Купола

(Пренасочено од Кубе)

Купола (италијански: cupola; латински: cupula)[1][2] или кубе[3][4] — архитектонски елемент, кој има облик сличен на полутопка или некое друго заоблено геометриско тело (елипсоид, параболоид и сл. Купоата претставува подвижен елемент, кој служи како покрив, за кој не е потребна дополнителна поддршка, а најчесто се изработува од камен или цигла, а во поново време и од бетон и метал.

Пресек на купола

Конзолестите сводови биле составни делови од градбите и гробниците, уште во Стариот Близок Исток. Преобразбата на ваквите сводови во куполи започнала со римската архитектонска револуција[5], кога куполите биле употребувани како покриви на храмовите и другите јавни градби.

Во многу ренесансни и барокни градби, биле градени помали купли, кои всушност претставувале покриви на кулите околу градбата и не служеле само за примање на повеќе светлина и вентилација на воздухот, туку и како украси околу главната купола на градбата.

Историја

уреди

Точно не се знае кога била изградена првата купола, но примитивни архитектонски елементи кои наликувале на купола, биле составен дел, уште од праисториските градби. Првите такви можеби се четирите примитвни живеалишта, изградени од коски и заби на мамут, кои потекнуваат од 20.000 до 15.000 години п.н.е., а биле пронајдени од страна на земјоделец во местото Межирич, Украинска ССР во 1965 година, кој копал во својаата визба.[6]

 
Пантеонот во Рим

Појавата на првите куполи се поврзува со римската архитектонска револуција, а за најстара купола во светот се смета куполата на Пантеонот во Рим, изграден во 128 година.

Употребата на елементот продолжила и во византиската архитектура, а најчесто бил составен дел од верските објекти. Најголем напредок во тој период била едрестата технологија, која меѓу другото се применувала и при изградбата на црквата Света Софија во Цариград.

По сасанидските освојувања на блискоисточната територија на Византија, куполата станала дел и од исламската архитектура.

Во Западна Европа, куполата повторно станала популарен архитектонски елемент, со појавата на ренесансата, а најголемиот расцут го постигнала во средината на XVIII век како елемент на барокната архитектура. Потсетувајќи на зградата на римскиот сенат, во XIX век многу административни згради биле градени со куполи. Во изградбата на домови, куполите се граделе ретко, бидејќи во барокната архитектура истите биле составен дел само од најголемите градби.

 
Апачиски вигвам, фотографиран во 1903 година

Во поново време, многу народи и племиња граделе и градат домови во облик на куполи. Така, живеалиштето на американските староседелци, вигвам, има облик на купола. Пигмејците, исто така градат градби со куполи, употребувајќи листови од манго и ќерамиди.[7] Едноставен облик на постоење на купола се и ескимските иглоа, кои претставуваат засолништа изградени од гоеми ледени коцки. Народот Химба, кој ја населува јужноафриканската држава Намибија гради „пустински иглуа“, кои се изработуваат од глина и служат како привремено засолниште за добитокот, ни и како домови за сиромашните.[8]

Особености

уреди
 
Споредба меѓу „вистинска купола“ (лево) и „лажна купола“ (десно)

Домот може да се смета за облик добиен со кружно движење на лак околу својата централна вертикална оска. На тој начин, куполите како и лаковите имаат големо количество на структурна сила, доколку се правилно изградени и може да опфатат голем отворен простор без дополнителна поддршка од внатрешноста на градбата.

Конзолестите куполи се обликувани со подредување на хоризонтални камени слоеви, при што секој следен слој, незначително го надминува претходниот понизок слој, така што на врвот конзолите, кои служат како поддржувачи на подредените слоеви од двете страни, се спојуваат. Овие куполи, понекогаш се нарекуваат „лажни куполи“. „Вистинските куполи“, се обликувани со постепено зголемување на аголот меѓу соодветниот слој и основата на куполата, така што аголот меѓу основата и врвот на куполата е прав.

Низ историјата, куполите биле изработувани од различни материјали: камен, дрво, стакло, бетон, метал и пластика.

Видови куполи

уреди

Конзолеста купола

уреди
 
Конзолеста купола

Врвестата купола се разликува од „обичната купола“ по тоа што се состои од одделни хоризонтални слоеви. Секој следен слој незначително го надминува претходниот и е поддржан со конзола. Конзолите од двете страни се спојуваат во врвот и центар на куполата. Ваква купола се јавува кај Атреевата ризница.

