Апачите се американски староседелци кои живееле на југозапад на Северна Америка и припаѓаат на групата на атабасканските народи. Тие зборуваат со јазикот на Апачите, кој припаѓа на семејството на атабасканските јазици. Секое од 6-те племиња на Апачите зборувало на свој јазик. Потеклото на зборот Апачи е непознато. Тие живееле на територијата на денешна источна Аризона, Ново Мексико, западен Тексас, јужен Колорадо, западна Оклахома и во северниот дел наМексико во делови на сојузните држави Сонора и Чивава. Во Апачеријата, нивната заедничка татковина, се наоѓаат голем број високи планини, долини, длабоки кањони, пустини, а се простира и на јужниот дел на големите рамнини. Важеле за храбро и воинствено племе, кое постојано било во судир со белците. Конечно биле покорени во 1886 година. Денес, тие се наоѓаат во резерватите во Аризона, Ново Мексико, Оклахома и Тексас, иако можат да се најдат секаде низ САД, вклучително и во поголемите градови. Според пописот на жителите на САД во 2010 година, имало 63.173 Апачи, а ако би се вклучиле и тие со мешано потекло би биле 111.810.[1]

Џеронимо

Подгрупи

уреди
 
Географска дистрибуција на Апачи и Навахо во 19 век. WA: Западни Апачи, N: Навахо, Ch: Чирикава, M: Мескалеро, J: Хикари, L: Липан, Pl: Прериски Апачи.
 
Географска дистрибуција на Апачи и Навахо во 21 век

Племињата на Апачи се:

Западни племиња:

  • 1) Мескалеро
  • 2) Чирикава
  • 3) Западни Апачи
  • Тонто
  • Вајат Маунтан
  • Чибику
  • Сан Карлос Апачи

Источни племиња:

  • 4) Хикари
  • 5) Липан

Прериско племе:

  • 6) Прериски Апачи (или Кајова Апачи )

Историски подгрупи на различни апачки племиња

уреди

Чирикава

уреди

Во минатото, Чирикава живееле во југоисточна Аризона и југозападниот дел од Ново Мексико .

  • Чирикава Апачите, кои живеат во Оклахома, Форт Сил Апачите се состои од 4 подгрупи:
  • Чихени (или Источни Чирикави, Мимбрењоси, Коп’р Мајнс Апачи, Ворм Спринг Апачи, Гила Апачи)
  • Биданку (или Североисточни Чирикави, Моголон Апачи, Бедонко, Бронко Апачи, Гила Апачи)
  • Чукунен (или Централни Чирикави, Чоконенди, Чирикави во потесна смисла)
  • Ндендаи (или Јужни Чиракави, Пајн’ри Апачи, Сиера Мадре Апачи, Чиракави во потесна смисла)

Коп’р Мајнс Мимбрењоси (или Коп`рмајн) живееле околу горниот тек на реката Гил во областа Пинос Алтос во Ново Мексико. Тие биле подгрупа на Чихена Апачите.

Ворм Спрингс Мимбрењос (или Вормспринг) живееле околу горниот тек на реката Гил во областа Охо Калиенте во Ново Мексико. Тие биле подгрупа на Чихена Апачи.

Гилењо (или Апачис де Гила, Апачис де ла Сира де Гила, Гиланианс, Гила Апачи, Гилењос) е име кое се однесувало на неколку различни апачки и неапачки групи во различни временски периоди. Зборот Гила се однесувало или на реката Гил или на планините Гил. Бидејќи ова име се користело за сите групи Апачи западно од реката Рио Гранде, честопати не било јасно за која група точно се однесувало во историските документи. Под името Чирикава биле вклучени Биданку (Моголон) и Чихена Индијанците. По 1722 година во шпанските документи, почнало да се прави разлика помеѓу различните групи на Гила Апачи, а терминот Апачис де Гила почнал да се користи за Западните Апачи кои живееле околу реката Гил (како синоним се користел терминот Којотеро).

