Ангел Базернишки

(Пренасочено од Ангел Секулов)

Ангел Базернишки или Ангел Секулов Јанкулов — македонски револуционер, војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Ангел Базернишки
Ang.Sekulov Bazernik IMARO.JPG
Роден 15 мај 1876
Базерник

ЖивотописУреди

Ангел Базернишки е роден во Базерник, Демир Хисар, Битолско. Во 1903 година влегол во четата на Ѓорче Петров. Учествувал во борбите на Илинденското востание во Битолско.

По востанието, останал во Македонија, и се прикривал во родното село. Во 1904 година, влегол во четата на Алексо Стефанов, а во 1907 година бил назначен за војвода на чета. Во 1909 година бил уапсен од турската власт, осуден на пет години затворска казна. Казната ја издржувал во битолскиот затвор.

НаводиУреди

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 7