Китира

(Пренасочено од Китера)

Китира или Китера[2] (грчки: Κύθηρα) — остров во Грција, кој се наоѓа јужно од полуостровот Пелопонез. Островот традиционално е наведен како еден од седумте главни Јонски Острови, иако е далеку од главната група. Административно, островот припаѓа на регионалната единица Острови, која е дел од регионот на Атика (иако e на голема оддалеченост од самата Атика).

Китира
Κύθηρα
Китира is located in Грција
Китира
Китира
Местоположба во областа
2011 Dimos Kythiron.png
Координати: 36°15′N 23°00′E / 36.250° СГШ; 23.000° ИГД / 36.250; 23.000
ЗемјаГрција
ОбластАтика
ОкругОстрови
Површина
 • Општина300,0 км2 (1,000 ми2)
 • Општ. един.279,6 км2 (1,080 ми2)
Надм. вис.&10000000000000506000000506 м
Население (2011)[1]
 • Општ.4.041
 • Општ. густина1,3/км2 (3,5/ми2)
 • Општ. един.3.973
 • Општ. един. густина1,4/км2 (3,7/ми2)
Заедница
 • Население665
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.801 00
Повик. бр.2736
Рег. таб.Z
Мреж. местоwww.kythira.gr

Островот е стратешки сместен помеѓу грчкото копно и Крит, а од античките времиња до средината на 19 век претставувал крстосница на трговци, морнари и освојувачи. Островот има долга и разновидна историја и бил под влијание на многу цивилизации и култури, кое се рефлектира во неговата архитектура (мешавина од традиционални, егејски и венецијански елементи), како и традициите и обичаите, под влијание на грчката, венецијанската и отоманската култура.

Администрација

уреди

Китира и блискиот остров Антикитира биле посебни општини додека не се споиле во реформата на локалната власт од 2011 година. Двата острови сега се општински единици[3]. Општината има површина од 300.023 км2, општината 279.593 км2[4]. Провинцијата Китира (грчки: Επαρχία Κυθήρων) била една од провинциите на префектурата Пиреја.

Историја

уреди

Антички период

уреди

Според античката старогрчка митологија, Китира е родното место на Афродита.

Постојат археолошки остатоци од еладскиот период на островот, а постојат и археолошки докази за трговија на жителите од островот со Египет и Месопотамија.

Во класичните времиња, Китира била дел од територијата на неколку поголеми градови-држави. Спарта го освоила островот од Аргос во почетокот на 6 век п.н.е., потоа Атина го окупирала трипати кога војувала со Спарта (во 456 година за време на нејзината прва војна со Спарта, од 426 до 410 п.н.е.).

Китира била независна и издавала сопствени пари во 195 година по поразот на Ахајците од Спарта. Во времето на Октавијан Август, островот повторно бил под спартанска управа, како сопственост на Гај Јулиј, кој бил спартански магнат и римски државјанин.

Во тоа време, грчките градови биле вклучени во составот на Римското Царство, а подоцна кон Византија. Христијанството било прифатено кон 4 век во времето на Константин, и според една легенда островот бил посетен од неговата мајка.

Средновековен период

уреди

Китира не се споменува во литературните извори со векови. Во периодот на византиската слабост на крајот на 7 век, можеби островот бил изложен на напади од двете словенски племиња кои извршиле напади на копното и од арапските пирати од морето. Археолошки докази сугерираат дека островот бил напуштен во околу 700 година. Свети Теодор во Палиохора изградил голем манастир.

Кога Византија била поделена помеѓу победниците од Четвртата крстоносна војна, Република Венеција го зела својот дел, во кој спаѓал и самиот остров Китира. Венеција воспоставила крајбрежна патрола на Китира и Антикитера за да го заштити својот трговски пат во Цариград, а Китира бил еден од островите што Венеција продолжила да ги одржува и покрај повторното освојување на Цариград и турското присуство низ целиот Близок Исток[5]. За време на венецијанската доминација островот бил познат како Cerigo.