Кромидеста купола

уреди
 
Кромидеста купола

Овој облик на купола има форма на кромид, по што и го има добиено името. Главно, ваквите куполи биле градени како дел од православните цркви во Источна Европа, но се наоѓаат и како составен дел на барокните градби во Германија, но и во градби во Турција, Индија и на Близок Исток. Куполите во овој облик имаат поголем пречник од оној на кулата над која се поставени изградени, а нивната висина, обично ја надминува нивната ширина. Во Украина, ваквите куполи се познати како крушести куполи, а во црковната архитектура кромидестите куполи може да се јават како шлемести куполи, додека во барокната архитектура како пупчести куполи.

Јајцеста купола

уреди
 
Кружна купола

Јајцестата купола се јавува како дел од барокната архитектура. Самото име потекнува од обликот кој го има истата. Често, куполите со ваков облик се поврзуваат со архитектите Чаще всего овальные купола связывают с именами архитекторов Бернини и Боромини, иако првата барокна јајцеста купола е дело на Џакомо да Вињола, како дел од црквата Санта Андреа ин виа Фламина[а]. Изградбата на куполата била нарачана од страна на папата Јулиј III во 1552 година и била завршена следната година.[9] Најголемата јајцеста купола била изградена во Викофорте, а е дело на Франческо Гало.

Многуаголна купола

уреди
 
Многуаголна купола

Куполите, чиишто хоризонтални пресеци се многуаголници се наречени „многуаголни куполи“. Меѓу најпознатите многуаголни куполи се вбројуваат осумаголната купола на црквата Санта Марија дел Фјоре во Флоренции, изградена од страна на Филипо Брунелески.

Едреста купола

уреди
 
Скица на едреста купола

Едрестата купола се појавила со развојот на едрестата технологија во Византија, па често истата се нарекува и „византиска купола“. Карактеристично за овој вид на купола е тоа што таа не ја допира градбата над која е изградено целосно, туку само во четири точки, со што остава впечаток дека има облик на четириаголно едро, свиткано во облик на полутопка.

Чиниеста купола

уреди
 
Голема чиниеста купола

Овој вид купола се однесува на плитката купола, со многу мала висина над соодветната градба, чијшто хоризонтален пресек е круг. Овој вид купола е понизок од другите видови, па зафатнината на самата купола е помала од полутопка. Видена однатре, куполата има облик на чинија, по која го има добиено името.

Чиниестаите куполи станале популарни во XVIII век и својата популарност ја задржале до денес. Често се употребуваат како елементи при планирањето на внатрешниот простор, па така видени однатре оставаат впечаток како да зафаќаат поголема зафатнина отколку што изгледаат однадвор. Најчесто, во својот внатрешен дел, овие куполи се украсени со орнаменти или фрески.

Во византиската архитектура, овие куполи биле употребувани при изградбата на цркви, а во османлиската при изградбата на џамии. Денес, најголем број од џамиите во Индија, Пакистан, Иран и Авганистан се покриени со чиниести куполи.

Чадореста купола

уреди
 
Чадореста купола

Чадорестите куполи се поделени на видливи ребрести делови, кои се прошируваат од центарот кон основата на куполата. Материјалот меѓу ребрестите делови е во облик на лак, кој дава дополнителна поддршка на ребрата. Централната купола на црквата Света Софија во Истанбул е изработена на овој начин, што му овозможило на архитектот да постави витраж меѓу ребрата. Главната купола на базиликата Свети Петар во Рим, исто така го има овој облик.

Куполата во религијата

уреди

Куполата зазема значајно место во христијанството и исламот, еднакво како и во различните архитектонски стилови. Најголем дел од православните цркви и муслиманските џамии се украсени со куполи, што за многумина има соодветна симболика. Така, во православието, куполата се јавува со значење на небо и ги украсува Небесното царство, Бог и ангелите.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • а Црквата е позната и под името Санта Андреа дел Вињола.

Наводи

уреди
  1. „купола“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „купола“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „кубе“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „кубе“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Rasch, Jürgen (1985). „Die Kuppel in der römischen Architektur. Entwicklung, Formgebung, Konstruktion“. Architectura. 15: 117–139 (117).
  6. Hitchcock, Don. Don's Maps. "Mezhirich - Mammoth Camp". Accessed on August 15, 2009
  7. „Efe Pygmies“. Архивирано од изворникот на 2005-11-24. Посетено на 2010-09-06.
  8. Crandall, David P.: „The Place of Stunted Ironwood Trees: A Year in the Lives of the Cattle-herding Himba of Namibia“, Continuum International Publishing Group, 2000, стр.34-35, ISBN 0-8264-1270-X.
  9. S. Andrea sulla Flaminia

Литература

уреди
  • Oscar Schneider: „Kampf um die Kuppel“. Baukunst in der Demokratie. Bouvier Verlag, Bonn 2006. 280 S., zahlr. Abb. ISBN