Слатински Извор (пештера)

пештера во Македонија
(Пренасочено од Слатински Извор)

Слатински Извор — најголемата пештера во Македонија,[2] во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата.[3]

Слатински Извор
Слатинска Пештера
Сталактити во пештерата Слатински Извор
Слатински Извор is located in Македонија
Слатински Извор
Слатински Извор
Слатински Извор (Македонија)
МестоОпштина Македонски Брод,
 Македонија
Должина> 4 км
Надм. височина495 м
Геологијакарстна, доломитска

Настанок и одлики

уреди

Создадена е во доломитски мермери со проблематична старост.   Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали[4]. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 х 15 м) создадени се и поголеми сталагмити.

Истражена должина на пештерата изнесува 800 м, но досега е познато дека е долга повеќе од 4 км.[5] На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро.

Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена.

Пештерски украси

уреди

Според условите во кои се формирани, украсите во пештерата Слатински Извор припаѓаат на три групи: украси формирани од вода што тече и вода прокапница, украси формирани од капиларна вода и басенски депозити.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Слатинска пештера Архивирано на 4 април 2016 г. — „Македонски бисер“ (ИДБЦ)
  2. „Најголема пештера во Македонија - Слатинска пештера“. „Дали знаевте дека“. Посетено на 19 декември 2010.[мртва врска]
  3. „Закон за прогласување на пештерата „Слатински Извор" за споменик на природата“. Архивирано од изворникот на 2017-04-22. Посетено на 2013-09-12.
  4. „Пештерата „Слатински Извор" споменик на природата“. Општина Македонски Брод. 4 ноември 2010. Посетено на 3 октомври 2018.[мртва врска]
  5. Пештера Слатински Извор Архивирано на 18 јули 2016 г. — Урсус Спелеос посет. 12 септември 2013 г

Надворешни врски

уреди