Историја на ФК Арсенал (од 1966 наваму)
Историјата на Арсенал Фудбалски Клуб ги покрива третиот, четвртиот, и петтиот период на успеси во историјата на Арсенал, вклучително и три Двојни Круни, Двојна Круна во куповите и успех во европскиот фудбал.
По назначувањето на Берти Ми за менаџер во 1966, Арсенал го освоил Купот на Саемски Градови, нивниот прв европски трофеј, во сезоната 1969–70, и првата Двојна Круна со освојувањето на лигата и ФА Купот во сезоната 1970-71. Сепак, составот што ја освоил Двојната Круна набрзо била растурена и следната сезона била карактеризирана со многу речиси освоени трофеи - Арсенал бил поразен во три финалиња на ФА Купот (1971–72, 1977–78 и 1979–80) и поразот на пенали во финалето на Купот на Победниците на Куповите во сезоната 1979–80. Единствен успех на клубот во овој период била победата во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед во сезоната 1978–79.
Враќањето на пранешниот играч Џорџ Греам како менаџер во 1986 довело до трет период на слава. Арсенал го освоил Лига Купот во сезоната 1986-87, две лигашки титули во 1988–89 и 1990–91, Двојната Круна со ФА и Лига Купот во сезоната 1992–93 и еден европски трофеј, Купот на Победниците на Куповите, во 1993-94. Сепак, репутацијата на Греам била оцрнета кога било откриено дека примал поткупи за потпишување на одредени играчи и бил отпуштен во 1995.
Петтиот период на успеси дојде по назначувањето на Арсен Венгер во 1996. Под негово водство, Арсенал ја освои својата втора Двојна Круна (Лигата и ФА Купот) во 1997–98 а потоа и третата во сезоната 2001–02. Клубот исто така го освои ФА Купот во сезоните 2002–03 и 2004–05, и ја освои титулата во Премиер Лигата во 2003–04 без ниту еден пораз. Во 2005–06 станаа првлондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампионите, но беа поразени со 2-1 од ФК Барселона. За време на следната сезона Арсенал се пресели од Хајбери на новиот Стадион Емирати во близината.
Првата Двојна Круна(1966–76)
уредиПо отпуштањето на Били Рајт летото 1966, Арсенал го назначил физиотерапевтот Берти Ми за негов наследник. Овој потег изненадил многу луѓе вклучително и Ми, кој побарал да може да се врати на своето работно место како клупски физио доколку после 12 месеци клубот не е задоволен од неговата работа.[1] Со Дејв Секстон како помошник, Ми имал попрофесионален пристап кон клубот и се залагал за таленти развиени во Академијата; Младинскиот тим на Арсенал го освоил Младинскиот ФА Куп во сезоната 1966, а талентираните напаѓачи како Чарли Џорџ, Џон Радфорд, Питер Симпсон и Реј Кенеди беа унапредени во првиот тим.
Ми го надополнил напаѓачкиот состав со неколку поискусни играчи, капитенот Френк Меклинток ја организирал одбраната од својата положба во средината на теренот додека цврстиот Петар Стори ја пополнил улогата играч од дефанзивен среден ред. На почетокот овој тим многу ветувал, стигнувајќи до две последователни финалиња на Лига Купот во 1968 и 1969 година. Во двата случаи Арсенал останал со празни раце. Во првото финале клубот изгубил од Лидз Јунајтед кој бил под водство на Дон Реви во натпревар со многу малку шанси на двете страни, единствениот гол бил дело на Тери Купер.
Второто финале бил катастрофален пораз од 3-1 против Свиндон Таун тим кој во тоа време играл во Третата Дивизија. Осум играчи на Арсенал имале грип, што довело до оддолжување на претходниот натпревар во лигата,[2] и тимот одвај се изборил за продолженија благодарејќи на голманска грешка која Боби Гулд ја искористил. Во продолжњнијата Дон Роџерс постигнал два гола додека Арсенал се борел да дојде до победничкиот гол. Сепак таа сезона не била целосна пропаст, клубот завршил на четврто место со што добил излез во Европа за сезоната 1969-70.
Ова се покажало како благослов, бидејќи Арсенал го освоил својот прв трофеј после 17 години, истовремено и прв трофеј во европско натпреварување. Во сезоната 1969-70 Арсенал во Купот на Саемски Градови го победиле Ајакс со вкупен резултат 3-1 во полуфиналето, а потоа во финалето против Андерлехт го извеле славниот пресврт,[3] кога во првиот натпревар Арсенал губеле со 3-0, во 74 минута на стадионот Емил Версе, но голот на гости постигнат при крајот на натпреварот од Рај Кенеди му дал на клубот мала надеж; на вториот натпревар пред полниот Хајбери, предводени од капитенот Френк Меклинток, тимот победил 3-0 со головите на Џон Радфорд, Еди Кели и Џон Самелс, за победа со вкупен резултат 4-3.
