Царишта (Населичко)
Царишта (грчки: Άγιος Θεόδωρος, Агиос Теодорос; до 1927 г. Τσάριστα, Цариста[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 19 жители (2021).
Царишта Άγιος Θεόδωρος | |
---|---|
Координати: 40°17′N 21°13′E / 40.283° СГШ; 21.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 770 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 19 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 770 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиПо името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Царишта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Царишта живееле 112 Грци, од кои 50 христијани и 72 муслимани (Валахади).[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Царишта е претставено како чисто грчко село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 24 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Царишта живееле 125 Грци муслимани.[6]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Царишта (Tzarichta) има 120 Грци.[7]
На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Виделуш било „грчко“ село.
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 105 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 95.[3]
Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 10 бегалски семејства (вкупно 49 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Агиос Теодорос (Άγιος Θεόδωρος).[2]
Стопанство
уредиНаселението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 135 | 125 | 107 | 79 | 71 | 61 | 70 | 34 | 19 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиОпштината Царишта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царишта, во кој влегуваат и селата Мазган и Чавалер.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 16 јуни 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 349–350.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 77.
- ↑ Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.