Пиратите од Карибите (филмски серијал)
Пиратите од Карибите — серија од филмови продуцирани од Џери Брукхајмер засновани на истоимениот тематски забавен парк на Волт Дизни. Како режисери на серијалот се јавуваат Гор Вербински (1–3), Роб Маршал (4) и Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг (5). Приказната ги следи авантурите на Џек Спароу (Џони Деп), Вил Тарнер (Орландо Блум) и Елизабет Свон (Кира Најтли). Ликови како Хектор Барбоса (Џефри Раш) и Џошами Гибс (Кевин Мекнали) ги следат Џек, Вил и Елизабет во текот на филмовите. Во четвртиот филм играле Сем Клафлин (како Филип Свифт) и Астрид Берже-Фрисби (како Сирена), додека во петтиот филм ќе играат Брентон Твејтс и Каја Скоделаријо. Местото на случување во филмовите е измислено историско место; свет раководен главно од алтернативни верзии на Британската Империја, Источноиндиската компанија и Шпанското Царство, а пиратите ја означуваат слободата од владеачките сили.
„Пиратите од Карибите“ | |
---|---|
„Пиратите од Карибите“ трилогија | |
Режисер | Гор Вербински |
Продуцент | Џери Брукхајмер |
Сценарист | Тед Елиот Тери Росио |
Главни улоги | Џони Деп Орландо Блум Кира Најтли Џефри Раш Џек Девенпорт Бил Наји Том Холандер Стелан Скарсгард Наоми Харис Џонатан Прајс |
Дистрибутер | Walt Disney Pictures |
Премиера | 2003 – сѐ уште |
Времетраење | 600 минути (1-4) |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | Вкупно (5 филмови): $1.364 милијарди |
Бруто заработка | Вкупно (4 филмови): $3,729,577,967 |
Првиот филм во филмскиот серијал кој бил издаден во 2003 година под името Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер се здобил со позитивни критики и заработил 654 милиони долари во светски рамки.[1] По успехот на првиот филм, од Walt Disney Pictures изјавиле дека се подготвува трилогија. Вториот филм во франшизата, насловен Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот, бил издаден во 2006 година; продолжението се покажало како успешно, соборувајќи финансиски рекорди на денот на премиерата. Ковчегот на мртовецот бил филм со најголема заработувачка во годината заработувајќи речиси 1.1 милијарда долари до денес. Третиот филм во серијалот, насловен Пиратите од Карибите: На крајот на светот, бил издаден во 2007 година. Четири години подоцна, во 2011 година, Disney издале четвртти филм, Пиратите од Карибите: На чудни плими, кој исто така заработил над 1 милијарда долари,[1] станувајќи вториот филм во серијалот и само осми филм во историјата кој ја преминал границата од 1 милијарда долари.
Досега филмскиот серијал заработил 3.73 милијарди долари во светски рамки;[1] што го прави единаесетти серијал по големина на заработувачка и прв во која повеќе од еден филм заработил над 1 милијарди долари во светски рамки.
Петти филм, насловен Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар, ќе биде издаден на 26 мај 2017 година.[2]
Филмови
уредиПроклетството на црниот бисер (2003)
уредиКовачот Вил Тарнер се здружува со ексентричниот пират Капетан Џек Спароу за да ја спаси својата девојка Елизабет Свон од пиратите предводени од поранешниот прв офицер на Џек, Хектор Барбоса. Џек сака да му се одмазди на Барбоса, кој го оставил заробен на остров пред да го украде неговиот брод, Црниот бисер, заедно со 882 парчиња од проколнатото ацтетско злато.
Ковчегот на мртовецот (2006)
уредиЛордот Катлер Бекет ги апси Вил и Елизабет поради помагање на Капетанот Џек Спароу во претходниот филм. Бекет нуди помилување доколку Вил се согласи да го пронајде компасот на Џек со цел да го најде ковчегот на мртовецот – и внатре, срцето на подлиот Дејви Џонс – кое ќе му даде контрола на Бекет врз морињата. Сепак, Џек го сака ковчегот за да избега од неплатениот долг со Џонс, кој пред 13 години го направил Џек капетан на Црниот бисер во замена за 100 години служење на бродот на Џонс, Летечкиот холанѓанец.
На крајот на светот (2007)
уредиЛордот Бекет стекнува сила над Дејви Џонс и со помош на бродот Летечкиот холанѓанец, ги спроведува своите планови за уништување на пиратството засекогаш. За да се изборат против Источноиндиската компанија за тргување на Бекет и Џонс, екипажот на Црниот бисер заедно со Вил, Елизабет и Вил заминуваат да го спасат Капетанот Џек Спароу од сандакот на Дејви Џонс. Како еден од деветте пиратски лордови, Џек е потребен за да можат да ја ослободат божицата на морето која има моќ да ги порази силите на Бекет.
На чудни плими (2011)
уредиКапетанот Џек Спароу е на мисија да ја пронајде легендарната Фонтана на младоста и вкрстува патишта со поранешна стара љубов, Анџелика. Таа го носи Џек на бродот Одмаздата на Кралицата Ен, брод кој го води озогласениот пират Црнобрадест, таткото на Анџелика. Двајцата исто така се во потрага по фонтаната; Анџелика за да ја спаси душата на нејзиниот татко, а Црнобрадест за да избега од пророштво за неговата смрт. На потрагата се приклучува и поранешниот пират, Капетан Барбоса, сега гусар во морнарицата на Кралот Џорџ II кој е во трка со шпанците за Фонтана на младоста.
