Религија во Грција

Верници во Грција
Православни околу
  
95 %
Римокатолици
  
0,7 %
Гркокатолици
  
0,3 %
Протестанти
  
0,1 %
Муслимани
  
1,3 %
Евреи
  
0,1 %

Источното Православно христијанство е религија на 95% [1] до 98% [2] на грчкото население.

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,[3]

  • 81% од грчките граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
  • 16% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила".
  • 3% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".

Православие

уреди
 
Поглед кон Метеора

Грчката Православна црква, која е член на Источната Православна црква, е запишана во уставот на Грција. Нејзините членови се од 95% [1] до 98%[2] од населението. Од нив, околу 700.000 до 1 000 000 се членови на старата православна црква[1].

Католизам

уреди

Римокатолизам

уреди

Бројот на римокатолиците во Грција е околу 50.000[1]. Овие верници ги има низ целата територија на земјата, но главно живеат на Кикладите и по Јонските Острови. Присуството на католиците во грчките острови се должи на доминација на Венеција на овие простори во средниот век. Римокатоличката заедница е зголемена во последниве години како резултат на имиграцијата и денес брои околу 200.000.[1]

Гркокатолизам

уреди

Вкупниот број на гркокатолиците во земјата е околу 5.000 [1] и тие најчесто живеат во Атина.

Протестантство

уреди

Бројот на Протестантите, вклучувајќи ги и членовите на Грчката Евангелистичка црква и Слободната Евангелистичка црква, е околу 30.000.[4][5]. Бројот на членовите на Саборот на Бога и другите Пентекостни нзависни цркви е околу 12.000 членови.[6]

Ислам

уреди

Муслиманите во Грција се претежно од турско потекло иако има и заедница на грчки муслимани. Бројот на следбениците на исламот се проценува на 97.604 луѓе или 0,95% од вкупното население, според пописот во 1991 година.[7] Бројор на имигрантските муслимани се проценува од 200.000 до 300.000.[8]

Јудаизам

уреди

Еврејската заедница во Грција во моментов изнесува околу 5.500 луѓе, главно концентрирани во Атина, Солун, Лариса, Волос, Јанина, Трикала и Крф, додека многу помалку ги има во Кавала и Родос.[9]

Хеленско неопаганство

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Religious Freedom in Greece (September2002)“. Greek Helsinki Monitor Minority Rights Group - Greece. Архивирано од изворникот (RTF) на 2007-09-29. Посетено на 2007-09-15.
  2. 2,0 2,1 „Greece“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 2007-09-15.
  3. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
  4. „Executive Summary Discrimination on the grounds of religion and belief GREECE“ (PDF). Dr Ioannis Ktistakis & Dr Nicholas Sitaropoulos. ec.europa.eu. 2004-06-22. Посетено на 2007-04-14.
  5. „International Religious Freedom Report 2007: Greece“. US Dept. of State/Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. www.state.gov. 2006-09-15. Посетено на 2007-04-14.
  6. „Synod of Apostolic Church of Christ“. Архивирано од изворникот на 2004-12-16. Посетено на 2009-10-17.
  7. Υπουργείο Εξωτερικών, Υπηρεσία Ενημέρωσης: Μουσουλμάνικη μειονότητα Θράκης and Ελληνική Επιτροπή για τη διαχείρηση των υδατικών πόρων: Στοιχεία από την πρόσφατη απογραφή του πληθυσμού
  8. „International Religious Freedom Report 2006: Greece“. US Dept. of State/Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. www.state.gov. 2006-09-15. Посетено на 2007-09-15.
  9. Short History Of The Jewish Communities In Greece Архивирано на 26 септември 2007 г. (pdf), publicized by the Central Board of Jewish Communities in Greece Архивирано на 19 ноември 2019 г.