Хикари

уреди

Хикари Апачите живееле претежно во северниот дел на Ново Мексико, јужниот дел на Колорадо и областа Пенхенд’л во Тексас. Името Хикари потекнува од шпанскиот збор за мала тиква. На територијата на Хикари Апачи постоеле две сосема различни средини, што било причина да се формираат две различни заедници: Ољероси или Хикари на планинските долини и Љанероси или рамничарски (прериски) Хикари.[2][3] Секој септември, двете групи се натпреварувале во церемонијална трка за време на празникот Гоџи.

Две подгрупи на Хикари Апачи биле:

  • Ољeроси (или Северен Хикари, Саидинде), биле жители на планините, живееле западно од реката Рио Гранде покрај реката Чама.[4] Се занимавале со земјоделство, грнчарство, а нивното име потекнува од шпанскиот збор „ољeро“, што значи грнчари. Нивните населби биле слични на Пуебла. Самите тие се нарекувале „Саидинде“ што значи „Песочни луѓе“ или „Планински луѓе“ или „Жители на планините“.
  • Љанероси (или Источни Хикари), биле жители на рамниците (прериите), живееле како номади во типи, ги следеле и ловеле бизоните во преријата источно од реката Рио Гранде. Центарот на нивната територија било околу реката Кенеидијан Рив. Се нарекувале „Гулгахен“ или „Рамничарски народ“, име кое Шпанците го превеле во „Љанерос“, што значи „Жители на рамнините“.[2][3]

Липан

уреди

Команчи и нивни сојузници, до 1750 година, ги протерале Липан Апачите од јужните делови на Големата рамнина, по што тие се поделиле во две главни групи, кои понатаму биле поделени во помали подгрупи.

Две главни групи на Липан Апачи биле:

  • Источни Липани (или Горни Липан, Северен Липан)
  • Церал Туета (Црвенокоси луѓе), живееле јужно од реката Нуецес во јужен Тексас
  • Че ша (Луѓето Сонцеви Видри), живеле од Сан Антонио Тексас кон југ сè до реката Рио Гранде
  • Конечи (Борови луѓе), живееле од Луизијана до источен Тексас долж реката Ред Ривер
  • Колкаха (Луѓе на Високата Трева), живееле во средишната рамнина на Тексас долж горниот тек на реката Колорадо и нејзините притоки, јужно сè до реката Пекос
  • Чокана (Прашинести луѓе), живееле западно од Форт Грифин во Тексас, долж горниот тек на реката Колорадо кон западната страна на реката Рио Гранде
  • Коки меческо лаха (Луѓето на шилестите мокасини) живееле јужно од Сно Антонио сè до северниот дел на Мексико
  • Цел татли дша (Луѓето на Зелената Планина), живееле источно од реката Рио Гранде, по долниот тек на реките Гвадалупе и Нуецес
  • Ндаве коха (Луѓето на оган), живееле југоисточно од Форт Грифин, долж реките Колорадо, Сан Саба и Љанос, кон горниот тек на реката Нуецес и нејзините притоки на Фрио и Атаскос во Тексас
  • Ша иа нде (Северни луѓе), биле најсеверната група на Липан Апачи
  • Цес цембаи (Луѓе со волчји глави), живееле меѓу горниот тек на реката Бразос и реката Колорадо
  • Тел конда (Луѓето на Диви Гуски), живееле западно од Форт Грифин во Тексас, долж горниот тек на реката Колорадо и нејзините притоки
  • Западни Липани (или Долен Липан, Јужен Липан)
  • Тун ца нде (Луѓе на Големата вода), живееле од рамнините на крајбрежјето на Мексиканскиот Залив, до реката Рио Гранде од двете нејзини страни, во државата Коавила
  • Цес Кеценде (Луѓе од Обоената Шума), живееле околу горниот дел од реката Бразос, а подоцна се преселиле во близина на Лавон во Мексико.
  • Тинди нде (Планински луѓе), живееле околу горниот тек на реката Рио Гранде меѓу јужниот дел на Ново Мексико и северниот дел на Мексико
  • Ча шка ожаје (Луѓе на Малите Престилки) живееле долж источниот брег на реката Пекос во Тексас
  • Твид нде (Жилави луѓе од Пустината), живееле блиску до устието на реките Бразос и Рио Гранде
  • Зит ис ти нде (Камен Врзан За Главата на Луѓето), живееле во пустините на северниот дел од Мексико

