Крсто Љондев
Крсто Љондев (роден во Неокази, Леринско - починал во 1926 во Битола) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и реонски лерински војвода на Македонската револуционерна организација[1].
Крсто Љондев | ||
Роден | Неокази, Леринско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1926 Битола, Македонија |
Животопис
уредиКрсто Љондев е роден во леринското село Неокази (Леринско)[1]. Тој се приклучил на МРО и бил првично назначен за лерински реонски војвода. Во 1903 година тој зел учество во Илинденското востание како војвода на Неокази. До востанието бил четник а од 1905 година станал војвода. Во 1906 година навлегол со неговата чета во Леринско, а дејствувал и во регионот на Сетина и Попадиско како помошник на Ѕоле Стојчев.
По Младотурската револуција од 1908 година тој станал близок соработник на Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев зел учество во Балканската војна и во тој период бил уапсен од страна на Грците заедно со своите 42 четници.
Се приклучил кон македонското револуционерно движење и четникувал во Леринско. Тој бил учесник во Илинденското востание во 1903 година[1]. По Првата светска војна во периодот 1915-1918 година престојувал во Битола[1]. По убиството на уредникот на весникот „Јужна Србија“ - Спасое Хаџи Поповиќ од страна на ВМРО во 1926 година, бил затворен и убиен од српските власти[1].
-
Крсто Љондев со својата четата во Лерин за Хуриетот
-
Милан Матов и окружните војводи на ВМОРО за време на Младотурската револуција, јули 1908 г. (од лево на десно): прв ред (седнати) - Трајко Зојката, Крсте Маликов, Славчо Пирчев, Ангел Базернишки, Божин В’лчев; втор ред - Димко Драговчето, Крсте Љондев, Блаже Биринчето, Милан Матов, Крсте Трајков, Крсто Алексов; трет ред (станати) - Ѓурчин Петров, Ѓорѓи Ралев, Никола Досев, Коста (Петре) Костурски, Димко Богов, Пецо Христов, Лазар Цириов, Стојан Мариовчето