Источен часовен појас
Источен часовен појас (англиски: Eastern Time Zone, ET) — часовен појас на западната полутопка кој го покрива источниот брег на Северна Америка и западниот брег на Јужна Америка. Времето е пет часа назад од UTC во стандардното време (UTC-5) и четири часа во летното време (UTC-4). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 75° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „источно време“ (Eastern Time, ET). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е „источно стандардно време“ (Eastern Standard Time, EST), а преку лето е „источно летно време“ (Eastern Daylight Time, EDT).
Појасот е два часа пред планинскиот појас и еден час зад централниот часовен појас.
Северна Америка
уредиКанада
уредиВо Канада, следниве покраини и територии се делумно под источниот појас:
- Онтарио (без областите западно од Тандер Беј, но со Атикокан)
- Квебек (без западниот брег Кот Ноар и Маделенските Острови)
- Нунавут, источно-централен дел (вклучувајќи и дел од полуостровот Мелвил и поголемиот дел од островите Елсмир и Бафинова Земја)
САД
уредиВо САД, следниве држави се целосно под источниот појас:
Други земји
уредиДруги земји во источниот часовен појас се:
- Бахами
- Јамајка
- Куба
- Мексико: источната држава Кинтана Ро извесно време во 1990-тите била под EST
- Панама
- Хаити
Јужна Америка
уредиВо Јужна Америка овој часовен појас е застапен во: