Комонвелт на нации

(Пренасочено од Комонвелтот на нации)

Комонвелтот на нации (англиски: Commonwealth of Nations, од „common well-being“ = „заедничка благосостојба“) познат и како Британски комонвелт е политичка заедница, лабава конфедерација на држави, поранешни членки на Британската Империја (освен Мозамбик и Руанда).

Комонвелт на нации
Commonwealth of Nations  (англиски)
Грб
Земјите-членки на Комонвелтот
Земјите-членки на Комонвелтот
Земјите-членки на Комонвелтот
Админ. центарМарлборски Дом, Лондон, Обединето Кралство
Работен јазик англиски
Тип здружение
Членство 54 држави (листа)
Лидери
 •  Шеф вакантен
 •  Генерален секретар Патриша Шкотска
 •  Извршен претседател Пол Кагаме
Основана
 •  Балфурска декларација 18 ноември 1926 
 •  Вестминстерски статут 11 декември 1931 
 •  Лондонска декларација 28 април 1949 
Површина
 •  Вкупна 29,958,050 км2 
Население
 •  проценка за 2016 г. 2.418.964.000 
 •  Густина 75 жит/км2 
Страница
thecommonwealth.org

Во Комонвелтот доброволно членуваат 54 независни држави со вкупно 1.921.974.000 жители[1]. Тоа е меѓународна организација преку која земјите-членки со различни социјални, политички и економски основи соработуваат за заеднички вредности и цели, зацртани во Сингапурската Декларација[2]. Некои од тие цели се промоција на демократијата, човековите права, добро владеење, владеење на правото, лични слободи, еднаквост, слободна трговија, мир и др.[3]

Членки на Комонвелтот се: Антигва и Барбуда, Австралија, Бахами, Бангладеш, Барбадос, Белиз, Боцвана, Брунеи, Вануату, Гамбија, Гана, Гвајана, Доминиканска Република, Замбија, Индија, Јамајка, Јужна Африка, Камерун, Канада, Кенија, Кипар, Кирибати, Лесото, Малави, Малезија, Малдиви, Малта, Маврициус, Мозамбик, Намибија, Науру, Нов Зеланд, Нигерија, Обединетото Кралство, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Руанда, Самоа, Свазиленд, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Свети Китс и Невис, Сејшели, Сиера Леоне, Сингапур, Соломонски Острови, Танзанија, Тонга, Тринидад и Тобаго, Тувалу, Уганда, Фиџи и Шри Ланка.

Помеѓу членките на Комонвелтот има и републики и монархии. Шеф на Комонвелтот е Елизабета II, кралицата на Велика Британија. Покрај тоа, таа е кралица и на 16 од членките на Комонвелтот, познати како Кралства на Комонвелтот: Канада, Австралија, Нов Зеланд и др. Други пет членки имаат свои монарси: Лесото, Брунеи, Малезија, Свазиленд и Тонга. Останатите 32 земји се републики.

Иако има поинаква улога и поставеност, Комонвелтот е наследник на Британската Империја. Од конференциите на британските колонијални премиери што периодично се одржувале од 1887., произлегла организацијата на Империјални Конференции во доцните 1920-ти.[4] Организацијата Комонвелт се развила од овие Империјални конференции, откако била признаена независноста на самоуправните колонии и на доминионите. На Империјалната Конференција во Балфур во 1926. била признаена еднаквоста и неподреденоста на членките, вклучувајќи ја и Велика Британија, во било кој домен на внатрешните и надворешните работи, обединетоста преку верноста кон Круната, и слободното асоцирање во „Британскиот Комонвелт на Државите“. Ова се смета за формална дата на основање на Комонвелтот.

По Втората светска војна Империјата постепено исчезнала, делумно поради движењата за независност во колониите, а делумно поради намалената економска моќ на Британија поради трошоците од војната. Зборот „Британски“ бил исфрлен од името на Лондонската Конференција во 1949., за да се отслика новата реалност.[5] Бурма (денешен Мјанмар) и Аден, биле единствените две поранешни колонии кои не се придружиле кон Комонвелтот после здобивањето на независност. Ирска го напуштила Комонвелтот откако станала република во 1949.

Секои 4 години членките на Комонвелтот ги организираат Комонвелтските игри, втора по големина повеќеспортска манифестација во светот по Олимписките игри.

Наводи

уреди
  1. Проценка за 2005 г.
  2. „FAQs“. Посетено на 2007-07-25.
  3. „Сингапурска Декларација на Принципите на Комонвелтот, 1971, англ“. 22 јануари 1971. Посетено на 2007-07-25.
  4. „Историја на Комонвелтот (англ.)“. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 2008-02-18.
  5. „Историски дати на Комонвелтот (англ.)“. Архивирано од изворникот на 2008-02-13. Посетено на 2008-02-18.

Официјална страница

уреди

Официјална страница на Комонвелтот (англиски)