Мескалеро

уреди

Мескалеро Апачите живееле претежно во источниот дел на Ново Мексико.

Мескалеро Апачите биле поделени во следниве групи:

  • Натахенде (Луѓе Мескала), живееле помеѓу реките Рио Гранде и Пекос во централниот дел на Ново Мексико
  • Гулкахенде (Луѓе на Рамнините), живееле источно од планинита и реката Пекос, на висорамнините од областа Пененд`л во Тексас до долината на реката Пекос, меѓу Амарил, Тукумкари, Лубок и Љано Естакадо, долж планините Санди и Тирас, западно до Санта Фе, од Ногал клисурата на север до Лас Вегас (Ново Мексико), и од планината Орган на исток до Ел Пасо
  • Цилнихенде (Луѓето на Планинскиот рт), живеел на планините западно и јужно од реката Пекос
  • Цлахахенде (Луѓе Антилопи), живееле помеѓу реките Пекос и Рио Гранде, во централните и јужни планини на Ново Мексико и басенот Туларос
  • Нитахенде (Луѓе на Земјените засеци), живееле на планините Сакраменто во Ново Мексико и на Гвадалупе планините во Западен Тексас
  • Цехичихенде (Луѓето со Кукаст Нос ), живееле на планините Гвадалупе и соседните рамници на Тексас и северните делови на Кахуила и Чивава во Мексико
  • Цебекиненде (Луѓе на Каменитите Куќи), живееле околу Нуево Касас Грандес во државата Чивава
  • Тахунде (Луѓето на Планините Што Се Протегаат До Реката) живееле од двете страни на реката Пекос во јужниот дел на Ново Мексико и југозападниот Тексас.
  • Таинкунд (Луѓе На Големата Вода), живееле во јужниот дел на централниот Тексас и северниот дел на Кахуили. Првобитно тие биле Липан Апачи, но подоцна им се приклучиле на Мескалеро Апачите
  • Туетинините (Жилавите Луѓе Од Пустина), живееле на север од Кахуила и Чивава. Првобитно тие биле Липан Апачи,но подоцна им се приклучиле на Мескалеро Апачите

Прериски Апачи

уреди

Прериските Апачи или Кајова Апачите себеси се нарекувале Наиша и Наишан Дене. Тие биле во сојуз со Кајовите. Живееле во Големата Рамница. Денес тие живеат во југозападна Оклахома.

Западни Апачи

уреди
 
Жена од племето Сан Карлос Апачи

Во групата на Западните Апачи се вбројуваат: Северните Тонто, Јужните Тонто, Вајт Маунт’н, Чибику и Сан Карлос Апачи. Според Гудвин, овие групи на Западните Апачи, иако имале ист јазик, се сметале за меѓусебно независни племиња.