Островот во голема мера бил уништен и ограбен од Хајредин Барбароса. Пиратите често се движиле низ средоземните води, напаѓајќи бродови, брегови и острови, земајќи плен и робови за трговијата со робови. Китира. За да ги пресретнат трговските бродови, островите долж трговските патишта биле многу попривлечни за пиратите[6]. Во 17 век, островот сè уште функционирал како гнездо на пиратите[7].

Француско-британски период

уреди

Кога Наполеон ставил крај на Венецијанската Република во 1797 година, Китира била меѓу островите инкорпорирани во тој најоддалечен дел на Франција, наречен Мер-Егеј.

Во 1799 година, Јонските Острови станале дел од т.н. Република на седумте острови, номинално под османлиска власт, но во пракса доминирана од Русија. Во 1807 година, Франција ги вратила назад островите на кратко, за да во 1809 година ги освојат Британците, претворајќи ги во свој протекторат, под името Соединети Држави на Јонските Острови.

Грчки период

уреди

Јонските Острови, вклучувајќи ја и Китира, биле отстапени на новиот крал Ѓорѓи I.

Главниот град на островот, Китира (или Хора) има историски архив на Китира, втор по големина на Јонските острови, по Крф.

Географија

уреди
 
Сателитска слика од островот

Китира има површина од 279.593 квадратни километри и се наоѓа на југозападниот излез од Егејското Море, зад Малеја[8]. Островот има многу плажи, со различен состав и големина. Само на половина од нив може да се стигне преку патот низ планинскиот терен на островот.

Китира е многу склонет кон земјотреси. Многу земјотреси во запишаната историја ги имале своите епицентри во близина или на островот. Веројатно најголемиот во последно време е земјотресот од 1903 година во близина на селото Мита, што предизвикал значителна штета како и ограничена загуба на животот. Земјотреси од поново време се случиле на 5 ноември 2004 година, со 5,6 и 5,8 степени според Рихтеровата скала и земјотресот на 8 јануари 2006 година, со 6,9 степени според Рихтеровата скала.

Китира има средоземна клима со благи, дождливи зими и топли во топли суви лета[9].

Климатски податоци за Китира
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 21.5
(70.7)
22.8
(73)
24.0
(75.2)
27.0
(80.6)
33.2
(91.8)
40.0
(104)
40.2
(104.4)
37.8
(100)
33.6
(92.5)
30.0
(86)
26.2
(79.2)
22.6
(72.7)
40.2
(104.4)
Прос. висока °C (°F) 12.7
(54.9)
12.9
(55.2)
14.2
(57.6)
17.1
(62.8)
21.6
(70.9)
26.0
(78.8)
28.7
(83.7)
28.5
(83.3)
25.6
(78.1)
21.2
(70.2)
17.8
(64)
14.6
(58.3)
20.1
(68.2)
Сред. дневна °C (°F) 10.8
(51.4)
10.8
(51.4)
12.0
(53.6)
14.7
(58.5)
18.8
(65.8)
23.0
(73.4)
25.6
(78.1)
25.4
(77.7)
22.9
(73.2)
18.9
(66)
15.8
(60.4)
12.7
(54.9)
17.6
(63.7)
Прос. ниска °C (°F) 8.9
(48)
8.9
(48)
10.0
(50)
12.4
(54.3)
16.1
(61)
19.9
(67.8)
22.4
(72.3)
22.5
(72.5)
20.3
(68.5)
16.8
(62.2)
13.9
(57)
10.8
(51.4)
15.2
(59.4)
Најниска забележана °C (°F) −1.8
(28.8)
−0.8
(30.6)
−4.3
(24.3)
6.2
(43.2)
9.4
(48.9)
11.8
(53.2)
14.8
(58.6)
17.2
(63)
11.8
(53.2)
8.8
(47.8)
2.0
(35.6)
1.0
(33.8)
−4.3
(24.3)
Прос. врнежи мм (ин) 103.3
(4.067)
67.7
(2.665)
59.5
(2.343)
28.1
(1.106)
10.5
(0.413)
1.9
(0.075)
2.4
(0.094)
2.3
(0.091)
11.2
(0.441)
54.2
(2.134)
85.6
(3.37)
115.2
(4.535)
541.9
(21.335)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm) 10.2 8.5 6.4 4.0 1.7 0.3 0.3 0.3 1.1 5.1 7.7 11.0 56.6
Прос. релативна влажност (%) 72.3 72.4 71.5 67.9 63.1 57.1 54.4 56.7 62.1 68.3 72.5 72.8 65.9
Извор: NOAA[10]