Таа сезона клубот завршил на 12 место во лигата, можеби поради европските натпревари, но биле далеку од титула. Но затоа веќе следната сезона 1970-71, Арсенал станал втор клуб кој ја освоил Двојната Круна освојувјќи ги Лигата и ФА Купот. Тоа била првата Двојна Круна за тимот. По одличниот старт на сезоната, се добил впечаток дека Арсенал се излезени од трката за титулата по поразот од 5-0 против Стоук Сити во септември. Сепак тимот се опоравил и по серија од одлични резултати (не изгубиле ни еден натпревар до јануари), и на крајот од сезоната дошло до тесна трка меѓу нив и Лидз Јунајтед.
По поразот од 1-0 од Лидз во април, Арсенал морал да победи со 1-0 кај Тотенхем за да ја освои титулата со подобра гол разлика. Со голот на Реј Кенеди во 87 минута, клубот ја освоил титулата на Вајт Харт Лејн стадионот на неговиот најголем соперник. Во меѓувреме Тимот стигнал и дофиналето на ФА Купот, по тешкото полуфинале во кое Арсенал се вратил во игра откако губрл 2-0, на повторениот натпревар тимот остварил победа. Во финалето, пет дена по победата кај Тотенхем, Арсенал го победил Ливерпул со 2-1 на Вембли; Арсенал прв примил гол во продолжението, но израмнил со голот на Еди Кели во 101 минута.[4] Десет минути подоцна Чарли Џорџ го постигнал победничкиот гол од врвот на шестнаесетникот со што Арсенал го освоил Купот и Двојната Круна.
По Двојната Круна, тимот имал неколку добри шанси за титула, но сепак до титула не дошло. И покрај купувањето на Алан Бол, најмладиот член на англиската репрезентација на Светското Првенство во 1966 година, за £220000 фунти, клупски рекорд во тоа време Арсенал лошо ја започнал сезоната 1971-72 со три порази по ред во август.[5] Клубот бил приморан да го брка водачот до крајот на сезоната, која ја завршил на петто место. Неговата прва сезона во Европскиот Куп почнала охрабрувачки но бил исфрлен во четвртфиналето од страна на Ајакс кој бил предводен од одличниот Јохан Кројф. Ајакс го освоила Европскиот Куп таа сезона, негова трета последователна титула во Европа. Арсенал стигнал и до финалето на ФА Купот во 1972 втора година по ред, во реприза од финалето на Лига Купот од 1968 и поразот од Лидз со 1-0 во досаден натпревар со малку шанси.[6]
Клубот ја завршил сезоната 1972-73 во лигата на второ место, но во рок од една година тимот кој ја освоил Двојната Круна, а Берти Ми не можел да состави нов тим. Формата на Арсенал рапидно опаднала и завршил на 16 во сезоната 1974-75 и 17 во 1975-76, најнизок пласман во последните четириесетина години, после ваквиот неуспех Ми дал отказ. Менаџерот на Тотенхем Тери Нил, поранешен играч на Арсенал, бил назначен наместо него, иако со Тотенхем не постигнал ништо повеќе од средината на табелата. Тери Нил бил најмладиот менаџер во историјата на Арсенал.
Измешаните резултати на Нил и Хоу
уредиПод водство на Нил, тимот се вратил во горната половина на табелата, предводени од ирската суперѕвезда Лиам Брејди. Брејди бил само дел од големиот ирски контингент на Хајбери, вклучително и Пет Рајс, Френк Стејплтон, Пет Џенингс и младиот Дејвид О‘Лири. На овие играчи им се придружиле и искусните Малком Макдоналд и Алан Хадсон. Дон Хоу кој бил на тренерскиот список во времето кога Арсенал ја освоил Двојната Круна, бил назначен за асистент менаџер.
Иако, во тоа време не можел да се врати во трка за титулата, поради доминацијата на Ливерпул, кон крајот на декадата успеал во ФА Купот. Арсенал стигнале до три финалиња во ФА Купот во 1978, 1979 и 1980, но освоил само едно во 1979 против Манчестер Јунајтед. Брјди бил главен инспиратор на играта на Арсенал кој дошол до водство од 2-0 со головите на Брајан Талбот и Френк Стејплтон и изгледал како сигурен победник; на пет минути до крајот Јунајтед постигнале два брзи голови. Кога сите се подготвувале за продолженија Алан Сандерленд го постигнал победничкиот гол по нафрлувањето од Греам Риксво последните минути од судиското продолжение со што му овозможил на Арсенал победа со 3-2 (познатото „Пет минутно финале“).
Следната сезона, 1979-80, била сурова за Арсенал кој изиграл рекордни 70 натпревари и стигнал до финалето на два купови, но сезоната ја завршиле со празни раце. Во финалето на ФА Купот Арсенал бил фаворит против Вест Хем Јунајтед (кој во тоа време играл во Втората Дивизија), но изгубил со 1-0 со голот со глава на Тревор Брукинг. Во меѓувреме тимот стигнал и до финалето на Купот на Победниците на Куповите против Валенсија, откако во полуфиналето го совладале Јувентус со голот на Пол Весен; финалето завршило без голови и Арсенал загубил на пенали, откако Брејди и Рикс не погодиле од белата точка.
Лиам Брејди си заминал за Јувентус во летото 1980, и тимот повторно западнал во „сушен“ период. Тимот продолжил да завршува меѓу првите четири во почетокот на осумдесеттите, но нитуеднаш не се бореле за титулата, и имале лоши настапи во ФА Купот; најдоброто издание им било во сезоната 1982-83, кога стигнале до полуфиналето на двата домашни купови но биле исфрлени од двете од страна на Манчестер Јунајтед.
