Тарасиј Цариградски

Тарасиј ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 784 до 806 година.

Тарасиј Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦрква на Цариград
Ракоположен784
Службата завршила806
ПретходникПавле IV Цариградски
НаследникНикифор I Цариградски
Лични податоци
Роден730
Цариград
Починал25 февруари 806
[[]], Цариград)
Вероисповедправославие
ЖивеалиштеЦариградска патријаршија
ЗанимањеПатријарх
Други папи наречени Тарасиј

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно успеал да го напушти престолот и да замине во некој манастир. Во тоа време, на царскиот престол биле Константин VI и Ирина. Во 783 година, според советот на Павле, за патријарх бил избран царскиот советник и сенатор Тарасиј.

Тој многу брзо ги поминал сите црковни чинови и станал патријархТарасиј имал завршено високо образование. Чинот Цариградски патријарх го примил неволно, но во име на победата на православието над ересите, особено над иконоборството. Под него бил свикан Седмиот вселенски собор во Никеја во 787 година, каде што ереста била осудена, а се вратило и се утврдило почитувањето на светите икони.[1]

Кога царот Константин ја избркал својата законска жена Марија и зел некоја своја роднина па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му дал благослов туку најпрво го посоветувал, потоа го изобличил и најпосле го одлачил од Причест

Наводи

уреди
  1. „Свети Тарасиј, патријарх Цариградски“. Посетено на 13 февруари 2011.
Духовни титули
Претходник
Павле IV
Цариградски патријарх
784–806
Наследник
Никифор I