  • Тонто, според Гудвин тие живееле во западните и северни подрачја на Западните Апачи, северно од Феникси северно од реката Верде.
  • Северни Тонто
  • Болд Маунт’н
  • Фосил Крик
  • Мормон Лејк
  • Оук Крик
  • Јужни Тонто
  • Мазацал
  • другите Јужни Тонто
  • Вајт Маунт’н биле најисточната група на Западните Апачи
  • Источни Вајт Маунт’н
  • Западни Вајт Маунт’н
  • Чибику, живееле северно од реката Сол Ривер, меѓу Тонто и Вајт Маунт’н Апачи. Тие се делеле во 3 подгрупи:
  • Сид’р Крик
  • Каризо
  • Чибику во потесна смисла
  • Сан Карлос Апачите, според Гудвин, живееле најблиску до Тусон од сите групи на Западни Апачи (тие биле најјужната група). Имале 4 подгрупи:
  • Апачи Пикс
  • Ариваипа
  • Пинал
  • Сан Карлос Апачи во потесна смисла

Историја

уреди

Доселување на југозапад

уреди

Апачите и Навахо зборуваат јазик сроден со јужно-атабасканските јазици . Народи кои сè уште го користат атабасканскиот јазик живеат на Алјаска, западна Канада и на северозападниот дел од тихоокеанското крајбрежје. Антрополошките докази покажуваат дека Апачите и Навахо Индијанците живееле во тие исти северни територии, пред да мигрираат на југозапад, меѓу 1200 и 1500 година.

Номадскиот начин на живеење на Апачите оневозможува точно утврдување на време на нивното доселување, затоа што во однос на другите народи кои живееле на југозапад од САД тие имале најпримитивни живеалишта. [5] Од почетокот на 21 век постигнат е напредок во одредувањето на времето на нивното доселување, во препознавањето на нивните населби и другите облици на материјалната култура.

Во време на пристигнување на Шпанците, веќе била воспоставена трговија помеѓу Пуебло Индијанците и Апачи. Пуебло Индијанците разменувале пченка и памук за месо од бизони и материјали за изработка камени алатки. Коронадо забележал дека прериските Индијанци во текот на зимата своите кампови ги поставувале во близина на Пуебло. По воспоставувањето на шпанскиот суверенитет во областа, дошло до нарушување на трговските односи меѓу двете индијански групи. Апачите брзо ги прифатиле коњите од шпанските доселеници, подобрувајќи ја својата подвижност и можност за брзи напади на населбите. Пуебло Индијанците биле принудени да ги обработуваат имотите на католичките мисии, поради што немале вишоци на сопственото производство за трговија со своите соседи Индијанци.[5]

Конфликт со Мексико и САД

уреди

Во текот на неколку векови, шпанските колонисти и Апачите тргувале меѓусебно, но исто така и меѓусебно се напаѓале. Односите меѓу одредени шпански села и одредени племиња на Апачите варирале. Една група Апачи можела да има пријателски однос со едно шпанско село, а другото да го напаѓа. Кога имало конфликт, Шпанците ги испраќале своите трупи, по битката бил потпишуван мировен договор и двете страни се враќале во своите домови.

Ни по осамостојувањето на Мексико во 1821 година, односите меѓу Мексиканците (потомците на Шпанците) и Апачите не се смениле. До влошување на односите дошло во 1831 година кога избувнала апачко-мексиканската војна. Во Мексико, во државата Сонора од 1835 година, се давала парична награда за секој скалп на Апач над 14-годишна возраст. Властите на мексиканската држава Дуранго во 1856 година објавиле дека во претходните 20 години во индијански напади (главно оние на Команчи и Апачи), биле убиени над 6.000 луѓе, киднапирани биле 748, а 358 населби биле напуштени.[6]

За време на Мексиканско-американската војна од 1846-1848 година, многу Апачи им гарантирале безбеден премин на американските трупи низ нивните земји. Кога САД го освоиле северниот дел на Мексико, поглавицата „Мангас Колорадо“ (Црвен ракав) на Чихените (подгрупа на „Чирикава Апачите“) потпишал мировен договор со Соединетите држави, признавајќи ги за освојувачи на мексиканската земја. Мирот меѓу Апачите и САД траел до 1850 година. Доаѓањето на американските копачи на злато на планините Санта Рита довела до судири со Апачите. Конфликтите биле познати под името Апачки војни. Познати поглавици од овој период кои се бореле против новодојденците и американската војска биле: Мангас Колорадо (Црвен ракав), Кочиз, поглавицата на Чоконен (подгрупа на Чирикава Апачите), Викторио, кој бил поглавица на Ворм Спринс (подгрупа на Чихене Чирикава Апачите) и втор по ранг поглавица меѓу Чихени Апачите и Џеронимо, кој не бил поглавица на Бедонка (подгрупа на Чирикава Апачите) туку еден од нивните истакнати поглавици.

