Крапешино или Крапештина (грчки: Ατραπός, Атрапос) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 година селото броело 150 жители.

Крапешино
Ατραπός
Крапешино is located in Грција
Крапешино
Крапешино
Местоположба во областа
Крапешино во рамките на Лерин (општина)<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -1452.4%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Крапешино
Местоположба на Крапешино во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°44′N 21°25′E / 40.733° СГШ; 21.417° ИГД / 40.733; 21.417
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКрапешино
Надм. вис.&10000000000000880000000880 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно150
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Крапешино е сместено на јужните падини на планината Лута, 6 км оддалечено од Лерин. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. Вкупната површина на селскиот атар е 24 км2[2].

Историја

уреди

Според преданието селото било основано на крајот на 18 или почетокот на XIX век од Крапо, Влав по народност, по кого селото го добило името[2].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапештина се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[3]

Во Грчката граѓанска војна селото не настрадало многу, но заради неподносливата состојба околу 20 семејства пребегнале во Република Македонија и источноевропските земји[2].

Демографија

уреди

На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 320 жители, а Милоевиќ наведува 70 македонски куќи. Меѓу двете светски војни во прекуокеанските земји емигрирале 53 лица, од кои извесен број ги повлекле и своите семејства. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 430 жители
  • 1920 - 502 жители
  • 1928 - 543 жители
  • 1940 - 508 жители
  • 1951 - 466 жители
  • 1961 - 318 жители
  • 1971 - 219 жители
  • 1981 - 160 жители
  • 1991 - 199 жители

Стопанство

уреди

Основни стопански гранки на населението се земјоделието и сточарството. Главни производи се жито и грав.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 158.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.

Надворешни врски

уреди