Јужни Варовнички Алпи
Јужни Варовнички Алпи (германски: Südliche Kalkalpen, словенечки: Južne apneniške Alpe, италијански: Alpi Sud-orientali) — група планински венци во состав на Источните Алпи, јужно од Централните Источни Алпи, претежно во северна Италија и соседна Австрија и Словенија. Се одликуваат со посебен геолошки состав кој ги разликува од другите повисоки врвови од соседната група. Се протегаат од венецот Собрета-Гавија во Ломбардија на запад до Похорје во Словенија на исток.
Јужни Варовнички Алпи | |
---|---|
Групата Фанес на Доломитите | |
Највисока точка | |
Врв | Ортлер |
Надм. височина | 3.905 м |
Координати | 46°30′32″N 10°32′42″E / 46.50889° СГШ; 10.54500° ИГД |
Географија | |
Земји | Австрија, Словенија, Италија и Швајцарија |
Делови | |
Матичен венец | Источни Алпи |
Геологија | |
Период | мезозоик и терцијар |
Вид карпа | варовник и доломит |
Класификација на Високогорскиот клуб
уредиСпоред класификацијата на Источните Алпи на Високогорскиот клуб, Јужните Варовнички Алпи ги опфаќаат следниве венци и планини (од исток кон запад):
|
|
Поврзано
уредиИзвори
уреди„Јужни Варовнички Алпи“ на Ризницата ? |
- Franz Graßler (1984), DAV, OeAV, AVS, ed., "Alpenvereinseinteilung der Ostalpen (AVE)
- Alpenvereins-Jahrbuch" (in германски), Berg '84 Band 108: стр. 215–224
- Dr. Josef Moriggl (1928), Hauptausschuß des D. u. Ö. Alpenvereins, ed. (in германски), Ratgeber für Alpenwanderer in den Ostalpen
- Mit Schutzhüttenverzeichnis (2. уред.), Munich