14′E / 40.283° СГШ; 21.233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 745 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 2 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта и околу 15 км западно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 745 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиПо името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Латоришта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Латоришта живееле 110 Грци, од кои 55 христијани и 55 муслимани (Валахади).[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лотаришта е претставено како чисто грчко село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 22 куќи.[5]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Латоришта (Latorichta) има 55 Грци.[6]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Латоришта живееле 120 Грци христијани.[7]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 149 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 143. Бидејќи муслиманското население отпорано се иселило, во селото не биле населени бегалци.[3]
Во 1927 г. името на селото било променето во Ајасма (Αγίασμα), по стариот извор кој се наоѓал на денешната местоположба на црквата „Св. Атанасиј“.[8]
Стопанство
уредиНаселението одгледува жито, компири и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 126 | 127 | 109 | 45 | 50 | 35 | 34 | 3 | 2 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиОпштината Латоришта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Латоришта, во кој влегуваат и селата Мазган, Царишта и Чавалер.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Атанасиј“ —главна селска црква, изградена во XVIII век, а обновена во 1914 г.[8]
- Црква „Св. Никола“ — изградена во 1958 г. на рид над селото[9]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Latorista -- Agiasma“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-19.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 341.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 272. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 77.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
- ↑ Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ 8,0 8,1 „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-04. Посетено на 7 мај 2024.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 7 мај 2024.