Планински часовен појас
Планински часовен појас — часовен појас во Северна Америка, седум часа зад координираното универзално време (UTC) при стандардно сметање и шест часа зад него при летно сметање (UTC−6). Часовничкото време на појасот се води по средното сонечево време на 105. западен меридијан од Гринич.
Во САД и Канада, овој појас го носи општиот назив „планинско време“ (англиски: Mountain Time, MT). Се нарекува „планинско стандардно време“ (Mountain Standard Time, MST) при стандардно сметање на времето и „планинско летно време“ (Mountain Daylight Time, MDT) при летно сметање. Појасот е наречен „планински“ бидејќи низ него целосно се протегаат големите Карпести Планини, од северозападна Канада, па до Ново Мексико во САД. Во Мексико, истиот појас се нарекува „тихоокеански појас“ (шпански: Zona Pacífico). Во САД и Канада овој појас лежи источно од тихоокеанскиот, а западно од централниот појас.
Почнувајќи од 2007 г. во некои подрачја месното време се менува од MST во MDT од 02:00 ч. MST на 03:00 ч. MDT на вториот ден недела во март и се враќа од 02:00 ч. MDT на 01:00 ч. MST на првиот ден недела во ноември.
Сонора во Мексико и најголемиот дел од Аризона во САД не следат летно време, а за време пролетта, летото и есента следат исто време како тихоокеанскиот појас.[1] Резерватот Навахо (кој е претежно во Аризона) следи летно време, но резерватот Хопи не следи.
Најголем град во планинскиот часовен појас е Финикс во Аризона, со неговата метрополитенска област.
Канада
уредиСамо една покраина во Канада лежи целосно во планинскиот појас:
Една покраина и една територија се поделени меѓу планинскиот и тихоокеанскиот појас:
- Британска Колумбија — далекуисточни краишта
- Северозападни Територии — Тангстен
Една територија иедна покраина се поделени меѓу планинскиот и централниот појас
- Нунавут: областа Киткимеот
- Саскачеван: Лојдминстер и околината
Мексико
уредиСледниве сојузни држави во Мексико имаат исто време како планинскиот часовен појас:
- Јужна Долна Калифорнија
- Колима — само три од четирите острови на архипелагот Ревилјахихедо: Сокоро, Сан Бенедикто и Рока Партида.
- Најарит: освен општината Баија де Бандерас, која е во централниот појас.
- Синалоа
- Сонора — нема летно време, само MST.
- Чивава
САД
уредиПет сојузни држави во САД наполно лежат во планинскиот појас:
Три сојузни држави се поделени меѓу планинскиот и тихоокеанскиот појас:
- Ајдахо — Јужно Ајдахо
- Невада — само Вест Вендовер заедно со гратчињата Џекпот, Маунтан Сити, Овајхи и Џарбиџ на границата со Ајдахо.
- Орегон — главен часовен појас на округот Малхир
Седум сојузни држави се подлеени меѓу планинскиот и централниот појас:
- Јужна Дакота — западната половина
- Канзас — окрузите Шерман, Волес, Грили и Хамилтон
- Небраска — западната третина
- Ново Мексико — цело, освен Нара Виза
- Оклахома — Кентон
- Северна Дакота — југозападни краишта
- Тексас — окрузите Ел Пасо и Хадспет
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Robbins, Ted (March 11, 2007). „Arizona Says No to Daylight-Saving Time“. National Public Radio. Посетено на June 18, 2012.
Надворешни врски
уреди- Карта на часовните појаси во САД (англиски)
- Официјални времиња во Канада (англиски)
- Официјални времиња во Мексико (шпански)