Демографија

уреди
 
Улица во Хора

Како и многу други помали егејски острови, населението на Китира се намалува. Додека островот достигнал највисок процент на население од околу 14.500 во 1864 година, тој постојано се намалувал главно поради емиграцијата, како внатрешна така и надворешна (во Австралија, САД, Германија) во првата половина на 20 век. Денес неговото население е 3.354 луѓе (според пописот од 2001 година).

Стопанство

уреди

Од крајот на XX век, економијата на островот во голема мера се фокусирала и станала зависна од туризмот, кој го обезбедува најголемиот дел од приходот на островот, и покрај фактот што Китира не е една од најпопуларните туристички одредишта во Грција. Популарната сезона обично започнува со грчкиот празник на Педесетница кон крајот на мај, и трае до средината на септември. Во ова време, првенствено во текот на август, населението на островот честопати се зголемува двојно. Зависноста од туризмот резултирала со зголемена градежна активност во многу селски острови, најмногу за комерцијални цели (хотели и угостителски објекти, продавници и сл.), но исто така и секундарни домови.

Мали извори на приходи се медот и мајчина душица, како и некои мали одгледувања на зеленчук, овошје и сточарство.

Само пет од селата на островот се на брегот. Во текот на јули и август, во различни села се одржуваат неколку традиционални танци. Овие игри обично го привлекуваат мнозинството од населението на островот, од кои најголем е фестивалот на „Панагија“.

Сообраќај

уреди

Островот во минатото имал лоша инфраструктура. Сепак, изградбата на новото пристаниште во Дијакофти, заедно со реновирањето на аеродромот на островот, значително довело до подобрување.

И покрај фактот што островот со векови бил трговски пат, изградбата на современото пристаниште било одложено неколкупати до втората половина на XX век. Во 1933 година биле направени напори за изградба на пристаниште во селото Агиа Пелагија, но поради финансиски и владини проблеми проектот бил по неколку децении изграден. Тоа мало пристаниште на Агиа Пелагијабило главното пристаниште на островот до средината на 1990-тите. Во тоа време, новото пристаниште, местото што првично го избрале британските владетели на островот во 19 век, било изградено заедно со модерен поширок пат, со цел да се прифатат поголемите товарни и патнички бродови.

Главниот аеродром на островот е аеродромот Александар С. Оназис.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. The Italian Cerigo can be used in speaking of late medieval and early modern Kythira.
  3. Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
  5. Fernand Braudel, The Mediterranean and the Mediterranean world in the age of Philip II, trans. Reynolds. In the 1995 ed. Vol II, p.877.
  6. Simbula, P F. Iles. стр. 3.
  7. Zakythinos, D A. Corsaires et pirates. стр. 713–714.
  8. C.Michael Hogan. 2011. Aegean Sea. Eds. P.Saundry & C.J.Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC
  9. Kottek, M.; J. Grieser; C. Beck; B. Rudolf; F. Rubel (2006). „World Map of the Köppen-Geiger climate classification updated“ (PDF). Meteorol. Z. 15 (3): 259–263. doi:10.1127/0941-2948/2006/0130. Посетено на January 22, 2013.
  10. „Климатски норми на островот (1961-1990)“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на January 22, 2013.

Надворешни врски

уреди
  • Visit Kythera Travel Guide
  • Kythera (грчки)(англиски)(италијански) Travel Guide
  • The Kythera Island Project Архивирано на 25 септември 2009 г.—an archaeological, ecological, and historic research project of the island and its peoples.
  • Kythera-Family.net—A cultural archive for the island of Kythira, with over 15,000 heritage entries from people of Kytherian descent from all over the world.