Акр
Акр (англ. acre) е единица за површина во разни системи како британскиот и американскиот. Најчесто употребувани акри денес се меѓународниот и американскиот геометарски акр. Во еден акр има 43.560 квадратни стапки.
Еден акр има 4.840 квадратни јарди. Заради алтернативните дефиниции за јардот, точната големина на акрот исто така варира. Сродни мерки за должина се еден фурлонг акрова должина (220 јарди) и ланец акрова ширина (4 прачки или 22 јарди).
Акрот најчесто се користи за површина на земја. Метричниот систем го користи користи хектарот за истата намена. Еден акр има околу 0,4 хектари.
Меѓународен акр
уредиВо 1958 год, САД и земјите на Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународната јард како 0,9144 метри.[1] Како резултат на тоа, меѓународниот акр изнесува точно 4046,8564224 квадратни метри.
Американски геометарски акр
уредиАмериканскиот геометарски акр изнесува околу 4046.873 квадратни метри; неговата точна вредност ( 4046 13.525.426⁄15.499.969 m2) е заснована на инч дефиниран од метар - 1 метар = 39,37 инчи, по одлуката на Менделхаловата наредба. Ова е стандардниот акр во САД, но разликата од меѓународниот акр изнесува само 4 милионитини.
Еквиваленција со други единици за површина
уреди1 меѓународен акр е еднаков на следниве метрички единици:
- 4046,8564224 квадратни метри
- 0,40468564224 хектари
1 меѓународен акр е еднаков на следниве неметрички единици единици:
- 4840 квадратни јарди
- 160 квадратни прачки (1 квадратна прачка = 0,00625 акри)
- 100 индиски центи (1 цент = 0,01 акри)
- 10 квадратни ланци (1 квадратен ланец = 0,1 акри)
- 4 руда (1 руд = 0.25 акри)
- 0,0015625 кдвадратни милји (1 квадратна милја = 640 acres)
1 американскиот геометарски акр е еднаков на:
- 43,560 квадратни стапки
- 4840 квадратни геометарски јарди
- 4046,87261 квадратни метри
- Еден акр е еднаков на 10 квадратни ланци: десет акри се еднакви на еден квадратен фурлонг: акрот е еден ланец на еден фурлонг: ланец: 22 јарди, фурлонг: 220 јарди.
Примена на акрот
уредиВо Обединетото Кралство денес употребата на акрот намерно се потиснува, но за општата јавност тој и понатаму останува вообичаена мерка за површина. Акрот е законската мерка за површина во САД.
Потекло
уредиЗборот „акр“ доаѓа од староанглискиот збор æcer (со првобитно значење на „отворено поле“, сродно на германскиот Acker, латинскиот ager и старогрчкиот Αγρός).
Акрот била избран како отприлика земјата која еден човек можел да ја изора со еден вол за еден ден. Ова дава објаснение на една дефицинија - како правоаголна површина со страни со должина од еден ланец и еден фурлонг. Долгнавеста парцела се ора полесно отколку правоаголна бидејќи плугот немора да се свртува толку често. Самиот збор „furlong“ доаѓа од фактот што тој е долг еден плуг.
Законските вредности на акрот ги имаат регулирано владетелите:
- Едвард I,
- Евард III,
- Хенри VIII,
- Џорџ IV и
- Викторија – „Акт за британски мерни единици“ („British Weights and Measures Act“) од 1878 год. го дефинира акрот како 4.840 квадратни јарди.
Историски, во Обединетото Кралство големината на нивите и поседите секогаш се изразувала во акри, дури и во случај нивниот број да е толкав што подобро би бил изразен во квадратни милји. На пример, се велело дека извсен земјопоседник држи 32.000 акри, а не 50 квадратни милји земја.
Други акри
уреди- Шкотски акр, еден од разните стари шкотски мерни единици
Наводи
уреди- ↑ National Bureau of Standards. Ревалуација на вредностите на јардот и фунтата. (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Регулативи за мерните единици од 1995 г. (англиски)
- ви претставува „Колку има во една акр?“ (англиски)