Мртвите не раскажуваат приказни (2017)
уредиЕден брод со духови, предводен од капетанот Салазар, е во потрага по Џек Спероу. Истовремено, младата девојка Карина Смит ја поседува картата што го покажува патот до островот каде се наоѓа трирожецот на Посејдон. На крајот на филмот, капетанот Барбоса се жртвува себеси за да ја спаси Карина (која е негова ќерка), а младиот Хенри Тарнер повторно ги наоѓа своите родители, Вил Тарнер и Елизабет Свон.[3]
Прифаќање
уредиЗаработувачка
уредиФилмскиот серијал Пиратите од Карибите постигнал голем успех на кино благајните; секој од филмовите заработил над 600 милиони долари, и сите во одреден момент биле рангирани во 50. најпрофитабилни филмови на сите времиња. Toj станал прв серијал воопшто со два филмови со заработка над 1 милијарда долари, и тоа Ковчегот на мртовецот и На чудни плими.[4]
Проклетството на црниот бисер бил трет најпрофитабилен филм во 2003 година во 2003 Северна Америка (зад Господар на прстените: Враќањето на кралот и Барајќи го Немо) и четврти во светски рамки (зад Господар на прстените: Враќањето на кралот, Барајќи го Немо и Матрица 2).[5] Ковчегот на мртовецот бил најуспешен филм за 2006 година,[6] додека пак На крајот на светот бил најуспешен филм во 2007 година во светски рамки, но четврти во Северна Америка (зад Спајдермен 3, Хари Потер и Редот на фениксот и Шрек 3).[7] На чудни плими бил трет најпрофитабилен филм во светски рамки (зад Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел и Трансформери: Темната страна на месечината) и петти во Северна Америка.[8]
Филм | Датум на издавање | Заработка | Буџет | Навод | ||
---|---|---|---|---|---|---|
Северна Америка | Други територии | Светски рамки | ||||
Проклетството на црниот бисер | 9 јули 2003 | $305,413,918 | $348,850,097 | $654,264,015 | $140 милиони | [9] |
Ковчегот на мртовецот | 7 јули 2006 | $423,315,812 | $642,863,913 | $1,066,179,725 | $225 милиони | [10] |
На крајот на светот | 25 мај 2007 | $309,420,425 | $654,000,000 | $963,420,425 | $300 милиони | [11] |
На чудни плими | 20 мај 2011 | $241,071,802 | $804,642,000 | $1,045,713,802 | $378.5 милиони | [12][13] |
Одмаздата на Салазар | 26 мај 2017 | $320 милиони | [14][15] | |||
Вкупно | $1,279,221,957 | $2,450,356,010 | $3,729,577,967 | $1.364 милијарда | [16] |
Критички и јавни оцени
уредиФилм | Rotten Tomatoes | Metacritic | CinemaScore |
---|---|---|---|
Проклетството на црниот бисер | 79% (209 ревизии)[17] | 63 (40 ревизии)[18] | A[19] |
Ковчегот на мртовецот | 54% (219 ревизии)[20] | 53 (37 ревизии)[21] | A−[19] |
На крајот на светот | 45% (219 ревизии)[22] | 50 (36 ревизии)[23] | A−[19] |
На чудни плими | 32% (259 ревизии)[24] | 45 (39 ревизии)[25] | B+[19] |
Просек | 53% | 53 | A– |
Главни улоги
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Johnny Depp Movies List by Box Office Sales“. JohnnyDeppMoviesList.org. Архивирано од изворникот на 2017-05-24. Посетено на 2015-01-22.
- ↑ „'Star Wars: Episode VIII' Sets Off Release Date Dominoes; Rubs Against 'Ready Player One' – Will Spielberg Pic Move?“. Deadline Hollywood. 2016-01-20. Посетено на 2016-01-20.
- ↑ IMDb, Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales (2017) (пристапено на 30.9.2017)
- ↑ „Showdowns: 'Pirates' Vs. 'Pirates'“. Box Office Mojo. Посетено на 2011-09-23.
- ↑ „2003 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. Посетено на 2008-03-15.
- ↑ „2006 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. Посетено на 2008-03-15.
- ↑ „2007 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. Посетено на 2008-03-15.
- ↑ „2011 WORLDWIDE GROSSES“. Box Office Mojo. Посетено на 2011-07-04.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003)“. Box Office Mojo. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest (2006)“. Box Office Mojo. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: At World's End (2007)“. Box Office Mojo. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ Sylt, Christian (July 22, 2014). „Fourth Pirates Of The Caribbean Is Most Expensive Movie Ever With Costs Of $410 Million“. Forbes. Посетено на December 7, 2014.
Production costs: $410.6 million; rebate: $32.1 million
- ↑ „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)“. Box Office Mojo. Посетено на August 22, 2011.
- ↑ Croffey, Amy (17 May 2015). „If it's not one thing it's another! Pirates Of The Caribbean 5 shoot $70m over budget... while Johnny Depp spends $320k to fly dogs out of Australia on a PRIVATE JET“. Daily Mail. Посетено на 3 October 2016.
Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales has racked up a $320 million bill, well over its initial budget of $250 million
- ↑ „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“. boxofficemojo.com. Amazon.com. Посетено на 2015-02-26.
- ↑ „Pirates of the Caribbean Movies at the Box Office“. Box Office Mojo.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003): Reviews“. Metacritic. Посетено на 2009-01-30.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 „Cinemascore“. Cinemascore.com. Посетено на 2015-02-21.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest (2006): Reviews“. Metacritic. Посетено на 2009-01-30.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: At World's End Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: At World's End (2007): Reviews“. Metacritic. Посетено на 2009-01-30.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011): Reviews“. Metacritic. Посетено на 2011-05-20.