Нил, на моменти, имал тешкотии да го контролира својот тим. За време на неговото управување имал проблеми со многу од играчите (вклучително и Хадсон и Макдоналд) и не можел да го контролира нивното пиење.[7] Другите играчи купени од него како Чарли Николас немале импресивни настапи, и Нил бил отпуштен во декември 1983 откако имал слаб старт на сезоната 1983-84, вклучително и шокантниот пораз во Лига Купот од страна на третолигашот Валсал.
Асистентот на Нил, Дон Хоу го наследил но и тој имал тешкотии и неуспеал да освои ниеден трофеј. Иако Арсенал завршиле на шесто и седмо со Хоу на чело, но не успеал да се бори за титулата, и биле исфрлени од ФА Купот од страна на третолигашот Јорк Сити во 1984-85. Навивачите почнале да се разочаруваат од лошите резултати и посетеноста почнала да опаѓа под 20000.[8] Во март 1986, откако чул дека клубот му пристапил на тренерот на ФК Барселона, Тери Венеблс за да го наследи,[9] Хоу дал отказ.
Ерата на Џорџ Греам
уредиЛетото 1986 менаџерот на Милвол и поранешен играч на Арсенал Џорџ Греам, бил назначен за долгорочна замена на Хоу. Со ова назначување започнала нова ера на успеси на Хајбери. Греам го исчистил тимот од старите и ги заменил со нови играчи, донесени од други клубови и унапредени од младинскиот состав. Тој исто така вовел и построга дисциплина како во соблекувалната така и на теренот. Ова веднаш донело добри резултати, и Арсенал се нашол на врвот на табелата во декември 1986, што претставувало прво искачување на во последните десет години. Пригоден начин да се прослави стогодишнината од основањето на клубот.
Иако Арсенал завршил на четврто место во првата сезона под раководство на Греам, сепак го освоил Лига Купот. Во полуфиналето клубот играл против Тотенхем, по поразот од 1-0 на Хајбери во првата рунда, и примениот гол во првото полувреме на Вајт Харт Лејн, Арсенал се вратил со погодоците на Вив Андерсон и Ниал Квин за вкупен резултат 2-2 со што се избориле за повторен натпревар;[10] во повторениот натпревар Хотспур повел со 1-0, но головите на Ијан Алисон и Дејвид Рокасл кон крајот му ја донеле победата на Арсенал. Финалето против Ливерпул имало сличен изглед; Ливерпул повеле со голот на Ијан Раш, а двата погодоци на Чарли Николас му го донеле на клубот првиот триумф во Лига Купот.
И покрај поразот во финалето на Лига Купот следната сезона (шокантен резултат 3-2 против Лутон Таун), формата во Лигата постепено се подобрувала. Тимот на Греам имал силна дефанзивна дисциплина, предводена од младиот капитен Тони Адамс, кој заедно со Ли Диксон, Стив Боулд и Најџел Винтербрн, биле основа на одбраната на Арсенал повече од десет години. Сепак, за разлика од мислењето на многумина, во овој период тимот на Греам не бил исклучиво дефанзивен; Греам користел и компетентни играчи во средниот ред, на пример Дејвид Рокасл, Мајкл Томас и Пол Мерсон, и напаѓач од Алан Смит, кој со редовните голови ја завршувал секоја сезона со повеќе од 20 голови во лигата.
На крајот на третата сезона на Греам (1988-89), клубот ја освоил првата титула во Лигата од 1971, на многу драматичен начин. Водејќи на табелата уште од крајот на декември, Арсенал бил поминат од Ливерпул откако изгубил од Дерби Каунти и изиграл нерешено дома со Вимболдон во мај. Сите мислеле дека клубот ги изгубил шансите за титулата, но последниот натпревар од сезоната на 26 мај, бил против Ливерпул на Енфилд; Арсенал морал да победи со два гола разлика за да ја освојат титулата; Ливерпул го имал освоено ФА Купот и биле фаворити за Двојната Круна. Алан Смит постигнал гол на почетокот на второто полувреме, но играчите не можеле да постигнат уште еден гол, на крајот на 90 минути на Арсенал сѐ уште му требал уште еден гол. На моменти пред последното судиско свирче, нафрлувањето на Смит стигнало до Мајкл Томас кој се пробивал низ одбраната на Ливерпул; младиот играч од средниот ред смирено ја подигнал топката над Брус Гробелаар постигнувајќи го вториот гол, со што Арсенал ја освоил титулата во Лигата.
Клубот не можел да ја одбрани титулата следната сезона (1989-90), завршувајќи на четвртото место зад шампионот Ливерпул, второ пласираната Астон Вила и трето пласираниот Тотенхем. Арсенал не успеал да постигне било што и во куповите. Поради забраната, поставена по катастрофата на Хејсел, Арсенал не можел да ја претставува Англија во Европскиот Куп.
