Кловис Иг (француски:Clovis Hugues) - (3 ноември 1851 во Мулен де Субера, Прованса, Франција11 јуни 1907 во Париз, Франција) — француски поет, новинар, драматург, романописец и социјалистички активист.[1] Некои од неговите дела ги напишал на провансалски јазик и во 1898 година бил избран за мајор на Фелибриж - друштвото за промоција на окситанскиот јазик и култура.[2]

Кловис Иг
Роден/а3 ноември, 1851 година
Мулен де Субера, Прованса, Франција
Починат/а11 јуни, 1907 година
Париз, Франција
ЗанимањеПоет, новинар и социјалистички активист

Животопис

уреди

Израснат е во семејство на мелничар, студирал за свештенство во Карпентрас. Тој не пројавил интерес за свештено-црковното учење, па така веќе на осумнаесетгодишна возраст, имал веќе испишано голем број стихови (во Марсеј), каде набргу бил привлечен од републиканското движење против Наполеон III. Малку потоа станал редактор на антибонапартискиот весник Le Peuple. Koгa востанието, што довело до создавање на Париската комуна, се проширило и во внатрешноста на Франција, во Марсеј била прогласена Марсејската комуна.[2]

Кловис Иг веднаш му пристапил на комунарското движење и на 2 мај 1871 година, кога опасноста се надвиснала над париското востание, тој ja објавил својата брошура Lettre de Marianne aux Républicains, во која не само што ja искажал својата солидарност со париските комунари, туку ги нападнал сите оние што во тие денови се откажале од натамошната борба.[2]

За некои негови написи за Париската комуна, објавени во локалните весници во Марсеј, во 1871 година бил осуден на три години затвор и парична казна од 6.000 франци. Во 1877 година се оженил со вајарката Жана Ројанез (1851-1907).[3] Во 1877 година се борел во дуел во кој го убил својот противник, ривалски новинар.[4]

Во 1876 година почнал да соработува со марсејскиот весник Egalité ѝ истовремено ги објавил стиховите под наслов La Petite Muse (Малата муза). Додека бил под напад на бонапартистите, Виктор Иго, на врвот од својата слава, му упатил пофалби. Во ноември истата година, тој станал главен и одговорен уредник на големиот провансалски социјалистички весник Le Petit Provençal, а во август 1881 година станал социјалистички пратеник во Францускиот парламент. Тој бил првиот пратеник на новата работничка партија. Како пратеник, земал активно учество во работата на Парламентот. Во една од дебатите околу некои кредити што владата ги барала, тој бил отстранет од Парламентот поради, како што било речено, „навреда на претседателот на владата“, Жил Фери.[2]

Тој бил реизбран во 1885 година, а во 1893 година станал еден од замениците за Париз, задржувајќи го своето место до 1906 година. Починал во Париз.[4]

Неговите песни, романи и комедии се полни со духовитост и бујна виталност.[3]

 
За Македонците (Pour Les Macedoniens), напишана во март 1903 година.

За Македонците (Pour les Macédoniens)

уреди

За постоењето на оваа песна прв сигнализирал професорот Андрија Лаиновиќ во едно свое предавање што на 29 март 1963 година го одржал пред Друштвото на универзитетските наставници при Филозофскиот факултет во Скопje, во кое ги изнесол своите впечатоци од престоjот во Франција. Подоцна, песната Pour les Macédoniens била препеена на македонски јазик од поетот Драган Тодоровски и објавена под наслов За Македонците во списанието „Современост“ во рамките на неговиот прилог Литературни сведоштва за Илинден (поезија пишувана на други јазици, настаната во 1903 година, непосредно по илинденските настани). Драган Тодоровски дал и кратка белешка за авторот, заедно со кратка анализа на песната, во којa дал и оценка за нејзиното значење. Песната Pour les Macédoniens на Кловис Иг не е поврзана со илинденските настани и не настанала по нив, како што може да се заклучи од поднасловот на прилогот на Драган Тодоровски во кој го објавува македонскиот препев. Песната всушност, им претходела на илинденските денови, зашто е објавена во март 1903 година па според тоа, во неа нема и не можело да има, никакви алузии на Илинден.[2]

Македонија станува тема во француската литература, тогаш кога нејзината борба се издигнала во вистинска епопеја. Meѓy оние што на Македонија ѝ ги посветуваат своите дела е и поетот Кловис Иг (Clovis Hugues), кој ja напишал песната Pour les Macédoniens (За Македонците), објавена на 20 март 1903 година во весникот La Petite République Socialiste.[2][5]

Тематика на песната

уреди

Песната е инспирирана од тешката и немирна положба во Македонија и го изразува во поетска форма, ставот на француските социјалисти кон оваа напатена област која, сред цивилизираната Европа, уште не успеала да го најде својот пат кон слободата. Во првиот дел, Кловис Иг ги посветил своите стихови на описот на Македонија, таа убава и сурова област, во која израснале толку големи луѓе опеани во делата на поетите. Во сликата што Кловис Иг ja дава за Македонија отсуствуваат густите бои, пикторескните пејзажи, конкретните форми. Таа слика е до голема мерка условна и стилизирана, поврзана со идиличната претстава за античните предели во која се мешаат историските реминисценции со теми што се чинат дека се извлечени од стиховите на парнасовските поети.[2]

Дела

уреди

Поезија

уреди
  • Затворски песни (Poèmes de prison) (1875), напишани за време на неговиот притвор
  • Вечери на битката (Soirs de bataille) (1883)
  • Денови на борбата (Jours de combat) (1883)
  • Приспомнување (1885)
  • Делото (Le Travail) (1889)
  • Розите од Лорие (1903)

Романи

уреди
  • Мадам Фаетон (Madame Phaëton) (1885)
  • Г-дин Констабл (Monsieur le gendarme) (1891)

Драми

уреди
  • Ѕвезда (Une Étoile) (1888)
  • Дантоновиот сон (Le sommeil de Danton ) (1888)

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 590–591. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Настев, Божидар (1973). ОРИЕНТАЦИЈАТА НА ФРАНЦУСКИОТ ПОЕТ КЛОВИС ИГ КОН МАКЕДОНИЈА (Les orientations Macedoniennes de Clovis Hugues) (PDF). Скопје: Филозофски факултет, Скопје. стр. 297–311. line feed character во |title= во положба 59 (help)
  3. 3,0 3,1 www.nella-buscot.com http://www.nella-buscot.com/sculpteurs.php?idsculpteur=scu0167&lng=2. Посетено на 2022-04-30. Отсутно или празно |title= (help)
  4. 4,0 4,1 „Hugues, Clovis“. 1911 Encyclopædia Britannica. Volume 13.
  5. Пандевски, Манол (1995). Македонофилското движење во Западна Европа во 1903 година. Куманово: Архив на Македонија Матица Македонска. стр. 177. ISBN 9989-48-055-1 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help). line feed character во |publisher= во положба 20 (help)