Концептот на резервати кој постоел во САД не постоел кај Шпанците и Мексиканците. Со резерватите често било лошо управувано. Племиња кои немале никаква врска едни со други, биле принудени да живеат на иста територија. Немало огради кои би ги спречувале луѓето да влегуваат или излегуваат. Не било невообичаено да една група можела да го напушти резерватот за кратко време. Некои групи излегувале за грабеж, некои заминувале во нивната стара татковина заради барање храна и пасење добиток или едноставно бегале од резерватот. Затоа, обично имало тврдини со војска во близина на резерватите. Нивната работа била да ги задржат Индијанците во резерватот, да ги бараат и да ги вратат оние кои избегале. Политиката на резервати на САД водела до конфликти и војни со различни групи „Апачи“, кои ги напуштале резерватите во следните приближно 25 години.

Конечен пораз на Апачите

уреди

Конечен пораз на Апачите се случил на 04.09.1886 година, кога 5.000 американски војници во Клисурата Скелетон во Аризона ја принудиле групата на Џеронимо, која броела 30 до 50 мажи, жени и деца, да се предадат.[7] По поразот војската ги испратила и нив и внајмените трагачи Чирикава Индијанци, во воен затвор во Форт Пикенс, Флорида, а оттаму, по одредено време, во воениот затвор во Форт Сило, Оклахома.

Наводи

уреди
  1. „2010 Census CPH-T-6. American Indian and Alaska Native Tribes in the United States and Puerto Rico: 2010“ (PDF). census.gov.
  2. 2,0 2,1 Griffin-Pierce, 380.
  3. 3,0 3,1 Hook, Pegler, 116.
  4. This Land is Your Land, This is Mine: The Socioeconomic Implications of Land Use Among the Jicarilla Apache and Arden Communities[мртва врска][мртва врска]
  5. 5,0 5,1 Cordell 1994.
  6. DeLay 2008.
  7. Miles.

Литература

уреди
  • DeLay, Brian (2008). The War of a Thousand Deserts. New Haven: Yale University Press. стр. 298.
  • Roberts, Susan A.; Roberts, Calvin A. (1998). A History of New Mexico. Albuquerque, NM: University of New Mexico Press. стр. 48–49. ISBN 978-0-8263-1792-6.
  • Cordell, Linda S. Ancient Pueblo Peoples. St. Remy Press and Smithsonian Institution. Апачи
  • Seymour, Deni J. (2004) "A Ranchería in the Gran Apachería: Evidence of Intercultural Interaction at the Cerro Rojo Site", Plains Anthropologist 49(190):153–192.
  • Seymour, Deni J. (2009a) "Nineteenth-Century Apache Wickiups: Historically Documented Models for Archaeological Signatures of the Dwellings of Mobile People", Antiquity 83(319):157–164.
  • Seymour, Deni J.(2009b) "Evaluating Eyewitness Accounts of Native Peoples along the Coronado Trail from the International Border to Cibola", New Mexico Historical Review 84(3):399–435.
  • Seymour, Deni J. (2010a) "Contextual Incongruities, Statistical Outliers, and Anomalies: Targeting Inconspicuous Occupational Events", American Antiquity 75(1):158–176.
  • Seymour, Deni J. (2010b) "Cycles of Renewal, Transportable Assets: Aspects of Ancestral Apache Housing", Plains Anthropologist (Spring or Summer issue)

Надворешни врски

уреди