Греам во обид да го подобри тимот го потпишал голманот Дејвид Симан и шведскиот крилен играч Андерс Лимпар; двајцата се докажале како клучни во успешната борба за титулата во сезоната 1990-91, и покрај големите проблеми. На клубот му биле одземени два бода во октомври 1990 поради тепачка меѓу десет играчи на Арсенал и играчите на Манчестер Јунајтед на натпревар на Олд Трафорд, а капитенот Тони Адамс пропуштил четири натпревари поради затворска казна за возење во пијана состојба во декември. Сепак овие случки немале многу голем ефект врз напредокот на Арсенал. Тимот загубил само еден натпревар од Лигата и завршил со седум бода предност на врвот на табелата. Клубот стигнал и до полуфиналето на ФА Купот, на натпреварот против Тотенхем Хотспур; Пол Гаскоњ постигнал гол од слободен удар од триесетина метри пет минути по стартот на натпреварот и Тотенхем победиле со конечен резултат 3-1, уништувајќи ги надежите за Двојна Круна.
Сезоната 1991-92 напаѓачот (кој потоа ќе стане и втор анјдобар стрелец за клубот) Ијан Рајт се префрлил од Кристал Палас во составот на Топчиите во октомври. Во истата сезона клубот влегол во европскиот куп, првпат по сезоната 1971-72. Европската кампања поминала лошо за клубот, Арсенал бил исфрлен во втората рунда од СК Бенфика и неуспеал да стигне до фазата по групи. Сезоната тргнала од лошо на полошо кога тимот бил исфрлен од ФА Купот по поразот од нисколигашот Врексам, сепак Арсенал се опоравил од лошиот старт и успеал да заврши на четвртото место во Лигата.
По оваа сезона Греам ја сменил својата тактика, тимот почнал да игра многу подефанзивно. Составите биле помалку ориентирани кон напади, зависејќи од головите на Рајт, за разлика од дотогашните тимови во кои голови постигнувале речиси сите играчи. Сезоните од 1986-87 до 1991-92 во Лигата, Арсенал имал просек од 66 голови по сезона (со постигнати 81 во сезоната 1991-92), но меѓу 1992-93 и 1994-95 имал просек од само 48;[11] вклучително и 40 постигнати 1992-93, кога клубот завршил на десетто место во првата сезона од Премиер Лигата, постигнувајќи најмалку од сите клубови во лигата.[12]
Формата во куповите била подобра од онаа во Лигата, во сезоната 1992-93 Арсенал станал првиот клуб кој успеал да ги освои двата домашни купови (ФА Куп и Лига Куп). Во финалето на Лига Купот клубот играл против Шефилд Венсдеј; Арсенал предводен од Мерсон се вратил од еден гол дефицит и го освоил трофејот со победа од 2-1 со голот на Стив Мороу. Во ФА Купот Арсенал го победил Тотенхем со 1-0 во полуфиналлето (одмаздувајќи се за поразот од 1991), и во финалето повторно играл со Шефилд Венсдеј. Натпреварот завршил 1-1, па се играл повторен натпревар; Рајт прв постигнал гол на реваншот но Крис Вадл израмнил. Во дополнителното време ниедниот тим не можел да постигне победнички покодок, сè до 120 минута, кога Енди Линиган ја свртел нафрлената топка од корнер во голот, носејќи му на Арсенал победа на натпреварот и купска Двојна Круна.
Во сезоната 1993-94 Арсенал го освоил вториот европски трофеј, и покрај отсуството на неколку клучни играчи (Џон Џенсен и Мартин Кион биле повредени, Ијан Рајт суспендиран) успеал да победи против фаворитот Парма со 1-0 во финалето на Купот на победниците на куповите во Копенхаген, со тесна дефанзивна формација и со голот на Алан Смит постигнат во 21 минута. Трофејот од Купот на Победниците на Куповите од 1994 бил последен за Џорџ Греам освоен со Арсенал; следниот февруари шкотланѓанецот бил отпуштен по речиси 9 години на чело на Арсенал. Отказот дошол поради земање мито од £425,000 фунти од норвешкиот агент Руне Хауге за купувањето на Џон Џенсен, кој бил клиент на Хауге, во 1992.[13]
Брус Риох: Транзицијата (1995-96)
уредиАсистентот на Греам Стјуарт Хјустон го презеде раководењето со тимот до крајот на сезоната 1994-95. Арсенал ја заврши сезоната на 12 место (најнизок финиш во Премиер Лигата досега), но повторно успеа да стигне до финалето на Купот на Победниците на Куповите, по тешкиот полуфинален двомеч со Сампдорија, двомешот го освои Арсенал на пенали по вкупен резултат од 5-5. Во финалето клубот се соочи со Реал Сарагоса; Хуан Едуардо Еснајдер постигна гол за шпанците а Џон Хартсон израмни за Арсенал. Кога сите очекуваа натпреварот да заврши 1-1 и да се раши на пенали, кога играчот од средниот ред Најим со шут од четириесетина метри во 120 минута, буквално последниот шут на натпреварот, ја донесе победата за Сарагоса. Дејвид Симан, кој во полуфиналето беше херојот на Арсенал при изведувањето на пеналите, не успеа да се врати доволно брзо и само со врвот на прстите ја допре топката пред да ја затресе мрежата.
