Игло (инуитски:iglu - „куќа“; множина igluit) е привремено живеалиште во зимски услови или за престој на ловците на канадските и гренландските Инуити (Ескими) направено од снежни блокови.

Игло
Шематски приказ на игло.

Начин на изградба

уреди

Градителот избира длабок снежен нанос од фин, зрнест компактен снег и го сече во блокови. Откако ќе се положи еден ред блокови во круг, нивните површини на врвот се обработуваат во искосен агол за да го формираат првиот круг од спиралата. Другите блокови се додаваат во спиралата, која се стеснува кон внатре сѐ додека не се заврши куполата, со отвор за проветрување на врвот.