Трсје (грчки: Τρίβουνο, Тривуно; до 1927 г. Τύρσια, Тирсија[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Ова е наполно македонско село[3] кое во 2011 г. е забележано без ниеден траен жител, но не е отпишано.

Трсје
Τρίβουνο
Трсје is located in Грција
Трсје
Трсје
Местоположба во областа
Трсје во рамките на Лерин (општина)
Трсје
Местоположба на Трсје во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.25′N 21°17.56′E / 40.73750° СГШ; 21.29267° ИГД / 40.73750; 21.29267
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаЛерин
Надм. вис.&100000000000012600000001.260 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото Трсје се наоѓа на 15 километри југозападно од градот Лерин, сместено на надморска височина од 1260 метри.[3] Со царска наредба до 1918 година, Трсје претставувало самостојна општина во Леринската околина со атар кој опфаќал површина од 29 квадратни километри[3]. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Трсје дава многу опширен и детален опис во кој меѓу другото за географијата, местоположбата и природните одлики на околината запишал дека селото Трсје се наоѓа 4 часа на југозапад од Лерин[4]. Тоа е расположено под високиот врв Рунѕел во аголот на една долина којашто има правец од север кон југ и којашто се образува од големата планинска верига кај Вич и од еден разгранок од таа верига којшто се одделува од нејзината западна страна и се протега во јужен правец. Долината е долга близу 3 часа и завршува над с. Поздивишта[4]. Широка е 5 минути. Долината е длабока, а околните планини се високи и обраснати со густа букова гора[4]. Источната преграда е стрмна како карпа, тешко проодна и на места обрасната со дабова и букова шума, а западната – закосена и лесно проодна. Северниот крај на долината со врвот Рунѕел стрмно и високо се издигнува над селото[4]. Тука планинскиот венец лачно испушта 5 разграноци, од коишто едниот е Вич. Трсје граничи со селата Писодери, Арменско (од север), Неред, Турје (од исток), Статица (од југ и запад). Атарот му е многу голем и во него влегува и широкиот синор на старото раселено село Калуѓерица коешто се наоѓало на североисток од селото и на еден час на запад од Лерин. Трсјанската Река извира од Рунѕел. Додека да пристигне до селото на дваесетина места прави водопади високи по еден метар. Од селото станува поголема, а од с.С татица до с. Кономлади каде што се соединува со Турјанската тече сосема рамно[4]. Над селото по неа има три воденици. Патот од Лерин за Трсје започнува веднаш стрмно да се искачува по северната падина на Кула. После еден час излегува на една голема, зарамнета и широка тумба од Кула и патот станува полесен во продолжение од ¼ час[4].

Историја

уреди
 
Црквата „Св. Никола
 
Старото училиште од 1866 г.

На основа на податоците од записите на Ѓорче Петров повеќето куќи во Трсје биле покриени со слама, а бројот на сите куќи изнесувал 150 со 900 жители Македонци[4]. Од вкупниот број 40 куќи биле под духовенството на Грчката митрополија, а останатите под духовенството на Егзархијата[4]. Некогаш селото било ¼ час понајуг од сегашното место[4]. Старото место сега го нарекуваат Старо Трсје. Таму и сега постојат гробишта. Селото се преместило по желба на тогашниот ага на селото. Сега селото е рајатско – самостојно. Во време на црковното прашање тоа играло важна улога во околните места и Костурско[4]. Таму во борбата со владиците се истакнал светогорскиот монах отец Герасим Калуѓерот, родум трсјанец, кој починал во 1890 година. Пред 30 години тука постоело бугарско училиште во кое оделе да се учат на словенска книга мнозина од околните села[4]. Во селото има една црква во која по распоред богослужат и егзархисти и гркомани. Изградена е пред 30 години од покојниот Герасим. Иконите во неа се нацртани од прилепскиот живописец Адамче Најдов и се напишани со црковнословенски натписи[4]. Раскажуваат дека кога дошло време да се испишуваат иконите на новата црква, монахот како стопан на црквата ги избркал дојдените јанински живописци и сам отишол во Прилеп да донесе Македонци живописци[4]. Кога костурскиот владика дошол да ја освети црквата од напред рекол да ги избришат црковнословенските натписи, но бестрашниот Герасим му кажал дека не само што нема да ги избрише натписите, туку ќе донесе и словенски книги за богослужба[4]. Владиката ги познавал родољубието и бестрашливоста на отец Герасим и ја осветил црквата со црковнословенските натписи на иконите[4]. Во своите статистики од 1900 година К’нчов го споменува селото со 960 жители, а Милоевиќ со 100 македонски куќи[3]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Трсје се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 160 куќи.[5] Селото Трсје многу настрадало за време на Граѓанската војна во Грција во која извесен број жители загинале, а 37 семејства и поголем број поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји[3].

Стопанство

уреди

Сегашните жители како и порано се занимаваат со земјоделство и сточарство. Од записите на Ѓорче Петров за стопанството во Трсје е познато дека долината е каменлива и неплодна, раѓа многу малку ‘рж, овес и грав[4]. Трсјанци се прехранувале од Калуѓерица којашто раѓа пченица, ‘рж и грозје[4]. Селаните оделе во туѓина, најмногу во Грција каде што се занимаваат со дрвосеча[4]. Почвата е црница, а околу една тумба се нивите, а под неа лозјата на трсјанци. Бидејќи од тоа место до селото има уште 2,5 часа растојание, за олеснување на работата, трсјанци на тумбата си направиле колиби при што речиси секоја куќа си има колиба[4].

Население

уреди

Селото Трсје отсекогаш било населено со македонско население и такво е останато сè до денес[3]. Во пописот од 1913 година се попишани 902 жители, во 1920 година 577, а во 1928 година 611 жители[3]. Намалувањето на жителите се должи и на преселувањето на трсјани во градот Лерин каде пости таканареченото Трсјанско Маало, како и во прекуокеанските земји[3]. Во 2011 г. е заведено без ниеден жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 629 99 98 66 117 2 5 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Иселеништво

уреди

Како што е забележливо од статистичките показатели, селото Трсје од Балканските војни до Втората светска војна покажува намалување на бројот на жителите, што се должи на иселување во прекуокеанските земји, како и во градот Лерин каде што постои и таканареченото Трсјанско Маало[3]. За време на Граѓанската војна се иселиле 37 семејства од кои 30 побарале засолниште во Македонија, а 7 во источноевропските земји при што вкупниот број на пребегнати изнесувал 140 возрасни лица и 86 малолетни деца[3].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τύρσια -- Τρίβουνον
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 178.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 459–462. ISBN 978-608-245-113-8.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.

Надворешни врски

уреди