Во јуни 1995 Брус Риох, кој како менаџер го одведе Болтон до финалето на Лига Купот и унапредување во Премиер Лигата, дојде на чело на менаџерската позиција на Арсенал. Риох постави нов англиски рекорд со сумата од £7,5 милиони фунти кој му ја плати на Интер за холандскиот напаѓач Денис Беркамп. Новиот играч веднаш воспостави импресивно партнерство со Ијан Рајт. Арсенал стигна до полуфиналето на Лига Купот и заврши на петто во Премиер Лигата во сезоната 1995-96, со што си обезбеди место во Купот на Уефа, и постоеа шанси тимот да конкурира за титулата во Премиер следната сезона. Менаџирањето на Риох заврши ненадејно; во август 1996, пред стартот на новата сезона, тој беше отпуштен поради недоразбирање околу средствата за трансфер со одборот на клубот. Со отпуштањето на Риох започнаа и неколку месечните превирања во клубот. Стјуарт Хјустон повторно беше поставен како привремен менаџер; тој останал на позицијата само еден месец, пред да поднесе оставка за да ја прифати работата во Квинс Парк. Тренерот на Младинскиот состав Пет Рајс го надгледуваше тимот неколку натпревари, пред да му го отстапи местото на французинот Арсен Венгер на крајот на септември.
Уште две Двојни Круни
уредиТимот веднаш се подобри под водството на Венгер, завршувајќи на трето со што доби место во Купот на УЕФА во сезоната 1996-97, клубот ја пропушти втората позиција (и место Лигата на Шампионите) поради послаба гол разлика. Венгер го освежи составот со потпишувањето на неколку француски играчи кои до тогаш беа непознати во Обединетото Кралство. Патрик Виера беше поотпишан поради негова препорака, уште пред тој официјално да ја прифати положбата, дополнително Венгер ги купи и Николас Анелка и Емануел Пети, како и холандското крило Марк Овермарс во летото 1997. Тој успеа да направи успешна комбинација од новите играчи и „старата гарда“, во составот останаа Адамс, Диксон, Винтербрн, Кион и Болд, го задржа и Пет Рајс како асистент менаџер.
Венгер го освои првиот трофеј, станувајќи првиот менаџер странец кој ја освоил англиската лига, следната сезона, носејќи го клубот до втората Двојна Круна. Иако изгледаше како Арсенал да губат чекор во трката за титулата уште во декември по поразот со 3-1 на Хајбери од Блекбурн, тимот успеа да надомести дефицит од 12 бода зад Манчестер Јунајтед; со победата од 4-0 дома против Евертон на 3 мај Арсенал ја освои титулата на два натпревари пред крајот на сезоната. На 16 мај, со победа од 2-0 против Њукасл во финалето на ФА Купот тимот ја комплетираше Двојната Круна. За крај на прекрасната сезона, Ијан Рајт го надмина рекордот на Клиф Бастин како најдобар клупски стрелец, постигнувајќи го својот 185 гол пред да го напушти клубот летото 1998.
И покрај потпижувањето на Фредерик Љунберг во 1998 и Тјери Анри една година подоцна, следните неколку години не беа многу успешни за Арсенал, иако неколкупати беа блиску до титула. Клубот беше на чело на табелата во поголемиот дел од сезоната 1998-99, сè до поразот со 1-0 од Лидз Јунајтед со што Манчестер Јунајтед успеа да ги помине; Арсенал победи против Астон Вила на последниот натпревар од сезоната но победата на Јунајтед против Тотенхем им ја донесе титулата. За да биде уште полошо, тимот изгуби и во реванш натпреварот од полуфиналето на ФА Купот против Манчестер (последн пат кога се играа реванш натпревари во полуфинале); Денис Беркамп промаши пенал во регуларниот дел од натпреварот, а Рајан Гигз го постигна победничкиот гол во продолжението откако ја помина одбраната на Арсенал со делотворен соло пробив. Враќањето во Лигата на Шампионите, првпат по седум години, исто така беше неуспешен бидејќи не тимот не успеа да ја помине ни фазата по групи.
Клубот заврши на второ во сезоната 1999-2000; овој пат немаше вистинска трка за титулата, Арсенал заврши со 18 бода заостанување зад Манчестер Јунајтед. Во Лигата на Шампионите тимот повторно имаше лоша сезона, завршувајќи на третото место во групата; во Купот на Уефа Арсенал сепак успеа да стигне до финалето. Финалето против Галатасарај се играше во Копенхаген каде Арсенал го освои Купот на Победниците наКуповите во 1994. По натпревар без страст кој заврши со 0-0 победникот се решаваше на пенали, Арсенал загуби откако Давор Шукер и Патрик Виера промашија од белата точка.
Сезоната 2000-01, Арсенал повторно ја заврши на второто место овој пат 10 бода зад Манчестер Јунајтед; трката беше завршена уште од февруари кога Арсенал загуби со 6-1 на Олд Трафорд. Клубот потполно се посвети на куповите и на Лигата на Шампионите. Со победа против локалниот соперник Тотенхем во полуфиналето тимот си обезбеди место во финалето на Стадионот Милениум во Кардиф против Ливерпул; Арсенал доминираа на целиот натпревар, еден шут беше одбранет со рака од страна на дефанзивецот Стефан Хенчоз, но тоа не беше санкционирано од судијата.[14] Тимот сепак поведе со 1-0 со голот на Љунберг но двата гола на Мајкл Овен кон крајот на натпреварот му ја одземаа титулата на Арсенал. Во Европа, клубот стигна до четвртфиналето на Лигата на Шампионите првпат по 1972, но загубија поради гол на гости на Валенција која стигна до финалето.
