Крсто Алексов
Крсто Алексов Лековски (роден во 1877 во Ербеле, Албанија) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[1]
Крсто Алексов Лековски | ||
Роден | 1877 Ербеле, Албанија | |
---|---|---|
Починал | ? ? |
Животопис
уредиАлексов е роден во 1877 година во дебарското село Ербеле (Орбеле), Албанија. Емигрирал во Бугарија и од 1898 па сè до пролетта во 1902 година живеел во Русе. Членувал во локалното стрелачко друштво.
Кога се вратил назад во Македонија, станал четник во четата на Јанаки Јанев. Од 1906 година станал самостоен околиски реонски војвода на организацијата во Дебарско и Кичевско[2] со чета од 8 лица. Другиот реонски војвода во кичевско бил Павел Наумов, а нивни помошници биле Наум Илиев од Битола, Ефтим Божинов и Дончо Тодоров[3].
Во 1909 година отишол во Софија поради лекување, и потоа пак се вратил во Македонија.[4][5] На 14 октомври 1909 година се венчал во Кичево со Неда Арсова.[6] Умрел по 1918 година[7]
-
Крсто Алексов (седнат)
-
Милан Матов и окружните војводи на ВМОРО за време на Младотурската револуција, јули 1908 г. (од лево на десно): прв ред (седнати) - Трајко Зојката, Крсте Маликов, Славчо Пирчев, Ангел Базернишки, Божин В’лчев; втор ред - Димко Драговчето, Крсте Љондев, Блаже Биринчето, Милан Матов, Крсте Трајков, Крсто Алексов; трет ред (станати) - Ѓурчин Петров, Ѓорѓи Ралев, Никола Досев, Коста (Петре) Костурски, Димко Богов, Пецо Христов, Лазар Цириов, Стојан Мариовчето
Наводи
уреди„Крсто Алексов“ на Ризницата ? |
- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 6.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
- ↑ Дебарски глас, година 1, број 1, 5 април 1909, стр. 2.
- ↑ Дебарски глас, година 1, број 20, 15 август 1909, стр. 2.
- ↑ Дебарски глас, година 1, број 29, 17 октомври 1909, стр. 1.
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 95.