Петар Христов
Петар Стоев Христов (2 јули 1936 во Јаново, Санданско, Пиринска Македонија ― 26 ноември 2020 во Благоевград, Пиринска Македонија) ― активист, борец за човекови права во Пиринскиот дел на Македонија и поет.[1]
Петар Стоев Христов | ||
Роден | 2 јули, 1936 година Јаново, Санданска околија, Пиринска Македонија (денешна Бугарија) | |
---|---|---|
Починал | 26 ноември, 2020 година Горна Џумаја (денешен Благоевград), Пиринска Македонија (денешна Бугарија) |
Животопис
уредиПетар Христов живеел и израснал во семејство со македонско национално чувство, наследено од неговиот дедо Стојан Христов, кој учествувал во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата во борбата за ослободување на Македонија од турското ропство и обновување на независна Македонска држава.[1]
Неговиот чичко - Иван Христов, заедно со македонските партизани од егејскиот дел на Македонија, учествуваа во протерувањето на бугарските окупаторски трупи од Македонија. Петар Христов од својата рана возраст веќе бил свесен која е неговата татковина и кој е неговиот национален идентитет. Следејќи го примерот на неговите браќа Александар и Георги, воодушевен од музата на поезијата, започна да пишува песни, од кои некои биле објавени во весникот „Народна волја“. Ја објавил стихозбирката „Почти на ручей ромон“ во 2003 година во Благоевград.[1]
Одлика на неговата поезија
уредиНеговите поетски дела ја отсликуваат неговата постојана жед за љубезност и хуманост, како и неговата голема љубов кон Македонија, за што посветил неколку песни. Петар важел за исклучително скромен човек со поетска душа и бунтовен дух за правда и правичност.[1]
Поврзано
уреди- Александар Христов (брат)
- Георги Христов (брат)
- Весник Народна Волја
- ОМО Илинден - Пирин
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2021-04-08.