До сега Венгер мораше да го обновува составот кој ја освои Двојната Круна во 1998; Анелка, Овермарс и Пети заминаа во шпански клубови, а годините почнаа да им прават проблеми на дефанзивците; Болд и Винтербрн веќе беа заминати, а Адамс и Диксон можеа да издржат само уште една сезона. На нивно место, Венгер ги купи Сол Кембел и Лорен за одбраната, и го унапреди Ешли Кол од младинскиот состав. Во средниот ред го донесе Робер Пирес и неговиот сонародник Силвиан Вилтор во нападот. Во меѓувреме Тјери Анри се имаше адаптирано на англискиот фудбал и стана еден од најдобрите стрелци во Премиер Лигата.
Нападот дефинитивно беше силната страна на Арсенал кога ја освоија третата Двојна Круна (рекорд што го држат заедно со Манчестер Јунајтед) во сезоната 2001-02; Топчиите беа единствениот тим кој имаше постигнато гол на секој натпревар во Премиерлигашката сезона, и ја завршја целата сезона без пораз на гости. Иако на почетокот на сезоната трката за титула беше густа (првите три позиции беа разделени од само три бода во февруари), Арсенал направи серија од 13 последователни победи, со што ја зврши сезоната со седум бода пред Ливерпул кој заврши на второ. Тимот ја обезбеди титулата на предпоследниот натпревар од сезоната со победа на Олд Трафорд, со голот на Вилтор. Една недела претходно го освои и својот 8 трофеј во ФА Купот, со победа од 2-0 против Челзи со головите на Реј Парлоу и Фреди Љунберг.
Во сезоната 2002-03, Арсенал стана првиотклуб по пауза од повеќе од 20 години кој успеал да го одбрани трофејот во ФА Купот со победата од 1-0 над Саутхемптон со голот на Пирес. Тимот за малку ќе успееше да јо одбрани и титулата во Премиер Лигата. Клубот водеше на табелата од почетокот на сезоната. Во втората половина од сезоната формата на Арсенал опадна и Манчестер Јунајтед кој дотогаш беше втор успеа да ги помине. Ова се должеше на натправарот со Болтон кој заврши 2-2 откако Арсенал имаше водство од 2-0, И поразот со 3-2 Лидз Јунајтед во следното коло.
„Непобедливите“ и финалето на Лигата на Шампионите (2003-06)
уредиПоразот на Арсенал од Лидз Јунајтед беше последен. Сезоната 2003-04 беше рекордна за клубот, бидејќи ја освоија Премиер Лигата без ниту еден пораз (26 победи, 12 нерешени, 0 порази), и завршија на 11 бода пред второпласираниот Челзи. Со овој подвиг Арсенал стана само втор клуб во историјата на англискиот фудбал на кој му успеало такво нешто, првиот клуб бил Престон Норт Енд во сезоната 1888-89, сепак Престон имале само 22 натпревари во Лигата. Соперниците во трката за титулата се одмаздија во другите натпреварувања – Арсенал беше поразен во четвртфиналето на Лигата на Шампионите од Челзи и во полуфиналето на ФА Купот од Манчестер Јунајтед, во натпревари кои се играа еден по друг. Соочени со пропаѓање на сезоната, клубот се врати по дефицит од 1-0 и 2-1 против Ливерпул во следниот натправар во Лигата за да победат со 4-2, благодарејќи на хет-трикот на Тјери Анри. Титулата ја освоија на натпреварот на Вајт Харт Лејн против локалниот соперник Тотенхем кој заврши 2-2, слично на успехот од 1971.
Арсенал не успеа да ја одбрани титулата во сезоната 2004-05, завршувајќи на второ, со 12 бода зад шампионот Челзи. Сепак Топчиите ја продолжија својата серија на 49 натпревари во лигата без пораз, што претставува рекорд во англискиот фудбал; Арсенал го израмни рекордот во драматичниот натпревар против Мидлзборо со победата од 5-3 (Арсенал на стартот од второто полувремегубеше со 3-1). Рекордот беше надминат со победата од 3-0 против Блекбурн Роверс. Серијата заврши со поразот од 2-0 на гости кај Манчестер Јунајтед. Овој пораз малку ја поремети формата на Арснеал и тимот заостана во трката за титулата, но се подобрувањето кон крајот на сезоната, Арсенал сепак успеа да заврши на второ, подобрувањето беше потврдено со победата од 7-0 на натпреварот со Евертон. Славата во Лигата на Шампионите им беше скратена кога беа исфрлени од Баерн Минхен со вкупен резултат 3-2. Сепак Топчиите не ја завршија сезоната со празни раце; со победата над Манчестер Јунајтед од 5-4 на пенали во финалето од ФА Купотго освоија третиот трофеј во ова натпреварување во четири години.
