Сеноти
Сеноти (шпански: cenote) е дупка исполнета со подземна вода опколена од карпи. Сенотите се типични за Јукатан, Мексико и во околните карипски острови. Името на сенотите доаѓа од називот на Маите за место каде е достапна свежа вода. Сенотите имале важна улога во религискиот живот на Маите и се верувало дека тие се преминот од материјалниот кон подземниот свет каде живееле богови, духови и натприродни суштества.
Сенотите и Маите
уредиПолуостровот Јукатан скоро и да нема реки и има малку езера. Сенотите се единствените извори на свежа вода на полуостровот. Главните мајански центри имале потреба од достапност до извор на свежа вода, и токму поради тоа големите градови, меѓу кои и Чичен Ица, биле градено до овие природни извори на вода. Некои од сенотите, како на промер Сенотата на жртвувањето, имале главна улога во религијата на Маите. Верувајќи дека сенотите се премин кон подземјето и задгробниот живот, Маите фрлале вредни артефакти во сенотите, но покрај овие вредни подароци Маите фрлале и човекови жртви најчесто млади момчиња и девојки како дар за Боговите.
Познати сеноти
уредиМексико
уреди- Јукатан
- Дос Охос, во близина на Тулум, Мексико
- Цибилчалтун, Јукатан, Мексико
- Света сенота, Чичен Ица, Мексико
- Xtacunbilxunan, Болончен , Мексико
- Сентрален и северен регион
- Закатон, Тамаулипас, Мексико
Канада
уреди- Ѓаволска бања, северен Ванкуверски Остров, Канада
САД
уреди- Ботомлес Лејк, во близина на Розвел, Ново Мексико
- Монтезумас Вел, Аризона
Автралија
уредиНаводи
уреди- RAE [Real Academia Española] (2001). Diccionario de la lengua española (online version) (22nd. изд.). Madrid: Editorial Espasa Calpe. ISBN 84-239-6814-6. OCLC 48657242. (шпански)
- Sharer, Robert J.; with Loa P. Traxler (2006). The Ancient Maya (6, fully revised. изд.). Stanford, CA: Stanford University Press. ISBN 0-8047-4816-0. OCLC 28067148.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди„Сеноти“ на Ризницата ? |
- Система Закатон Архивирано на 25 јуни 2009 г.
- Вулканска карстификација на Система Закатон, Мексико Архивирано на 18 јули 2011 г.
- Формирање на сеноти
- Сеноти
- Сеноти во Чичен Ица
- Кинтана Ро
- Конференција за сеноти во Перуџа, Италија
- Карти на Чикхулуб и Прстенот на сеноти Архивирано на 10 октомври 2007 г.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |