Католицизмот во Грција

Католичка црква во Грција — дел од светската Католичка црква, под духовно водство на Папата во Рим. Домородните римокатолички Грци бројат околу 50.000-70.000[1] и претставуваат религиозно, а не етничко малцинство. Повеќето од нив се реминисценција на венецијанското и џеновското владеење на многуте грчки острови (и во Егејското и во Јонското Море) од почетокот на 13 до крајот на 18 век, или потомци на илјадниците Баварци кои дошле во Грција во 1830-тите години како војници и цивилни администратори, придружувајќи го кралот Отон. Еден многу стар, но сѐ уште чест термин кој се користи за католиците е Φράγκοι, или "Франки", тој датира од времето на Византиското Царство, кога Старите Грци го користеле овој термин за сите католици.

Катедрала-базилика на Св. Дионис Ареопагитот во Атина.

Сепак, од почетокот на 1990-тите бројот на католичките постојани жители на Грција во голема мера се зголеми; денес, тие бројат околу 200,000 во најмала рака, а можеби и повеќе.[1] Овие католици се имигранти или од Источна Европа (особено Полска) или од Филипините, но исто така вклучуваат и иселеници од Западна Европа кои живеат постојано во Атина или на грчките острови (особено Крит, Родос и Крф).

Денес, поголемиот дел од католиците живеат во Атина, град на околу четири милиони луѓе; остатокот од католиците живеат низ цела Грција. Повеќето домородни католици живеат на островите, особено на Кикладите, додека во Сирос и Тинос постојат целосно католички села и парохии. Исто така, одреден број католици живеат во Крф, Наксос, Санторини, Кефалонија, Закинтос, Родос, Кос, Крит, Самос и Хиос. Во другите делови од Грција католичките заедници се помали, тие постојат и во Патра (град кој бил дом на голема италијанска заедница до Втората светска војна), Солун, Кавала, Волос итн. Во прилог на римокатолиците (според римски обред), кои претставуваат огромно мнозинство на верниците, постојат околу 5.000 според грчкиот обред[1] и неколку стотици ерменски католици.

Папи од Грција

уреди

Епископска конференција

уреди

Епископската конференција на Грција (Hiera Synodos Katholikis Hierarkhias Hellados) има шест членови:

  • Архиепископот на Крф и апостолскиот администратор на Солун
  • Архиепископот на Наксос и Тинос и апостолскиот администратор на Хиос
  • Архиепископот на Атина и апостолскиот администратор на Родос
  • Епископот на Сирос и Санторини и апостолскиот администратор на Крит
  • Егзархот на гркокатолиците според византискиот обред (со седиште во Атина)
  • Ординаријатот на ерменските католици (со седиште во Атина)

Папски претставници во Грција

уреди
Тип Име Датуми
Апостолски нунциј Едвард Џозеф Адамс 22 февруари 2011 -
Апостолски нунциј Лујџи Гати 16 јули, 2009 - 22 февруари 2011
Апостолски нунциј Патрик Ковени 25 јануари, 2005 - 16 јули 2009
Апостолски нунциј Павле Фуад Табет 2 јануари 1996 - 25 јануари 2005 
Апостолски про-нунциј Лукијано Стореро 28 јуни 1990 - 15 ноември 1995
Апостолски про-нунциј Џовани Маријани 25 април 1980 - 5 мај 1990
Апостолски делегат Анџело Џузепе Ронкали 12 јануари 1935 - 23 декември 1944
Апостолски делегат Карло Марготи 12 февруари 1931 - 25 јули 1934
Апостолски делегат Луис Петит 4 март 1912 - 24 јуни 1926
Апостолски делегат Антонио Деленда 25 август 1900 - ? август 1911 
Апостолски делегат Џовани Маранго 9 јуни 1874 - ? 1900
 
Катедралата Св. Џејмс и Свети Кристофер во Крф
 
Катедралата Свети Павле во Пиреј

Организација

уреди

Римски (латински) католички

уреди
  • Атинска архиепископија
  • Родоска архиепископија
  • Архиепископијата на Крф, Занте и Кефалонија
  • Архиепископијата на Наксос, Андрос, Тинос и Миконос
    • Хиоска епархија
    • Критска епархија
    • Санторинска епархија
    • Епархија на Сирос и Милос
  • Солунски апостолски викаријат

Епархии

уреди

Парохии

уреди

Источни грчки (византиски) католички

уреди

Други

уреди

Познати грчки римокатолици

уреди
  • Димитриј Кидон, теолог
  • Томас Палајологос, деспотот на Мореја
  • Василиј Весарион, теолог
  • Јоанис Аргирополос, научник
  • Марко Мусурус, научник
  • Јоанис Андреас Каргас, епископ на Сирос
  • Доменикос Теотокопулос ("Ел Греко"), сликар
  • Јоанис Марангос, архиепископ
  • Маркос Вамвакарис, музичар

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Religious Freedom in Greece (September2002)“. Greek Helsinki Monitor Minority Rights Group - Greece. Архивирано од изворникот (RTF) на 2007-09-29. Посетено на 2007-09-15.

Надворешни врски

уреди