Ослабен по продажбата на капитенот Патрик Виера кој замина во Јувентус летото 2005, сезоната 2005-06 за Арсенал беше разочарувачка, клубот не успеа да освои ни еден трофеј во домашните натпреварување. Во Лигата, формата им беше многу слаба, и покрај некои импресивни резултати (5-0 против Астон Вила, и 7-0 против Мидлзборо), Клубот поголемиот дел од втората половина на сезоната ја помина на петто место, и имаше сериозни шанси да невлезе во Лигата на Шампионите првпат по 1997. Сепак, тимот успеа да победи на последните три натпревари во сезоната, кулминација на оваа мини серија беше победата со 4-2 против Виган Атлетик на прошталниот натпревар на Хајбери; паралелно со поразот на Тотенхем од Вест Хем, Арсенал успеа да го освои четвртото место и да обезбеди влез во Лигата на Шампионите.
Спротивно од домашната форма, Топчиите имаа одлична сезона во Европа во 2005-06; тимот стигна до финалето на Лигата на Шампионите, првпат за клубот, вклучително станувајќи првиот лондонски клуб на кој му успеало ова. Арсенал заврши на прво место во групата, без ниту еден пораз, пред Ајакс Амстердам, ФК Тун и Спарта Прага против кого Тјери Анри постигна два гола со што стана најдобар клупски стрелец; во нок аут натпреварите го победи Реал Мадрид (со што стана првиот британски клуб кој победил на Бернабе), Јувентус и потоа Виљареал за да стигнат до финалето, поставувајќи рекорд во Лигата на Шампионите, десет натпревари без примен гол. Во финалето, против Барселона, Арсенал остана со десет играчи рано во натпреварот откако голманот Јенс Леман доби црвен картон за фаул над Самуел Ето; сепак Топчиите први поведоа, Сол Кембел постигна гол со глава од слободен удар во 37 минута. Арсенал успешно го бранеше водството, но два гола при крајот на натпреварот постигнати од Самуел Ето и Џулиано Белети и ја донесоа победата на Барселона.
Преселбата на Емирати (2006-)
уредиАрсенал беа многу успешни во деведесеттите и во новиот милениум, но капацитетот на Хајбери беше ограничен на 38,500 седишта по несреќата на Хилзборо и извештајот на Лорд Тејлор; секој натпревар беше распродаден. Бидејќи проширувањето на Хајбери не беше опција, клубот соопшти во 1999 дека планира преселба на соседниот Ешбартон Гроув; изградбата започна во декември 2002 и новиот Стадион Емирати беше отворен во јули 2006, на време за почетокот на сезоната 2006-07.
Арсенал ја започнаа сезоната многу слабо, беа 17 по првите три натпревари, но со импресивната серија на победи од почетокот на септември ди крајот на октомври се искачија на табелата. Сепак, само четири освоени бодови во ноември го натераа Венгер да признае дека тимот многу заостанува за да конкурира за титулата.[15] Поради слабата форма на гости (пораз на седум гостувања во Лигата) која траеше цела сезона, Арсенал на крај заврши на четврто, со ист број бодови со трето пласираниот Ливерпул, откако ја поминаа целата сезона меѓу првите четири на табелата. Со тим исполнет со младинци и играчи од резервниот состав, клубот стигна до финалето на Лига Купот, каде што изгубија со 2-1 од Челзи. Во другите натпреварувања Арсенал имаше послаби успеси, беше исфрлен од Лигата на Шампионите од страна на ПСВ Ајндховен со вкупен резултат 2-1 во првото елиминационо коло, и изгубија во повторениот натпревар од петтата рунда против Блекбурн во ФА Купот.
Во 2007, клубот стана потенцијална цел на преземање од страна на двајца странски инвеститори. Првиот беше американскиот спортски магнат Стен Кронке, кој заклучно со август 2007 поседуваше 12.19% од акциите на клубот,[16] поголем дел од овие акции ги купи од Гранада Венчрс во април 2007.[17] Поради ова заменик претседателот Дејвид Дејн, кој поседуваше 14.6% од акциите, поднесе оставка од одборот на 18 април;[18] иако на почетокот сите мислеа дека тој се залага за преземање од Кронке, четири месеци подоцна им ги продаде своите акции на Ред & Вајт Холдинг, компанија во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов и финансиерот од Лондон Фарад Мошри; за возврат Дејн беше назначен за претседател на компанијата.[19] Претседателот на Арсенал Питер Хил-Вуд напомена дека остатокот од одборот нема доброволно да ги продадат своите акции (45.45% од клубот) барем до април 2008.[18]
Сезоната 2006–07, Арсенал остана без многу искусни играчи кои заминаа во други клубови, вклучително и Ешли Кол, Сол Кембел, Лорен, Фредерик Љунберг и најдобриот клупски стрелец на сите времиња Тјери Анри. Клубот ја започна сезоната 2007-08 со само тројца првотимци кои игараа во составот кој ја освои титулата во 2003–04, играчи како Цеск Фабрегас, Робин Ван Перси, Емануел Ебуе и Гаел Клиши станаа редовни првотимци. Арсенал силно ја започна сезоната, без ниту еден пораз до почетокот на декември, поставувајќи нов клупски рекорд со 28 натпревари без пораз во сите натпреварување, од април до ноември 2007.[20]
Заклучно со 9 април 2008, Арсенал поради мал пад во формата и контроверзно судење паднаа на третото место, шест бода зад Манчестер Јунајтед и 3 зад Челзи. Во Лигата на Шампионите Арсенал стигна до четврт финалето со победата од 2-0 над Милан во првата нок аут рунда, притоа станувајќи првиот англиски клуб кој го победил Милан на Сан Сиро.[21] Во четврт финалето беа исфрлени од Ливерпул во двомеч во кој Арсенал доминираше но загубија поради пристрасно судење и крaјно контроверзни одлуки. Топчиите стигнаа до петтата рунда на ФА Купот, каде изгубија од Манчестер Јунајтед, и до полуфиналето на Лига Купот трета сезона по ред, но беа исфрлени од Тотенхем (кој во финалето го совлада Челзи) со вкупен резултат 6-2, првиот пораз во Северно Лондонско Дерби по 20 меѓусебни средби.
