Дебарски дијалект
Дебарски дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Дебар со околината. Дебарскиот дијалект е близок дијалект со реканскиот дијалект и со галичкиот дијалект. Дијалектот е карактеристичен по употребата на доста архаични зборови.
Територија
уредиОвој дијалект го сочинуваат градскиот говор од Дебар и говорите од областите
- Поле (Рајчица, Баниште, Татар Елевци),
- Жупа (Броштица, Голем Папрадник, Мал Папрадник, Пареши, Центар Жупа (Вапа), Горенци, Бајрамовци, Црно Боци, Оџовци, Житинени),
- Малесија (Локов, Р'жаново, Збажди, Присовјани, Селци, Буринец),
- и јужните рекански села Могорче, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Горно Косоврасти и Долно Косоврасти.
Фонолошки одлики
уредиСамогласки
уредиФонолошкиот систем на дебарскиот говор се состои од 6 самогласки и 25 согласки.
Самогласни фонеми се: и, е, ӑ, а, у, о.
Во споредба со другите дебарскн говори како карактеристична структурна особеност на вокализмот во дебарскиот се јавува фонемата ӑ. Фонетски таа се определува како среднојазичен глас. Средниот дел на јазикот артикулира во правецот на граничната зона меѓу тврдото и мекото непце и при тоа тој се издигнува средно. Има ист степен на отвор како самогласките о, е, но таа не е ни лабијализиран ни палатален глас. Фонолошки ӑ се јавува како корелат на фонемата а по признакот висок - низок отвор. Во врска со дистрибуцијата треба да истакнеме дека ӑ не може да стои ни на апсолутниот почеток, ниту во афиксите. Со други зборови, таа се среќава само во коренската морфема, сп.грӑди, jӑже, пӑт, рӑка. На историски план фонемата ӑ се јавува како континуант на носовката *Q, секундарниот Ъ2 и во група со р и л како рефлекс на самогласните *r и *l.
*Q> а: внӑтра – натра, грӑдu, гнӑсно, гӑба, јӑзер, гӑжва (Селци), дӑп – дӑбје, дӑга, дрӑк - дрӑгот, зап - зӑби, jӑже, jӑшор, jӑдица, jӑглен, кӑде, кӑј, каӑлица (: кӑрклица , Г. Папрадник), се кӑпит, кӑтит, кӑтник, кӑдел'а, кӑсат, кӑпинки, лӑчиш, мӑка, мӑчно, мӑш – мӑжи, мӑшко, мӑдро, мӑтка, мӑштеjнца, мӑтит, прӑт, рӑка, смӑт, сӑк, сӑжен, сӑбота, сӑдоj, стӑпал' ка, стрӑга трӑба, тӑга, тӑпан, трӑт.
Со запазен назализам забележени се: кӑндро (Локов), стрӑнга (Г. Папрадник).
Во оваа положба (во коренската морфема) само во неколку случаи место *Q наоѓаме о: глобок, клопче, клопко, топук, отоде, своноќ, свозима (на целата територија). Во поодделни населби бројот на примерите со о е поголем, особено во периферните области. Сп. собота (Дебар), кодраф, копинка, стопало, топан, подит, исподит (Баниште), божилок, доп, зоби, можите, модро, мотна вода, скoпиja, тога, троба (Селци).
Во неколку случаи во говорот на Македонците муслиман во Голем Папрадник *Q е заменето со е : јеглен, јеже, јежица, јеток, греди: ме болет гредите, покраj грӑди. Паралелно со каде се срекаваат и разновидностите кеде, кеj, ке.
- фиксиран акцент на третиот слог од крајот на зборот
- намалена употреба на согласката Џ, наместо неа се употребува ж
- употреба на о наместо а: рака > рока
- употреба на о наместо мекиот глас: крв > корв
Морфолошки одлики
уреди- употреба на ќа немасто ќе
- употреба на трите членови
- употреба на наставката -т за трето лице еднина
- употреба на наставката -ој за множина: лебови > лебој
- употреба на предлогот ВО.