Киракали (грчки: Κυρακαλή, до 1940 г. Κυρά Καλή, Кира Кали) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 130 жители

Киракали
Κυρακαλή
Киракали is located in Грција
Киракали
Киракали
Координати: 40°06′N 21°21′E / 40.100° СГШ; 21.350° ИГД / 40.100; 21.350
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.130
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51100
Повик. бр.24620

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу 5 километри западно од градот Гребен.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Киракали е муслиманско грчко село во Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Киракали било населено со 350 валахади (грчки муслимани).[2]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција.

Според пописот од 1920 година Насинокос е целосно муслиманско грчко село со 63 семејства и 200 жители.[3]

Во средината на 1920-те години согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени понтиски Грци бегалци од Турција. Со пописот од 1928 година селото е попишано како целосно бегалско со 76 семејства и 249 жители.[4]

Во 1940 година името на селото е изменето во Киракали.

Демографија

уреди

Пописи

уреди
  • 1913 - 191 жител [5]
  • 1920 - 145 жители
  • 1928 - 249 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 278 206 252 136 145 145 163 130
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Киракали денес

уреди

Главен селски настан е Голема Богородица (15 август), кој е празник на основната црква „Успение на Пресвета Богородица“. Во реонот на селото има уште 3 параклиса.[6]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  3. „Сайт за село Мирсина“. Архивирано од изворникот на 2010-06-28. Посетено на 2017-03-20.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  6. Официjалno туристичко семрежно место за Западна Македонија[мртва врска]

Надворешни врски

уреди