Поврзано
уреди- Историја на Арсенал ФК (1886–1966) за клупската историја до 1966 година.
Белешки
уреди- ↑ Soar, Phil & Tyler, Martin (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. стр. 105. ISBN 0-600-61344-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Soar & Tyler (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. стр. 106.
- ↑ „Inter-Cities Fairs Cup 1969-70“. RSSSF. Посетено на 2007-09-08.
- ↑ Џорџ Греам тврдел дека тој го постигнал тој гол, н Кели е запишан како официјалниот стрелец. Reference: „1971 - King George of Wembley“. BBC Sport. Посетено на 2007-09-07.
- ↑ Soar & Tyler (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. стр. 122.
- ↑ Soar & Tyler (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. стр. 123.
- ↑ Најдобар пример за неговите проблеми е турнејата на Арсенал во 1977 низ Австралија. Нил ги испратил Хадсон и Макдоналд дома на половина од турнејата поради прекршување на одреденото време за легнување. Reference: Spurling, Jon (2004). Rebels For The Cause: The Alternative History of Arsenal Football Club. Mainstream. стр. 133–151. ISBN 0-575400-15-3.
- ↑ Soar & Tyler (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. стр. 136.
- ↑ Spurling (2004). Rebels For The Cause. стр. 179.
- ↑ Правилото за гол на гости сѐ уште не било воведено во Лига Купот; доколку било Арсенал ќе остварел победа уште таа вечер.
- ↑ Статистика извадена од „Arsenal“. Football Club History Database. 2006. Посетено на 21 September 2006.
- ↑ „England 1992/93“. RSSSF. Посетено на 21 September 2006.
- ↑ Греам бил суспендиран на една година од Фудбалската Асоцијација за вмешаноста во скандалот, откако признал дека добил "подарок" од Хауге. Наводи: „Rune Hauge, international man of mystery“. The Guardian. Посетено на 27 June 2006.
- ↑ „Owen shatters Arsenal in Cup final“. BBC Sport. Посетено на 21 September 2006.
- ↑ „Wenger writes off title hopes“. SkySports.com. Посетено на 27 November 2006.[мртва врска]
- ↑ „Arsenal Holdings plc - Holding(s) in Company“. PLUS Markets Group. 2007-04-20. Посетено на 2007-04-20.
- ↑ Scott, Matt and Allen, Katie (2007-04-06). „Takeover gains pace at Arsenal with 9.9% sale“. The Guardian. Посетено на 2007-04-06.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 18,0 18,1 „Takeover forces Dein out of Arsenal“. The Independent. Архивирано од изворникот на 2007-04-30. Посетено на 2007-04-19.
- ↑ „Russian buys Dein's Arsenal stake“. BBC News. 2007-08-30. Посетено на 2007-08-30.
- ↑ „28 Unbeaten: Top men and magic moments“. Arsenal.com. 2007-11-28. Посетено на 2007-12-10.
- ↑ „San Siro hero aglow as Arsenal progress“. UEFA.com.
Извори
уреди- Сор, Фил и Тајлер, Мартин (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. Hamlyn. ISBN 0-600-61344-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Спарлинг, Џон (2004). Rebels For The Cause: The Alternative History of Arsenal Football Club. Mainstream. ISBN 0-575-40015-3.
- „The Club“. Arsenal.com. Архивирано од изворникот на 2007-11-13. Посетено на 28 април 2008.
- „Arsenal statistics“. Arseweb. Архивирано од изворникот на 2008-10-07. Посетено на 28 април 2008.
- „History of Arsenal FC“. Arsenal-Mania. Архивирано од изворникот на 2006-02-06. Посетено на 28 април 2008.
Дополнителна литература
уреди- Адамс, Тони со Ридли, Ијан (1998). Addicted. HarperCollins. ISBN 0-00-218795-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Хорнби, Ник (1992). Fever Pitch. Indigo. ISBN 1-84018-900-2.
- Лоренс, Ејми (1997). Proud to Say That Name: The Marble Hall of Fame. Mainstream. ISBN 1-85158-898-1.
- Мејдмент, Џем (2005). The Official Arsenal 100 Greatest Games. Hamlyn. ISBN 0-600-61376-3.
- Тосел, Дејвид (2002). Seventy-One Guns: The Year of the First Arsenal Double. Mainstream. ISBN 1-84018-589-9.
- Вивер, Греам (2005). Gunners' Glory: 14 Milestones in Arsenal's History. Mainstream. ISBN 1-84018-667-4.